Baby-star шекерот ми е 7.00 а под стрес сум поради секојдневните обврски со факултетот.А во врска со полицистичните јајници гин. ми спомна дека не се од тие што пукаат при секоја менс а менс обично ми се поместува за недела дена од минатиот пат и имам големи болки при менс исто така.
Гинекологот ти кажа дека се водени или чоколадни цисти? Затоа што водените пукаат сами. Нерегуларноста во менструацијата е дефинитвно поради полицистичните јајници,па и болките што ги имаш се поради нив,не поради кандидијаза. А терапија нели ти даде некаква за полицистичните јајници,пр,Примолут нур?
Водени не се бидејќи самата го прашав а тој ми одговори дека не пукале при менс.и не ми го спомна поимот чоколадни.А терапија не ми даде бидејќи ќе сум накачила поголема килажа а и доколку не ми правеле проблеми понатаму немало потреба од никаква терапија.Според вас дали да одам повторно на преглед и да образложам дека би сакала да почнам со терапија или пак овие чоколадни цисти не ми претставуваат пречка пр во случај на забременување?
Девојки, ќе споделам со вас мое лично искуство од кое сама си го открив лекот за кандидата после повеќегодишно мачење. Најпрво треба да го смените начинот на исхрана. Јас пробував години да се излечам со канестен, полигинакс, кансен, дифлазон, лечејќи се заемно со партнерот, меѓутоа кандидата постојано се враќаше. Откако ми дојде преку глава, решив да исфрлам од исхрана секоја можна храна за која прочитав дека предизвикува кандида. Еве конкретно што јадев: - доручек: две варени јајца, паарче сирење, маслинки, двопек и две чаши јогурт, или мусли исклучиво со јогурт - ручек било каков меѓутоа лебот го заменив со двопек и секој друг пијалок со јогурт или обична вода, многу салата, вечера: само јогурт или само салата Многу е важно шеќерот да се исфрли од исхраната или во најмала рака да се намали бидејќи тој е најголемиот предизвикувач на кандида Исто така почнав да ги користам Карине пробиотик влошките или не мора баш нив, меѓутоа користете исклучиво памучни влошки, а памучните влошки ќе ги препознаете по тоа што на нив пишува sensitive. Исто така ги исфрлив од употреба апчињата за контрацепција, бидејќи доколку ги употребувате по долг временски период тогаш и тие може да бидат фактор кој предизвикува кандида. Само да знаете дека и овој начин бара трпение, многу труд и време, меѓутоа да знаете ќе си го решите проблемот на долг рок. Веќе неколку месеци немам проблеми со кандида и се чувствувам одлично! Ви посакувам среќа!!!
Дали некоj знае замена за Канестен во Америка? Што да барам да се лечам од досаднава кандидиjаза? фала однапред...
devojki, procitav golem del od komentarite, nekoi se tocni, nekoi ne, pa vikam aj da probam da vi pomognam. Candida e gabicka koja e del od normalnata flora na vaginata, a kaj 10% od zenite e i aktivna. ne postoi zena koja ne iskusila "problemi" so candida... ne moze 100% da se kaze deka candida e seksualno prenosliva bolest zatoa sto e del od normalnata flora kaj zena, no dokolku postoi aktivna infekcija, i istata bide prenesena na partnerot (kaj mazite isklucitelno retko, no znae da napravi lokalna kozna infekcija najcesto na glavickata) moze teoretski da se kaze deka e seksualno prenosliva zosto sepak neli e seksualno steknata kaj partnerot i toa ne e strasna situacija, bidejki se lekuva lesno - so lokalna terapija kanesten (vo najgolemiot broj slucai, koga ne postoi deficit na imunitetot kaj partnerot). istata moze da se primeti kako belicasti nalepi na mestoto kade napravila infekcija... tolku za muzite aj sea za nas zatoa sto neli, nie sme prokolnatiot rod )) kaj nas malku postrasno se prezentira infekcija so candida, bi rekla mnogu postrasno otkolku sto navistina e pri pad na imunitetot zaradi nastinka, bolest, stres, posle upotreba na antibiotici, postojano nosenje na sinteticki dolen ves, neredovna higiena, od druga strana i preterana intimna higiena so sapuni, shamponi, gelovi, sprejovi (komercijalni, parfimirani), ponekogas posle dolg i grub seksualen akt, pri shekjerna bolest, pri konsumacija na mnogu shekjeri, upotreba na antibebi piluli i red drugi sostojbi (spored najnovite istrazuvanja, nekoi lubrikanti i kondomi moze da potenciraat candida) moze