kaj некои таблетки писува на упатството, провери усте еднас. лиЧно искуство немам, но имам проЧитано дека не се препораЧува. и ако покрај тоа ги употребис ефектот би бил намален.
Девојки, имав мал проблем пред една недела кога имав зголемена количина на бело прање, веројатно затоа што бев во овулација, но ме чешаше врвот на клиторисот и делот околу отворот на вагината. Траеше 2-3 дена и прекина, треба ли да се плашам?
Па не би требало да е страшно, се дешава Ако пак ти се јави измивај се со чај од камилица, ако ти помине по измивањето ништо не е, ако продолжи подолго време сепак обрати се на гинеколог да те посоветува што да правиш
Изгледа пак закачив кандида Имам зголемено и густо бело прање, јадеж ( не којзнае колку да не е неиздржливо) и пецкање про мокрење. Да пробам да се измивам со чај од камилица и да се мачкам со канестен маст без вагиналетки дали ќе исчезне?
^^Пробај и да се измиваш и мачкај се со маста три пати на ден седум дена последователно, немој да имаш односи (извини не знам дали си секс. активна), и ако после една недела нема подобрување или оди на гинеколог или земи си вагиналети. Навечер пред спиење на секојдневна влошка стави си кантарион и така преспи, помага кантарионот да се ублажи чешањето и инфекцијата.
Би сакала да знам дали некоја од вас има слично искуство како моето. Имам кандида често и ја лекувам со канестен вагиналети и канестен крема и една таблета дифлазон, а дечко ми исто така зема таблета дифлазон и крема канестен. Меѓутоа веднаш штом започна со употреба на канестен кремата му се појави црвенило на пенисот и пецкање.. Ме интересира дали некоја од вас знае за што се работи и дали има некоја друга крема со која би ја лекувал кандидата..
Може тоа не е соодветна терапија за него, нека оди на уролог таму најдобро ќе му кажат од што му е. и со лесно *
Пред месец дена бев на гинеколог, правев ПАП, и најверојатно овие денови ќе добијам резултати. При прегледот докторот рече дека имам габична инфекција, па ми даде Микорил вагиналети, на мм му даде Микорил крем 1% и по една капсула Флкусоназол. Ги ставив вагиналетите, мм се мачкаше од кремот и ја испивме капсулата. Немавме односи тогаш, и потоа добив, ми помина за 5 дена, потоа имавме односи, и еве ја кандидата Чеше ли чеше. И сега не знам што да правам, веќе страв ни е на раат да си уживаме некое чаре?
Ако некој искусил нешто слично на следново, ВЕ МОЛАМ ДА МИ ОДГОВОРИ: Околу месец дена имав бело прање но БЕЗ ЧЕШАЊЕ и сл. ( само ми течеше), отидов на гинеколог и ми рече дека имам кандида, ми даде вагиналети + една капсула Дифлуконазол и чекам резултати од ПАП тест. Многу ми е страв од резултатите. Може ли да не е кандида туку нешто друго?
Кандида е. Нема што да е друго. Јас имам бело прање без чешање нон стоп. Не вагиналитети, не канастени, не капсули, абе ништо не помага. Се откажав веќе од борбата со белото прање. Што сака нека биде... Елт-с не плаши се, ќе ти пројде, 100% е кандида .
Сакам да ми кажете дали некоја од вас осеќала болка, постојана болка во вагиналниот отвор како нешто да гребе и врие внатре. Од вчера осеќам таква болка, пред 2 дена не се осеќав добро и пиев антибиотици. Имам редовни сексуални односи но само со еден партнер, мојот вереник. Досега се случувало да ме пецне само и набрзо да исчезне но овојпат еве веќе два дена ме мачи. Правев брис и Пап тест летото, се беше во ред. Знам дека е некоја вагинална инфекција можеби од парфимерината тоалетна хартија што ја користам подолго, почнав да се мијам и со интимниот гел од Авон и можеби од тоа се инфицирало. Би ви била многу благодарна доколку ми дадете корисни совети за тоа што да употребувам за најлесно да ја излечам?! Синоќа ставив вагиналета врз база на кантарион но сега сум на работа и веројатно дејството поминало па пак ме пече.Да продолжам ли со нив или имате некоја подобра солуција?
