Најчесто препорачани се канестен, иако има и други ама мислам дека во бременост без консултација со гинеколог не е добро ништо на своја рака да користиш за да нема несакани последици.
па во принцип ке ти препорача гинеколог јас ги ставав мукорил и канестен али ке си прашаш гинеколог затоа што секој дава различна терапија
Здраво девојки нова сум на форумчево и многу му се радувам Токму оваа тема ја избрав за да го пишам и моето искуство за најдосадното нешто што постои на цел свет- КАНДИДАТА. мојата прикаска почна уште кога бев девојче, со прекини ...но уште трае. Најверојатно имам таква конституција што е приемчива за кандидата, но не се предавам. Абе што не сум пробала, канестени , вагиналети, линекс лејди, неопенотран форте редовно во случај да пијам антибиотик,внимавам на благо, повеке фолна киселина, витамини, промивки со камилица, полигинакс... и мн др марифети и џабе кога пак се враќа. Најсмешното е што татко ми е гинеколог и веке незнае кутриот што да ми препише.сепак верувам дека се работи за одговор на хроничен стрес и си бара комплетна промена на секојдневието, така одлучив да редуцирам лекови и порадикално да променам исхрана и зголемам физичка активност и да ви кажам право најдобри резултати до сеа... да чукнам и дрво ама... тоа ке да е... кога ке приметам дека имам некое чешкање влажност одма одам на промивка со метиленско сино и ко нова сум, ни боли ни чеша одма поминува и воспалението се смирува. пошо додека не се отстрани механички налепот џабе е се. да ми помине циклусов па ке почнам со вагисан - вагиналети као пробиотици ( нешто како лејди линекс) што подобруваат вагинална флора и рН па ке ви пишам какви се. бидете упорни и издржете... поздрав
Значи или ти не ставаш тука сите во заблуда или твојот доктор тебе(што не ми се верува) Прва работа кандида не се лечи со антибиотик, а не посебно со еритромицин и тоа 21 ден??????? Антибиотици лечат бактерии , а не кандида и како резултат од користење на антибиотици се јавува кандида поради нарушена вагинална флора или доколку веќе постои истата може да се појача, додека кандидата се лечи со антимикотични лекови од типот на канестен, таблети флуконазол некои природни вагиналети и пробиотици. Најчесто терапијата трае 3 дена, а не 21 ден Така да ти види си во резултатите од брисевите, што убаво ти пишува да не случајно лечите уреоплазма или нешто друго или пак немој лажно тука да ни пласираш информации!
Каја11 значи не давам никакви лазни информации за зал.... правев 4 вида на брисеви и едниот од нив што беше за кандида си пишува позитивно и на таа основа ми ги дадоа Erithromycin да ги пијам 21таблета(грешка сум пишала тоа е една седмица...се извинувам) како и партнерот потоа ми рекоа една недела да правам пауза и пак да го повторам брисот. И јас знам дека кандидата се појавува од антибиотици ама сепак си велам тој е доктор а не јас.. И затоа сакав да ве прашам дали имате да ми кажете и дали можам на своја рака да земам вагеналети на природна база без да се наштети нешто на моето бебушче. Еве денес ја пијам последната таблета и незнам со да правам......
rupanzel, и јас бев така љубопитна како тебе,се да пробам,нешто ќе делува си мислев. Но работата со мене стои вака,се надевам ќе ти помогне. Пред неколку месеци откако пап тестот ми дијагностицира постоење на кандида, лекарот ми препиша канестен крем, вагиналети и некои горчливи таблети. Откако ми заврши целата терапија, а знаејќи колку често кандидата се лечи, решив да продолжам со уште една тура. Во средината на втората тура, почнаа да ми се јавува чешање, па сфатив дека е време да престанам. Па така, пред да отидев кај гинекологот на преглед после завршената терапија, решив да користам вагиналети на природна база ginex forte за кои од неколку мои пријателки слушнав дека биле доста добри. Но, после 3 ден, чешањето уште повеќе се зголеми и решив да прекинам со истисте. Отидов на гинеколог и ми констатираше нарушување на вагиналната флора како резултат на претерување со гинеколошката терапија, при што ми препиша linex lady за враќање на киселоста на вагиналната флора. Така да, мој совет ти е да не претеруваш многу со вагиналети, мастови и слично, туку строго да се придржуваш кон упатствата од гинекологот. Дури и вагиналетите на природна база кои се издаваат без рецепт можат да имаат контрапродуктивно дејство,затоа консултирајте се прво со гинеколог.