da dojde do unistuvanje na normalnata bakteriska vaginalna flora, sto i dava prostor na candidata da si se razmnozuva i da si napravi infekcija. istata, zavisno od sostojbata na imunitetot vo toj period, moze da se prezentira kako izrazeno, nepodnoslivo cesanje, pecenje, bolka pri seksualen cin bidejki e onevozmozeno normalno navlaznuvanje na vagina, silen sekret so valkano bela boja (nekoi go opisuvaat kako zasireno mleko, nekoi kako kajmak, nekoi kako beli mali topcinja) so izrazen miris na kvasec ili spored nekoi, miris na zacin (gabickata e kvasnica, ottamu i mirisot), i beli nalepi na sramnite usni, ili samo kako izrazen sekret so bela boja i miris na kvasec bez drugite simptomi. najcesto prvata infekcija e "najstrasna" i e taa sto kje ve natera da se javite na ginekolog, obicno narednite nema da bidat so istiot intenzitet (no ne mora da znaci). ginekologot kje vi prepise se sto treba, vaginaletki, oralni antimikotici, lokalni masti, i so prvata nekako kje se izborite.... no candida vika I'LL BE BACK i veruvajte, she'll be back )) no, sto e toa sto mozete da go napravite za da ne se vrati brzo ili za da koa kje se vrati pomine polesno? - dokolku treba da zemete antibiotici, se preporacuva za vreme na nivnoto primanje da si zemete linex lady (novi vaginaleti, prekrasni se!) i da si gi koristite i niv, za da i pomognete na normalnata bakteriska vaginalna flora da go prezivee napadot na antibiotikot, i so toa da ne i dozvolat na candida da se razmnozi; ili, namesto niv, mozete da zemete betadine vaginaleti. isto taka, treba da gi izbegnuvate site rizik faktori koi vodat do candida, pa taka nosete dolna obleka 100% pamuk, ne koristete komercijalni intimni sredstva za higiena, tuku kupete si od apteka medicinski sredstva za intimna nega po moznost bez miris, nemojte da nosite sekojdnevni uloski, ako sakate toplo vi preporacuvam da si kupite pamuk (cist, bez miris) i od nego da si stavate na dolnata obleka )) isto taka, nemojte sekojdnevno da upotrebuvate canesten mast (negde procitav deka ja upotrebuvaat sekojdnevno, kako pavloviceva, zatoa reagiram) zatoa sto rizikuvate da sozdadete candida rezistentna na canesten, pa koga navistina kje vi treba da ne znaete sto da korisitite. isto taka, higiena mozete da sproveduvate, normalno, sekoja vecer, pred menuvanje na dolna obleka, izmivanje so caj od kamilica, a ednas na dvete nedeli vo cajot mozete da dodadete edna lazicka soda (nemojte toa da go pravite sekojdnevno). izbegnuvajte mnogu blago, pijte mnogu jogurt, a koga kje osetite deka saka da se vrati, vednas reagirajte so potopuvanje na tampon vo jogurt i taka nekolku dena dodeka ne pomine (dokolku ste nemale seksualni odnosi, mozete da stavite sekojdnevna uloska, ili pamuk i potopete gi so jogurt). nekoi bea skepticni, no jogurtot e probiotik i kisel, a candidata e kvasnica, kje ja smirite candidata so vrakjanje na normalna vaginalna pH - kisela )) e sega, sto se odnesuva na plodnosta - canida ne predizvikuva sterilitet i tocka. od druga strana, sekoja aktivna infekcija na vagina, vklucitelno i infekcija so candida, ve pravi poneotporni kon drugite sekosualno prenoslivi bolesti, no dokolku imate sigurni i redovni seksualni odnosi so eden partner, ste zastiteni i od toa. mislam deka e toa toa, mozebi nesto ispustiv, no moze da se dopolni... taka da devojki, cuvajte si go intimnoto zdravje, posetuvajte ginekolog redovno, ednas godisno (ako ima potreba i povekje ne panicete, i uzivajte vo svojata seksualnost. pozdrav. [mod-kirilica:428zsb93][/mod-kirilica:428zsb93]
Моментално ги користам Гиндактарин ваг.па ќе видиме.Инаку вторден ги ставам,па сакав да ве прашам дали се такви или нешто не е во ред,-ги ставам значи навечер,а насабајле кога одам во wc излегува цела вагиналета ич нерастворена Рок имаат ,до 2015.Навистина ми е чудно,од претходните лом се правев а со овие ништо! Имате некое искуство со овие ваг.?
и после толку лечење ова кандидава не ме остава на мира... Како и да е- земав канестен вагиналети и откако заврши терапијата, мајка ми ми купила Vаgisan - таблети за воспоставување баланс на вагиналната флора... Земав 2 терапии по 7 апчиња и веќе 3 месеци немам кандида... Околу 500 денари се.