мојот гинеколог препорачува одржување интимна хигиена само со чиста вода.Мислам дека парфимираната хартија не треба да користиш зошто може дури канцерогена да биде.Такво пецканје може да се јави и од пречест сексуален контакт,од користење антибиотици кои ја уништуваат вагиналната флора па се јавува кандида или од некоја инфекција од заеднички-јавен тоалет.Најдобро би било да направиш вагинален брис и да примениш лек(антибиотик или антимикотик)кој најдобро одговара за таа инфекција.Колку време ги пиеше антибиотиците?Треба 7 дена и не на своја рака.
Даки може некој да ми каже доколку имаш кандида во првите три месеци од бременоста што е дозволено да се користи, некои кажуваат дека не смее ништо а други дека може да се третира со канестен????
Девојки итно ми треба помош! Пиев цела недела антибиотици Амоксиклав и сега се осеќам многу непријатно таму долу, а и плус во овулација сум овие дена и зголемено ми е белото прање заради тоа, па воопшто не е пријатно, ме чешка помалку.. Сакав да се измијам со чај од камилица и сода ама како да го направам? Колку лажишки сода во колку чај да ставам??
од амоксиклавот ти е еве јас ги пијам моментално и мојот доктор ми кажа дека од овие апчиња може да се случи покачување на бело прање замивај се почесто и ќе ти помине не ти е од ништо друго туку од апчињата
Затоа со антибиотик задолжително мора да се пие Б-комплекс апчиња. Амоксиклавот е силен антибиотик и како и сите антибиотици, едно поправа, друго расипува. Земи Б-комплекс апчиња од аптека, не се скапи, имаш и во кесички (рефус), уште поевтини се така.
Најверојатно имаш зголемено количество на кандида, се појачува после терапија со антибиотици. Затоа мораш антибиотик напоредно со б-комплекс да пиеш. Има едни вагинални на база на билки, во аптека се купува приватно, успешни се сигурно. Да не започнуваш на своја рака со нешто посилни вагинални, на пример Канестен, Нистатин и сл. Можеби само нешто благо надворешно, па макар и Павловиќева крема, или пак е исто добра онаа бебешката од Џамбо, мислам дека се вика Судокрем, ама само надворешно мачкање. Може да помогне и мала диета во овие неколку дена, ако не и подолго, исфрли го шеќерот обавезно (кандидата го обожава конзумирањето шеќер), а би било добро и се што е конзервирано, посебно мајонез и кечап, салами, виршли, кобасици, белиот леб, користи нутри леб. Се надевам малку ти помогнав, а одговоров ми е од долго читање линкови за кандида. И јас сум паталец, не сум гаталец.
Пиев б-комплекс секако, заедно со амоксиклав, ама сепак ми се уништи ПХ, се плашам дека ќе морам на гинеколог, не сакам ништо на своја рака да земам.. Сега се измивам со камилица, ако за неколку дена не мине, одам на преглед. Ви благодарам за советите девојки.
Прочепкав назад низ страниците и прочитав дека многу девојки имаат проблем со кандидата. Видов и дека некои постојано ја закачуваат и ништо не им помага... И јас го имав истиот проблем многу долго време, се пробав, и пак после два месеци ќе почнеа проблемите. Бев во систина на лекар ( ви го советувам и на вас истото ) додека имав кандида, земаа мал дел од белото прање и лабораториски гледаат на што е отпорна , а на што не е. И ми препишаа еден многуу добар лек што инаку го нема во македонија - Flucoran.. Ако имате често кандида , ви советувам да го купите ( нарачате ), го има во Грција... Ќе ве фати околу 130 евра отприлика- јас земав 2 бидејќи терапијата е 6 месеци и нема доволно апчиња во едното паковање. Се на се треба да се конзумираат околу 9,10 апчиња. Од тогаш сум супер- Лекот е предобар!