Спојлер Овој рецепт беше објавен на многу страни пред извесен период, но од никого немаше лично искуство. Јас решив да се обидам да го пијам, но вкусот за мене беше неподнослив. Два дена ми беше тешко на желудникот . Состојките кои се набројани (освен морковот можеби) се познати како дел од исхраната која помага против кандидата (лукот според мене е број 1), но посебно би ги конзумирала...во ваква заедничка комбинација со другиве работи не. Исхраната е многу битен фактор за сузбивање на досадава, шеќери треба да се исфрлат, па дури и овошјето треба да се намали и друга храна што ја поддржува кандидата. Некогаш треба и многу ригорозна диета. Инаку многу позитивни критики прочитав за кокосовото масло, по 1 лажичка на ден била многу делотворна. 10 foods to fight candida Измивањето со сода бикарбона во млака вода е особено супер за брзо смирување на непријатниот јадеж доколку го има-проверено.
Dobiv rezultati od PAP ot - KANDIDA! Si vikam koj ke se zanimava sega so dosadijava. A nemav nikakvi simptomi- ni cesanje ni pecenje ni iscedok... Mi dade vaginaleti i nekoi kapsuli i za mene i za decko mi. Sekako nema da znam dali mi pominala zatoa sto nemam bas nikakvi simptomi...
Не поминува со камилица... а не сакам вагиналети повторно...имав примено Poliginax i Canesten за еднодневна употреба и џабе ...Гинекологов ми ги препиша Mycoril ама преку глава ми е од вагиналети
природни лекови за кандида може да ви помогат; природнA билка -ехинацеја, сапун трева, златица, жалфија. чај за кандида: сапунарска стебло и цвет, жалфија, анасон, ајдучка трева, маточина, босилек. се пие еден месец. подготовка- 500мл и 2 лажици чај. супа за кандида-2 чаши вода, 2 главици кромид, 4ч. лук, жалфија, мајчина душица, сол и црн бибер и кисело млеко.кај воспаление и исцедок помагаа испирање со чај од невен, жалфија и дабова кора. *JABOLKOV OCET---стар народен лек кој го препорачуваат и лекарите за неколку видови инфекции. Sе препорацува 3 Шољи јаболков оцет се ставаат во топла купка и се седи 20-30 минути со подраширени нозе. Kиселоста н аоцедот ја воспоставува нормалната вагинална флора и делува во отстранување на кандида, трихомонасот и гарднерела. ова и извадок од книга-женски болести-билки и болести,подготвиле слаѓана и столе стојанови Kуманово, Hерба стојанови 2007
гинекс форте помага против кандида-----вагитории ја ссум користела и многу сум задоволна.....и малку на диета со повеке лук кромид јогурт зеленчук и никако шекер...поззз со ова ја ставате под контрола----јас успеав пробајте и вие
jas sekogas 15 den od ko ke mi zavrsi menstruacija mi se praj , nema neubava mirizba tuku samo kako izvarok mi se pravi....Sto da napravam ??
Вака имам едно прашање, имам кандида(системска) и пиев Нистатин(прашок за перорална суспензија) ми помогна малку но сеуште имам, дали знаете најдобро решение за искоренување на истата но некое што делува брзо? Неможам, т.е. несмеам да држам диети, да ги исфрлам јаглехидратите или овошјето од исхраната бидејки имам други гастроинтестинални проблеми(што почнувам да мислам дека ми се од кандидата) и слаб имунитет. Флуконазолот помага? И кои пробиотици се најдобри ако знаете, сум информиран доста околу сето ова но сакам да знам за ваши искуства..
Не знам колку ќе верувате, така одеднаш и јас не осетив како престанав да пијам газирани сокови, да не јадам благо( значи се случува во денот ништо благо да не јадам), се посветив повеќе на зеленчукот, ја сменив исхраната, зачинето никако не јадам и само од себе кандидата ми ја снема. Наместо едно чоколадо си земам карфиол или морков,зелка, јаболко, калинка и така. Грицки, чипсови никако не јадам и што ме највеќе радува не чуствувам никаква потреба да јадам благо и грицки. Соковите ги заменив со чаеви. И да, обавезно лимон цедам. Дневно по 2-3 лимони, но само со вода го растворам, шеќер никако не ставам. И бидејќи имаш слаб имунитет (што и јас го имав тој проблем) ова и те како убаво ќе ти дојде. Редовна хигиена си одржувам, избегнувам гелови за туширање, само бекутан сапунче и немам никакви проблеми ниту со имунитетот нити со кандидата. Позз
се согласувам потполно со тебе..и јас ги исфрлив сите тие работи е се е ок сега....мора на дитета малку....
