Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандида

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malaaa, 22 декември 2009.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    A кажи ми ти провери ли дали имаш хламидија преку брисеви ? Ако не си мораш да направиш брисеви-микоплазма,уреоплазма,бактериолошки и хламидија.Исто можеш да направиш и уринокултура.Ако имаш нешто ќе примаш антибиотици,вагиналети,повеќе јогурт,вода,здрава исхрана и ќе поработиш и на имунитетот(ова и за дечко ти)
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.397
    Допаѓања:
    13.392
    Пол:
    Женски
    Терапијата е таа, антимикотици (вагиналети), само наместо акутна терапија од три вагиналети едно подруго, сега терапијата ми е еднаш неделно две вагиналети и орални антимикотици. Моментално имам микорил и флуконазол, ама тие ги имам зошто такви во моментот имаше на рецепт во аптеката. Иначе сум земала и кансен и канестен вагиналети, сеедно е.
    Во мојот случај, битно е терапијата ја земам хронично. Гинекологот ми рече можно е и до 6 месеца да терам вака. До сега поминати се месец ипол, и подобрување има, ама истиот ефект го имав и со природните лекови што ги пробував (пишував претходно на темава). Сепак не сакам да се откажам предвреме, решена сум да терам со терапијава барем 3 месеца па ќе видиме. И во меѓувреме пак пробувам се што можам да направам против кандидата, со исхраната, добра хигиена, народни лекови... Еве од утре ќе почнам и со чајот од ајдучка трева.

    Уште пред да почнам со терапијава, правев Пап тест, и сега брзо ми стигнаа резултати. Покажа некои промени и моментално чекам резултати од типизација. Се сомневам дека вагиналетите што ги земав на своја рака пред оваа терапија ми ги предизвикале промените, ама да не зборам пред рака. Ќе видиме што ќе биде на типизацијата. Не сакам да плашам никого, ама која феминка има долгогодишен проблем со кандида би и препорачала на своја рака да не прави ништо.
     
    На xoxogg му/ѝ се допаѓа ова.
  3. xoxogg

    xoxogg Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Vo sreda bev i mi zemaa bris da proveram za klamidija, utre ke gi zemam rezultatite i ke vidam, pravev i pap test pred 6 meseci se bese vo red samo pokaza deka imam kandida, sega pravev pak i cekam za 2 nedeli ke bidat rezultatite, pravev i urinokultura, proveruvav seker, primav antibiotici ama nisto.. ke probam sega so zdrava ishrana. Fala ti mnoguu :)
     
  4. colombiana

    colombiana Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае колку често можам да ги ставам вагиналетите Канестен ?Ги ставав пред месец и половина,кога на гинеколог ми кажаа дека имам кандида ,и сега повторно ги имам истите симптоми,знам дека се вратила..Па затоа сакам да прашам дали некој знае бидејки сакам повторно да ги употребувам?
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.397
    Допаѓања:
    13.392
    Пол:
    Женски
    Можеш да ги користиш и секој месец ако сакаш, ама проблемот е што со уништувањето на кандидата може и да отстраниш и некои корисни микроорганизми од вагината. Од друга страна пак, кога се користат антимикотици како канестен, многу полесно се развива бактериска инфекција (габите и бактериите во вагината се во рамнотежа, кога се намалуваат едните, другите се зголемуваат).
    Ако добро се сеќавам, во упатството пишува дека наеднаш максимум се користат 2 паковања, значи 6 вагиналети во текот на 6 последователни дена.
    Јас моментално користам по 2 вагиналети секоја недела веќе 2 месеца како дел од хронична терапија, па некој конкретен проблем до сега не сум осетила (освен што на Папот ми покажа некои промени што испадна дека не биле ништо, мое сомневање е дека тоа ми беше од терапијата).
    По мое мислење, можеш да ги користиш додека не ти пројдат симптомите. Ако премногу често ти се јавуваат симптоми на кандидијаза (печење чешање црвенило) можеби подобро би ти било заедно со вагиналетите да користиш и крема за надворешна употреба. Ова ти е вторпат, употреби ги и сега. Ако се јави кандидата и трет пат, консултирај се со гинекологот за појака терапија.
     
