Кандидијаза - габична инфекција на женските полови органи http://doktori.mk/element/view/4f8319e1 ... ovi-organi еве овде многу добро е напишано се во врска со кандидијазата
Најочигледно имам и јас кандида сите симптоми ги имам, ама немам уште отидено на гинеколог за потврда на тоа. Но тоа сега за сега не ми е проблем туку сакав да прашам дали може порано да добијам поради оваа инфекција? Треба околу 20ти да добијам, ама не и пред 20ти. И ми се појави како розев исцедок што иде се накај потемно, а немам некои симптоми никогаш кога добивам само некогаш ако ме боли стомакот. Можно е да добијам или ова е исцедок од инфекцијата?
Јас мислам дека кандидата не влијае врз порано доаѓање на циклусот, а исцедокот ако не е бел, тогаш е жолтеникав. Најчести симптоми се јадеж и чешање на интимните делови. Сепак најдобро е да си одиш на гинеколог, да се провериш.
Па да, жолтеникав ми беше исцедокот веќе неколку дена и имам чешање како што пишав во друга тема. Ја прочитав цела оваа тема и тие симптоми ги имам чешање и исцедок. Се миев со камилица ми поминува се дур немам некаков допир доле. Планирам да одам на гинеколог, но ако добијам ќе треба уште да чекам. Затоа прашувам, розевиот исцедок ми е од инфекцијава или од некоја друга инфекција или од причина што треба да добијам? А за 3-4 дена правилно треба да добијам правилно, така да не ми е рано нешто премногу, но сепак.
Инфекции Девојки ве молам за одговор, имам некој проблеми, кога одма во вц, и кога користам тоалетна хартија, по неа има некои насобрани бели парчиња ( и јас незнам како да објаснам какви се ) и многу ме чеша таму долу, пред некој ден за време на односот со дечкоми, откако сфрши и тој на неговиот полов орган, го имаше тоа што сега го имам јас, и навистина се плашам , незнма дали да се обратам кај лекар. Денеска кога си дојдов од факс, ја фрлив секојдневната и по неа немаше ништо слично на тоа што го имав, но сега кога се соблеков на гаќите пак имав такви парчиња бели, не чуствувам да има некој мирис, и навистина се плашам од што може да е тоа , помош !?
Ставав фагиналети 3 пати навечер, циклус треба да добијам до утре, а обично добивам неколку дена порано... дали е можно од вагиналетите циклусот да ми се одложи ???
Мене ми личи на класична инфекција предизвикана од кандидата. Оди на лекар, нека ти земат брисеви и после земи си вагиналетки, ќе ти помогнат. Во меѓувреме можеш да се замиваш со чај од камилица или сода бикарбона растворена во вода.
ZDRAVOO..i jas kasnam so odgovorov bidejki sega nova summ... za kasnejnevo na mens.za vreme na kanidada kaj mene kasnese celi dva meseci... ama od kako mi se pojavi jas nz sto e toa..i si mislev ke pomini pa duri posle dve ned.pojdov na ginekolog i se lecev posle eden mesec pa mi stavija inekcija za da mi dojdi i mi dojde po 3 dena pozz
Здраво јас имам 16 години и сигурна сум дака имам кандида(немам отидено на гиниколог),ги имам сите симптоми чешање,бело прање,црвенило,па дури и имам брукички слични на гнојници,кои се полни со гној.Па сега ме интересира со каков крем да ги мачкам или некој лекови и дали кандидата има некои штетни последици и дали е можно да ми касне од кандидата.Благодарам однапред.
Кандидијазата НЕ ВЛИЈАЕ на циклусот, ниту пак има штетни последици по репродуктивното здравје, освен ако не дај Боже се искомплицира (што е скоро невозможно). Се што ви треба се редовни промивки со раствор на калиум перманганат, канестен/кансен маст и вагиналети или системска терапија (flagyl) ако има потреба. Кандидијазата знае да биде упорна, ама се лекува. Освен тоа, потрудете се да ги отстраните причините за појава на кандидијаза - чувајте си го здравјето (да не настинувате често, со тоа да избегнете антибиотици), избегнување на интимни средства за хигиена, помалку јадење благо, удобна и памучна долна облека која ќе ја перете на вриење, избегнување на тесна облека, често менување на влошките, редовна хигиена. И секако - многу пробиотици - пијте јогурт секој ден, барем по една чаша. До нас е како ќе се чуваме, а барем кандидијазата може да се избегне во многу случаи.
Девојченце ова со беливе мозолчиња со гној малце не ми делува ко да е кандида, иако имаш 16 години (незнам дали си сексуално активна) отиди си на гинеколог, немора никој да знае ако несакаш или кажи на некој постар ( братучедка , сестра).
Најубаво е да отидеш на гинеколог да те прегледа и да ти земе брисеви. Брумчињата не се типични за кандида. Како и да е, ти треба мислење од гинеколог, никој од нас тука не е специјалист. Некои на изглед едноставни работи можат да предизвикаат посериозни инфекции или не дај боже стерилитет. Нема зошто да се плашиш од прегледот. Со среќа!
Инфекција можеш да добиеш и од туѓо лавабо или када, туѓ сапун (каде имало бактерии) итн. Точно е дека брумчињата не се типични за кандида кај женско (има кај машките) така да под итно на гинеколог. Може е нешто банално но ако е посериозно е многу битно да почнеш со терапија што побргу.