девојки ај хелп. долго време веќе со дечко ми имаме односи .. цело време со кондом и ова ми се случува прв пат 1 осетив болка при мокрење а веќе следниот ден ненормално чешање,кај клиторисот и усните во внатрешноста, се миев со камилица 2-3 пати и ставив кисело млеко на улошка но нема ефект и при однос осеќам болка.. хигиената ми е на ниво редовно се одмивам,гаќи строго памучни,еври деј улошки..стварно незнам што е.. исцедок напочетокот имав кафен а сега светло зелено-жолт.
Бојата на исцедокот не асоцира на кандида, изгледа имаш друга инфекција и мораш задолжително да се обратиш кај гинеколог без одложување. Жолто-зелен исцедок може да биде симптом на трихомонијаза.
и пак јас.. по употребата на канестенот освен секрет во исцедокот забележав бели парченца мали,што би можело да биде тоа ..
UnknownLadyDi без паники оди си на гинеколог за све има решение. Земи брисеви мисеви све и не се ослонувај на бојата на исцедокот да се самодијагностицираш. Не земај канестен на своја рака почекај резултати. Иначе има вагиналети за тридневна употреба и крем за внатрешна и надворешна уботреба се ти пишува убаво во упатството кога и како се ставаат но да знаеш дека ке треба и дечко ти да биде под терапија и да немате односи се додека резултатот не биде уреден.
pomos zenski: pred edna nedela bev na pregled kaj ginekologot sto mi go sledi hpv-to, posle 2 laserski intervencii mi kaza deka ranickata ne mi zazdravuva onaka kako sto sakal i za mesec dena mi zakaza da napravam povtorno hpv-tipizacija za da vidime do kaj sme... inaku za prvpat ne mi prepisa nisto za infekcija i jas bev presrekna za toa zosto porano sekogas nesto imase... e sega vcera primetiv deka nesto ne mi e vo red so vaginata nekako ja osekav mnogu suva a veke vecerta pocna da me cesa; sabajle vo 7 se razbudiv ne mozev da spijam i otrcav vo prodavnica da si kupam caj od kamilica, se izmiv i vikam cekaj da poglednam sto se desava posto cesanjeto mi bese od nadvoresnata strana i koga vidov se isplasiv: bas ''na vlezot'' na vaginata mestoto mi bese kako oteceno i pocrveneto i izgledase grozno kako da imam nekoi izrastoci, sega povtorno se izmiv so caj od kamilica i pak poglednav i na istoto mesto mi bese kako pobeleno kako kozata da mi se lupi. Si pomisliv da ne mi e od depilacija loso da ne me potegnale ama se depilirav pred 10 dena a posle toa i na ginekolog bev i toj ne kaza deka ima nesto nevoobicaeno, a nitu pak odnosi sum imala so meseci veke, i prethodno mi se pojavuvalo ceskanje ama nikogas vaka od nadvoresnata strana ne znam dali e kandida ili pak nesto drugo, ne sakam da odam kaj ginekologot pak i si mislam od utre da se lecam na svoja raka so mast pa ako ne biva na ginekolog

Ех девојки повеќе од една година ме измачува кандида и не можам повеќе. Бев на гинеколог и ми даде Ginex 5. Не ми помогнаа.. Дали на вас ви се има случено воопшто да немате желба за секс и да сте суви барут ?