Здраво феминки! Од вчера почувствував чешање во пределот на вагината, а денес имам и мала болка кога ќе се допрам и усните ми се отечени. Немам бело прање воопшто на гаќичките, но кога одам во вц од дупчето ми тече нешто многу лигаво. Моментално сум во Охрид кај една другарка на гости и не можам да одам на гинеколог, а почнува многу да ме чеша. Дали да земам Канестен или некои други вагиналети, бидејќи и друг пат сум користела Канестен и инфекцијата по некое време повторно се враќала. Фала однапред
Отечена ти е можеби од чешањето, а не знам зошто немаш бело прање како грутчиња. Измиј се со раствор сода бикербона или со камилица, па види како ќе ти е.
Мене пак ми се појави, незнам веќе што може да биде... Или премногу цигари, благо, имунитетот паднат ми е многу, слабеам, нервози повеќе во периодов, најверојатно е тоа, не ми доаѓа на памет од што друго може да е. Односи немам, за да префатам од партнерот. Се одмивам со камилица, само ми смета што имам многу бело прање со грутчиња, морам да носам влошки. На гинеколог дури во вторник, до тогаш драпаници. Незнам дали пак вагиналети од кантарион да ставам, јас само тие ги користам за кандида кога ќе се појави, бидејќи се на природна база па си дозволувам да ги земам на своја рака. Што да направам за да не се појавува веќе???
veginaletite od kantarion ne pomagaat za kandidata.ne moj da koristis vloski zosto toa samo ja vlosuva situacijata.obidise navecer da spijas so spavaca(nokjnica)bez gajki isto i za vreme koga stavas vaginaleti.odi na lekar i neka ti dadat nekoi vaginaleti.i jas go imam istiot problem sega ne mi e do tolku kako porano no znam kako e....pij vo denot barem po 2 casi jogurt i izbegavaj blago i zacineta hrana,ne nosi farmerki i prilepeni alista sto ne i davaat na vaginata slodobno da dishe.
И мене не ми делуваат вагиналетите од кантарион. Сум ги пробала неколку пати, ама баш никакво дејство ми немаат.
И мене пак ми се појави (по 1 месец), ама многу чудно ми е што токму по менструација ми се случи и првиот и вториов пат. И сега повторно си земав Кансен и како и првиот пат, првото ставање на вагиналетата ми беше смрт! Неиздржливо е пецкањето! Како некој да те боцка со нож, ама не континуирано, туку ќе се смири, па пак. И тоа трае 10мин. а потоа комплетно се смирува. Навистина не знам веќе што да правам. Почнав да пијам многу јогурт (повеќе од 2 чаши дневно) и еднаш се измив со чај од кантарион. Секаде каде што читав некои дури и тампони ставале натопени во јогурт, а јас тампони не користам и страв ми е да пробам некако.. ама велат ефективно е. Внимавам на исхраната, ете не јадам веќе скоро воопшто благо, само природни шеќери и пијам витамини за да надополнам за се она што не го внесувам. Буквално како во стаклен сад се чувам, а ете пак се појави :'( И да ја регулираш pH вредноста, можноста за појавување секогаш е присутна. Ниту вака, ниту така си.
Мојата работа е поврзана со медицина дирекно и топло ви ги препорачувам капсулите ЛАКОТГИН за лекување на поголемиот број на гинеколошки проблеми. Ги има секаде во скоро сите аптеки, во Зегин се 390 денари незнам дали одат на рецепт. Јас користам секој ден по една , во една кутија има 15 таблетки (капсули) и месечно ќе ти требаат две кутијки. Докторот кајде што сум вработена на сите пациентки им ги препорачува особено за ХПВ и бело прање!!!
Mожеби се добри но за хпв би рекла дека и вагиналетите не се најдобро решение.јас цело време земам витамини и пазам на исхрана ,секаде каде што ке прочитам пишува здрава исхрана и јакнење на имунитетот.но можеби се ефикасни но сепак насвоја рака не се земаат никакви вагиналети.