Вака...немам секрет, чешање скоро ич а првиот ден ми се појави на едната усна од надворешната страна една црвена линија како пресечено а на другата усна најдолу кај отворот мало како брунче, црвена точка... на мокрење ме пече а ова пресеченото многу ме болеше но го санирав со камилица. Читав по форумот дека кандидата има секрет, мирис и многу чеша а јас ги немам баш овие симптоми.. ова пресеченото ме загрижува.. Да не знае некој за што се работи? Поздравче
devojki ve molam za pomos ! imam kandida podolgo vreme uste pred da bidam seksualno aktivna, mi bese strav da idam na ginekolog no eve posle nekoe vreme se resiv i otidov zatoa sto i jas i decko mi pocnavme da imame strasni problemi, primav vaginaleti ( polyginax edno 5-6 pati i neo-penotran forte mislam deka se vikaat taka ) i nema nikakvi podobruvanja. problemot e vo toa sto jas mislev deka imam klamidija i primavme terapija zaedno so decko mi za klamidija, nemase nikakov efekt i toj morase da se operira od fimoza... navistina mi e preku glava od doktor, ne znam sto da pravam povekje
Сода бикарбона за кандида луѓе , од вчера читам за мојот проблем и решив да почнам да си пијам на ден по една чаша сода бикарбона ама кај нас само од онаа на витаминка, чиста е без никакви додатоци, со пола лимон исцеден, станува како газирана вода И покрај бројните позитивни коментари за неа, потреба од еден месец ги убива габичките во организмот 100 %. Јас почнувам од денес па да видам што ке се случи. Инаку на моето прашање никој не одговорил, па ако имал некој слично искуство со тоа пресеченото нека ми одговори бидејки не сум во МК и неможам да одам на гинеколог па ме интересира дали е вообичаено за кандидата вака да прави. Поздрав
кандида ако етогаш имаш бел поприлично густ секрет, понекогаш чешање она хистерично и досадно и непријатно, отечени или вопалени вагинални усни, ама кај мене имаше само секрет покачен...
ЕФИКАСЕН ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ КАНДИДА Кандидата е габичка која може да предизвика сериозни здравствени нарушувања во организмот. Се јавува често, но знае да биде тешка за искоренување. Овој лек, кој можете сами едноставно да го подготвите дома, е мошне ефикасен во борбата против кандидијаза. Потребни состојки: 1 чаша јогурт 2 чешниња лук 1 морков ½ лажичка свеж ѓумбир ½ лажичка цимет Подготовка: Изрендајте ги морковот, лукот и ѓумбирот и додадете го во јогуртот. На сместата додате го циметот и оставете малку да отстои. Се препорачува да се консумира еднаш дневнo
Имам многу пецкање,чешање,зголемен вагинален секрет,дијареја,гасови и ми касни веќе една недела. Денес бев на гинеколог меѓутоа не работеле денес ќе морам да чекам до понеденик. Дали е можно да имам кандида,бидејќи според симптомите што ги читав кај другите феминки би требало да е тоа ?
Дијареја, гасови и задоцнета менструација не се симптоми на кандидијаза, ама бидејќи кандидијаза се јавува најчесто при намален имунитет, јас би рекла дека и тие работи ти се заради имунитетот. Може си закачила и некој стомачен вирус. Останатото е типична кандида. Ако ти се многу јаки симптомите, јас би ти рекла уште утре да си купиш вагиналети, до понеделник ќе ја средиш, наместо да чекаш до тогаш за да те види гинеколог. Ако е првпат да ти се јавува ова, подобро оди да те види за секој случај (еден преглед не е никогаш на одмет), ама зашо да трпиш цел викенд, 200 денари се вагиналетите во аптека. Една аптекарка последно ми рече чај од ајдучка трева за кандида, за пиење и измивање, било ефективно. Не сум пробала, ама еве да споделам. Јас сум уште со мојава хронична кандида, ама се подобрува. Се надевам набрзо ќе ја решам. Па ќе пробам и со чајов, може ќе го биде.