Јас ќе ги пофалам и Лактогинот,пу-пу,пијам веќе три недели,планирам уште едно кутивче. Друго,што е многу битно,скроз го исфрлив благото.Едвај се воздржувам,ама ете сега засега е супер. Исфрлив газирано,пијам многу јогурт,2,3 чаши обавезно,насабајле место плазма со млеко и корнфлекс сменив житарици со јогурт,и обавезно чаша цедек сок со лимони и портокали,малку витамини. И никако не се мијте со интимни сапуни,ниту детски шампони.Најголемата грешка ми беа тие. Само млака вода,на 3 дена камилица. Сега засега се е под контрола.
Дали може да се пие и овошен јогурт (купен, не домашно направен)? Бидејќи сега прочитав има шеќери, а јас сакам оваа инфекција да ја излечам преку менување на исхраната и знам дека шеќери не треба да се внесуваат. И да ве прашам за јајца, дали варени може? И исто знам дека од храната најмногу помага јогуртот, дали исто помага и кисело млеко и павлаката, бидејќи се нешто слично? Малце ми е глупаво да прашувам за храна, но сметам дека вака со менување на исхраната ќе ја снема подолго инфекцијава. (да си кажам дека ми се појавува и ми се губи неколку пати во месецот и ми се има смачено од неа)
Јас имам кандида и гнекологот ми рече дека имам кандида ама не длабоко(незнам како да кажам)туку на почетокот од вагината и дека треба да користам канестен само ако ми се воспали,е сега незнам дали да земам маст или вагиналети,има ли некоја вакво искуство?
Кандидата е присутна со нашиот организам, само доколку прекумерено се размножи предизвикува проблеми. Доколку имаш симптоми на кандида, земи си вагиналетки, бидејки потоа можеш повеќе да се воспалеш и многу е досадно чешањето. И јас си имам често со кандидата проблем, кога пијам антибиотици обавезно ми се појавува и така. Мене канестен не ми се многу ефикасни, гини дактрин ми се поефикасни, али кај секој е индивидуално. После канестен или гино дактрин, можеш да си земеш линекс лејди и ти се многу добри за воспоставувањето на нормалната флора. Исто има и апчиња флуконазол едно неделно апче по 150 мг, против кандида, многу јогурт и користи памучен долен веш, и не користи агресивни и јаки средства за миење на вагината. позз
Кога пиете антибиотици, обавено со нив се зема б-комплекс за да не ви се појави кандида, значи со антибиотиците мора да земате и дополнително б-комлекс како превентива против кандида. Кантарионот и јогуртот се едни од најефикасните лекови на природна база. Кандидата која ја добив од антибиотици , а незнаев за б комплексот бидејќи докторите не ти го кажуваат тоа, ја излечив со вагиналети од кантарион , и многу јогурт, знаев и да си ставам тампон намачкан со јогурт, и за 1 недела готовооооо
Точно е за б комплекс дека кај некои помага, аптекарката ми кажа, кога се пијат антибиотици да се пие и б комплекс, лично на мене не ми помогна, јас пиеше 2 вида на антибиотици за хеликобактери и плус 4 б комплекс на ден и пак ми се појави
Место б комплекс,најдобро е пробиотик.Поскап е да,ама многууу подобар.Еве јас имам искуство со Лактогин,400ден се 15таблетки,а ако сакате поевтина варијанта се Имунобор биотик 6 капсули 110 ден во Зегин.Мене лично б комплекс не ми помагаа
Eli 25 и јас сум во тие што б комплекс не им помага, а пробиотик не сум пила заедно со антибиотици, освен едншка лактогин ама тогај не пиев антибиотици, туку гинекологот ми ги препиша поради честа појава на кандида, ама нешто не осети преголема разлика, мислам дека покрај орално да се прима пробиотик ефикасно е и вагинално, како линекс лејди, или нешто др за зачувување и овновување на вагиналната флора
здраво девојки, јас не сум нова на форумот, ама прв пат пишувам на тремава. Сакам да ве прашам нешто , па кој знае нека ми одговори. Вака бев на доктор и ми препишаа вагиналети Неопенотран форте , мислам дека се викаа, во нив има седум вагиналети. Јас ги искористив сите меѓутоа, чешањето не ми помина, дури мислам дека ми е појачано. Имам не многу јак вагинален исцедок, како засирен со бледо жолта боа ама мирис нема, барем не непријатен. Првиот доктор каде што бев ми рече да си купам канестен, ама јас бев кај уште еден доктор и ми рече да ги земам овие неопенотран. сега незнам што да пчравам, дали да земем канстен, па да видам дали ке ми помине од нив, или пак да одам на доктор. ама стварно не ми се оди на доктор фала однапред