Ги исчитав повеќето мислења и дефинитивно, сама си давам дијагноза, имам и јас Кандидијаза . Последниве неколку дена имам чешање, печење, пржење и како ли уште да кажам... , во пределот на вагината. Зголемено лачење на вагиналниот исцедок (бело прање), Вгиналните усни ми беа вцрвенети, болни на допир, почнав да се одмивам со камилица и сода бикербона, и се потсмири, ама не е тоа тоа. Печење при уринирање, при што почнав да се одмивам со вода. И имав и болкаа при сексуален однос. Ке продолжам со камилица и сода бикербона викендов, а веќе во понеделник се одам под итно на гинеколог за посериозна терапија, бидејќи несакам да зема ништо на своја рака. Тоа ке ми биде воедно и прв гинеколошки преглед, непријатно ми е малку, па психофизички се припремам. Сеуште немам одбрано гиенколог, ке го направам тоа во пон. Дечко ми ке дојде со мене за да ми го "чува" стравот. Посакајте ми среќа Феминки!!! и ако познавате добар гинеколог во поликлиника ченто и околината, препрачајтеми!!!
Е па тоа е тоа. И јас по примена терапија на некои си антибиотици, ја закачив досадава Си земав канестен крема и вагиналети, се надевам ќе ја снема лесно досадијава Ништо фајде немаше и кај мене од сода бикарбона и камилица, па решив со вагиналетите да го решам проблемов. Со среќа на тебе во понеделник. Нема ништо страшно од гинеколошки преглед
Офф овој проблем ќе ме мачи цел живот.Подолго време ми се немаше појавено инфекцијата,но еве овој период ми се случија многу работи кои влијаеа на мене,па и поради тоа ми паднал имунитетот многу.И еве повторно се појави.Веќе станува неподносливо незнам како да се справам.Едноставно морам во најбрзо време да го поткренам имунитетот,инаку се мијам секој ден со камилица,и тоа помагало демек.
Candida albicans е природна габичка која е населена на поедини делови во телото.Значи ја има во вагината како нормална габа,во слузокожата на цревата и на јазикот. При зголемен стрес или стресни ситуации,при зголемеа телесна температура,при подолга уоптреба на антибиотици,при намален имунитет е честа појава за да оваа габичка се намножи,односно да се зголеми повеќе одколку е природно населена. Таквата состојба најчесто доведува до КАНДИДИЈАЗА која претставува лесна инфекција на вагината-односно на нејзината внатрешност. Кандидијазата најчесто не е опасна ако се работи за причинител -Candida albicans. При оваа инфекција има појава на зголемен вагинален секрет,кој може да биде придружен со чешање,нелагодност,печење,тешкотии при мокрење и др симптоми. Оваа состојба се лечи најчесто со креми од групата наречени АНТИМИКОТИЦИ-ПРОТИВ ГАБИ или со вагиналети.Најчесто се употребуваат:Canesten,Cansen,Nystatin и др.
Гинекологот ми кажа дека имам кандида, треба да идам на преглед за да ми каже терапија... е сега веќе неколку месеци сум сексуално активна и некаде 3 пати имавме секс без кондом... како да дознам дали и на партнерот сум му ја пренела оваа инфекција, кои се симптомите кај машките???
КАЈ МАШКИТЕ МНОГУ РЕТКО СЕ ПОЈАВУВААТ СИМПТОМИ КОНСУЛТИРАЈ СЕ СО ГИНЕКОЛОГОТ И ТОЈ КЕ ТИ КАЖЕ КОЈ КРЕМ ДА ГО КОРИСТИ ТВОЈОТ ДЕЧКО, А НА МЕНЕ КОГА МИ СЕ ПОЈАВИ КАНДИДАТА КОЖАТА МИ БЕШЕ ОТЕЧЕНА ЦРВЕНА И БОЛНА И МНОГУ МИ ПОМОГНА КРЕМОТ КАНСЕН
Ц ц ц жива напаст е ова..сакав да прашам за промивање соодносто сода бикарбона-вода колку треба да е?
"За жените да ги искоренат хроничните проблеми и габичните инфекции, тие би требало секоја ден да се чистат со два три литра чиста превриена вода која треба да се излади на телесна температура и во неа да има две супени лажици сода бикарбона.Овој третман треба да се повторува во период на два месеца освен за време на менструалниот циклус.Candida е многу отпорна габичка и потребно е долго време за да се искорени." http://www.fakulteti.mk/news/12-02-21/c ... rakot.aspx Aко има некој ефект, ќе ве молам да пишете
Треба да ги вметнеш што подлабоко и да не стануваш потоа. Затоа се препорачува да се употребуваат пред спиење. Обавезно стави си една секојдневна за сабајлето