Ако немаат апликатор тогаш со рака т.е. со прст се ставаат во вагината. 1.Совет + 2.Совет + 3.Совет + 4.Совет +
Да ви кажам заврши ерата на моите тампони со јогурт за кандида .Конечно откако ја видов рекламата за линекс лејди си ги купив вчера и сега за сега сум многу задоволна.За кандидата се мајка, јас и порано знаев за таквите вагиналети ама не беа достапни кај нас и затоа користев примитивна замена тампон со јогурт.
фери,и порано имаше кај нас вагинални пробиотици-линеспор феме од реплек- но незнам од кои причини нашите гинеколози не ги препишуваа многу,исто така вагиналетите на марина лаб-ацидосалус- се на пробиотска база но многу поскапи,како и да е за сега линекс лејди се со најдостапна цена,да се надеваме на добри искуства
А како ги користите пробиотските таблети т.е. колку време ги ставате или ставате додека го потрошите пакувањето, па после извесно време правите пауза...?
Гледаш Надја, а јас прв пат слушам за нив.Јас претодно прочитав во весник лактогин мислам се викаа со пробиотици беа, ама кога ги барав во ниедна аптека не ги најдов. Инаку пробиотиците се користат додека не се потроши пакувањето.Линекс леди одат по 1 сабајле и навечер.
фери, лактогин се капсулки за пиење,го содржат истиот пробиотик како линекс лејди,не знам зошто не ти кажале во аптека,во секој случај потребно е да испиеш барем неколку пакетчиња за ефект,а малку се поскапи,едно пакување ти е за 15 дена,доколку ти се слаби лејди можес да појачаш и со нив комбинирано,би требало секако да има подобрување
Дали некој знае некој друг крем за надворешна употреба против габични инфекции, освен канестен (или кансен)??
Женски, еднаш имав кандида и ми помина брзо, сега еве изгледа пак се активираше, ама единстверно е што многу ме чеша на почеток на усните, не многу длабоко внатре...не ме ни пече ни секрет, сега во тоалет ме запече малце ама изгледа сум се изгребала. Не ме чеша по цел ден, еве цел ден бев мирна, сеа ме зачеша и ми помина...Да кажам само дека бев болна и ми се појави неколку дена по зимањето апчиња...може ли да се активирала од тоа, иначе при секс немам никакви проблеми. нит пецкање нит чешање??
Од антибиотик може да се активира и треба да се третира исто така. И да се реагира превентивно кога треба да се пијат антибиотици, за да не се дозволи да се појави.
Фала ти, земав сега Флажил вагиналети, ме советуваа тие да ги земам, а ако не ми поминува да земам и такви апчиња.
Линеспор феме мене гинекологот ми ги имаше препорачано, не за континуирана употреба, туку ете во сезонски периоди на настинки, грипови кога се намалува имунитетот по 1 на 2,3 дена, да ми се фати да речеме 2,3 пати во неделата да ставам и одлични биле за одржување на нормална флора. Јас ги земав еднаш до сега, ама не осетив некоја разлика зошто и така си бев ок 5 мислам имаше во пакување, а доста беа скапички Јас би се држела до исхраната за кандидата, огромен фактор е понекогаш. Помалку благо, пијте јогурт, здрава храна без мн шеќери...
Мене последно ми даде Ацидосалус,откако претходно земав Канестен и Гинодактарин.Некаде прочитав дека гинодактаринот ја влошувале микрофлората ,а ете последно на резултати покажа дека имам нормалната микрофлора ми е многу нарушена,а со Ацидосалусот плус и имунитетот ќе се поткренел. Имате ли искуство со овие вагиналети? Инаку скапички се,900ден 7 внатре,а јас треба подолго време да ги земам....Дали би вредело да фрлам толку пари
Ели јас ги користев ,сама ги земав бидејки од многу канестени и гинодактарини целосно ми се наруши микрофлората и до денес не можам да се стабилизирам.Прекини со антимикотици веднаш ако ти е нарушена и тебе.Ацидосалусот ги користев еднаш,не се лоши,имаат само некој лош и јак мирис ,содржат и некои други состојки покрај пробиотици,ама мислам требаше подолго да ги користам.Можеш да почниш со нив а после продолжи си со линекс лејди,поефтини се.
