zdravo devojki me interesira dali so kandida nekoja od vas ima ostanato bremena ...ja imam kandidava ,a sakam da ostanam bremena dali toa vlijae sto ne uspevam vo toa ...poz
zdravo devojki me interesira dali so kandida nekoja od vas ima ostanato bremena ...ja imam kandidava ,a sakam da ostanam bremena dali toa vlijae sto ne uspevam vo toa ...poz
јас ја излечив кандидата многу брзо за 1 недела...само со канестен маст. инаку ова второто често ми се случува и јас незнам што е работата еден мал совет пробај секс за време на менструација,вријат хормони лизга,ќе не можеш да се наситиш
јас ја имав со години додека не отидов на гинеколог во neuro medica и докторот не ми ги даде апчињата Neo - Penotran Forte. веке ми се нема појавено 2 години... браво за докторот
Нема врска ,кандидата е секојдневна бактерија може да се јави и во бременоста.Се лечи за една недела,консултирај се со твојот гинеколог да ти даде апчиња или вагиналети
Девојки, да ве замолам за помош и мислење. Вака, после односот со партнерот, ми се јави чешање и зголемен вагинален исцедок, но без мирис и со нормална боја. кај партнерот сега исто така се јави чешање на пенисот и мала раничка. 2 недели пијам амоксиклав таблети, зашто сум болна. Можно ли е да е кандида или некоја друга инфекција?
можеби си добила кандида поради антибиотикот што си го пиела 2 недели....и мене исто ми се има случено од антибиотик да имам зголемен дебел бел исцедок ...друг пат кога имаш терапија со антибиотик за да спречиш појава на кандида истовремено Б'комплекс да пиеш....ама обавезно....камилица и канестен помагаа при габичната инфекција кандида
Не знам чив пост беше да ја цитирам, ама фала што постирала Некоја феминка рече дека си го средила проблемот со кандидата со кантарионово масло на тампон, три дена по ред. Јас се бафтам со лекарства веќе една година, и ова дефинитивно помага. Јас имам кандидијаза со години, но бидејќи освен исцедокот никогаш немав никакви други симптоми (печење, чешање, црвенило), бев на гинеколог еднаш, си земав три вагиналети, и толку беше. Од другиот месец пак по старо и никогаш повеќе не се позамарав за проблемот. Лани конечно се решив дека не ја бива работава, и на секои два месеца одев на гинеколог по терапија. Секогаш ми ја зголемуваше, тој месец ќе биде океј, наредниот пак по старо. Еве веќе една година така... И решив да пробам некои домашни лекови од феминките. Кантарионовото масло беше прво што ми фати око и сум презадоволна. Затоа што долго време го имам проблемов, место три користев тампони натопени во маслото 5 ноки по ред. И можам да кажам дека има 95% ефект (нешто што ни со 3 вагиналети не го постигнувам). Дефинитивно ќе го терам третманов и наредниот месец, па ќе видиме како ќе биде. После кутии и кутии лекарства, мило ми е што најдов нешто природно што ми помага. Па макар и секој месец да треба ова да го правам, подобро е отколку вагиналети и антибиотици.
Какво мислење имате за вагиналниот крем Канестен 3? Одкако си дојдов од одмор постојано имам исцедок, нема некој специфичен мирис и додека одам во вц ме пецка. Не сум во можност да одам на гинеколог па на своја рака си го купив овој маст. Поздрав
Читам за одмивање со сода бикарбона али не ми е јасно дали после одмивањето со растворот треба да се исплакне со чиста вода , ве молам за одговор...
За прв пат добив кандида кога пиев антибиотици без да ги комбинирам со бедоксин или б комплекс. Купив Канестен 3 со апликатор. Терапијата трае 3 дена со што се внесува вагиналниот крем во вагината. После три дена ми е подобро иако сеуште чувствувам дека не сум сосема излечена. Во упатството неможев да пронајдам па сакав да прашам ДАЛИ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖАМ УШТЕ ТРИ ДЕНА ВАКВА ТЕРАПИЈА ИЛИ ТРЕБА ДА ЧЕКАМ ИЗВЕСЕН ПЕРИОД? итно ми треба одговор, поз.
рецепт против упорната канида Оваа упорна габчна инфекција е честа појава кај поголем дел од жените, па еве еден едноставен рецепт кој може на сите да ви користи, а освен тоа благопријатно делува на целиот организам. За овој лек ви се потребни следниве состојки: 1 чаша јогурт 2 чешниња лук 1 морков По пола лажичка ѓумбир и цимет Изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот, па сето тоа додадете го во јогуртот. Додадете го и циметот. Се добро измешајте, оставете малку да отстои и јадете како салата по една доза дневно до излекување.
Сакам да прашам нешто не незнам дали ова е вистинската тема. На вагиналните усни ми се појавија некој мали бели мозолчиња ако можам така да ги наречам не ме чешаат, но исто така имам и многу вагинален исцедок некој пат е бел некогаш жолт и има непријатна миризба.Дали се работи за кандида ?
Здраво девојки, нова сум на форумов, можеби е глупаво прашањето но сакам да прашам, како може да се провери дали имам кандида, имам разни симптоми, како анксиозност што не е резултат на стрес, киселини во желудникот, затнат нос итн. ве замолувам за одговор, поздрав
Не се секирај, толку ќе те чеша или пече што веднаш ќе знаеш дека имаш Инаку јас пробав СЕ, ништо не помогна освен секојдневно пиење спирулина или било што за имунитет Не верував и патам од кандида веќе година дена ама ова помогна. Исто така кој може од странство да си купи спреј за испирање. Тоа е течност што ја прскаш внатре и се одмиваш. Проверено
Ве молам за помош.. веќе неколку дена имам ненормално чешање,кај клиторисот и усните во внатрешноста.. како да имам некоја пресекотинка, и кога сум со дечко ми неможам да достигнам влажност на вагината, ептен е сува, а не е до дечко ми затоа што до скоро го немавме тој проблем но ете од кога почна она со чешањето и пецкањето неможеме ни сексуален однос да имаме, неможам да се навлажнам.. дали некој знае да ми каже нешто повеќе околу тоа ? Поздраав
Јас тампончето го ставав во шишето со кантарион неколку секунди да упие доволно, да стане кафен како кантарионот, и го носев преку ноќ. Сабајлето го вадев тампонот и не се измивав. Малку остава мрсно, ама една дневна влошка ќе ја реши работата. За јогуртот немам пробано, ама по некоја логика ако е на тампон нема да има количински многу и нема да има потреба од измивање (вагината сама си се чисти и онака), а ако е на влошка за надворешна употреба можеш да си се измиеш под туш.