Имам проблем кој веќе долго време неможам да го решам и ве замолувам за совет Пред една година добив јако печење,црвенило околу срамните усни и бел густ понекогаш и жолт секрет ,но не и чешање што е главен симптом на кандидата..Ми беше јасно дека станува збор за инфекција и посетив гинеколог.На ПАП тестот искочи дека се работи за кандида а и дека имам раничка на грлото на матката за која не било потребно лекување а кандидата ја лекував со кансен крема и вагиналети но никаков успех симптоми пак беа тука.На ехото се покажа дека имам полицистични јајници но не претставувале проблем барем за сега бидејќи не биле многу изразени а и со тек на време би можеле да се изгубат без никакви лекарства.Правев испитување на хормони кои беа одлични и испитување за крв и мокрача кои покажаа дека имам шекер во крв што ме зачуди бидејќи воопшто не сум обожавател на благо .За да ги намалам симптомите почнав да пијам увин чај,пробав бетадине,нео-пенетран,канестен вагиналети(сите препорачани од гин.) и некое време бев ок и приметувам дека пред секое добивање на менс. симптомите значително се зголемуваат што јас буквално одам на секои 5мин во веце и вриштам од болки при мокрење. Што да превземам веќе незнам па затоа ве молам доколку некој имал слично искуство да ме посоветува ?
Под итно, уште утре сабајле да направиш проверка на урина. АКо боли додека мокриш, може да е и ешерихија (бактерија), па затоа провери се, да не се размножи.
Девојки пак јас со моите напнувања. Купив вагиналети што ми ги кажаа, ставав и чешањето се поднамали. Ама, па пак се појавува од време да време. Пример цел ден нема ништо и навечер почнува, ќе се измијам со камилица и ќе ме смири. Ама јас сум таква не издржувам и се чешам, не знам дали тоа е лошо и дали така само го надразнувам уште толку. Башка требаше е да добијам а еве 4 дена ништо, стомак ќе ме заболи и толку. Нема печење нема секрет, ништо, ама не знам што да правам со чешањево. Уште 3 вагиналети имам за ставање...Само да кажам чешањето е сега повеќе надворешно
магдалена,и кандидата знае да ја надразни уретрата и бешиката како и други гинеколошки бактерии и ХПВ,не мора да значи дека е ешерихија.Кај нас жените почесто се јавува уринарна инфекција од гинеколошка природа,пак провери си на микробиологија и кламидија,микоплазма идр.бактерии како и ХПВ,знаат да ја зафатат и бешиката.И мене така ме третираа само од кандида,а со години имав уринарни инфекции,провери си со време се.
ХПВ колку што сум информирана се докажува со ПАП тестот или сепак не? А посебни брисеви за кламидија не сум направила,но еве сега ме замисли па ќе направам,но според белите наслаги околу усните и печење пред менс.(нели тогаш хормоните предизвикуваат менување на киселоста на ПХ-вредноста) се надевам дека само кандидата ме дружи хаха а и габите тешко се искоренуваат за жал.
Магдалена еве јас како стручна мислам дека симтомите не ти поминуваат ако нивото на шеќер ти е над граница.Кажи колку е шеќерот.Исто така болки можеш да чувствуваш и од полицистичните јајници,односно при секое пукање на циста,па може да ти се јави и промена во мензис,односно да не ти биде регуларна. Шеќерот не секогаш е поврзан со консумација на благо.Можеби си била под некој стресен период. Ако мокрачата ти е уредна и не се изолирани никакви бактерии,симптомите со тек на време би требало да исчезнат. Во однос на канидата,доколку упорно не ти поминува од досегашната терапија,потребно е да побараш уште едно мислење од друг гинеколог или евентуално да ја промениш терапијата.