    На colombiana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Знае некоја колку пари е Флуконазол капсула од 150 мг, и кремата Канестен?
     
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.397
    Допаѓања:
    13.392
    Пол:
    Женски
    Со рецепта се по 10-20 денари, приватно флуконазол е околу 200-250 денари. За кремата не знам да ти кажам, вагиналетите канестен се исто околу 200 денари, така да тука некаде валда е и кремата.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.578
    Со кандида имав проблем со дигестивен тракт, но одамна го решив, а потоа ми се појави во носот, кај бип бип не сум имала проблеми или па не се ни сеќавам за нешто позначително. Ама во носот ми беше најголем проблем бидејќи ми отвараше голема рана од внатре, што не можам да ви опишам кооооолку МНОГУ боли. Не можев да го допрам носот кога се шминкав, лице кога миев, а пак ако требаше да го издувам... хорор. Во сон вртејќи се милион пати се будев од болка. Нон стоп ми беа насолзени очите, па уште и во сезона на алергии... Искрено срам ми беше да се објаснувам, ај ќе кажам алергија, ама за ранава, никој не знаеше, зошто не е страшно,ама ај како да те разберат?

    Е сега последно откритие на свое и туѓо задоволство е магијата на кокосовото масло. Забележав дека кога интензивно го конзумирам, нема ни трага ни глас од кандидата во носот, штом престанам, одма ми се појавуваше. И си се тестирав, месец дена на дневна основа по една лажица, леб, многу слабо и ретко, оти и онака имам проблем со глутенот, исчезна. Не сакав да пишувам ништо тука пред да си го утврдам за сигурно тоа, оти од чиста случајост го открив. Час имам, час немам, викам чекај што поразлично правам кога немам и сфатив дека е до маслото.И освен што го јадев/пиев, мачкав и локално во носот пред спиење.

    Го пренесов знаењево на другарка, која пак имала женски проблем со кандида. Не кантарионово, не канастени, си правела како вагиналети од кокосовото и за недела дена, ни к од кандида, што со ништо друго не и се случувало. Поминати се две недели од тогаш, што никогаш до сега и се нема случено, не се има вратено, обично и се враќала после третиот ден после терапија, гинекологот и рекол, тоа е што е, навикни се, таков ти е имунитетот, не е страшно барем.

    Третиот случај е тетка ми, која исто фатила кандидијаза на дигестивен тракт. Мајка и кажала. Првиот ден првата лажичка парафразирам - ми се чини пекол се случуваше во мене, ми се гадеше, ми се повраќаше, киселини,како да умирам, вториот ден послабо, третиот веќе почуствував леснотија во желудникот, за една недела како нова. Нема уште испитано на лекар до каде е кандидата, ама од тоа како се чувствува, значително е подобра и го немала оној константен умор што го имала претходно.
    Мислам кој си има мака, да си проба со кокосовово нема да згреши.

    Пред да започнете ако ви треба повеќе инфо пишете на гугл и ќе добиете повеќе информации. Плус не знам дали се појавува алергиски реакции од маслово, тоа не сум гуглала и тоа проверете го.
    Еве ви тука едно линкче и има и диета.
    http://coconutoil.com/coconut-oil-and-c ... nfections/

    И успат, пијте МНОГУ ЈОГУРТ И КЕФИР!
     
    На Kom.pot, lunicka, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    10.204
    Абе лекот е 5 пари ама кој да ти го каже. Инаку Лилит јас знам и за случај каде што со кокосово масло лечеле габични инфекции на стапала предизвикани од лоши обувки. Уште еден пример дека стварно делува. Сега деновиве се спремам да го направам и стикот за под пазуви, според рецептот што го стави Анатх. Габичните инфекции се многу клети и скоро неискоренливи и обавезно на намален имунитет се враќаат. Џабе е само хигиена, очигледно исхраната си има исто толкав удел, ама на сите ни текнува од кога ќе отидат работите наопаку.
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Lilit и јас имам слушнато дека кокосовото масло било добро против габичните инфекции кои се мнгу досадни,а и многу често рецидивираат.
    Јогуртот и кефирот јас многу често ги употребувам и имам забележано дека со нивно подолго користење,немам кандида,која порано ми беше постојана.
     
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    kolku pari e kokosovoto maslo i kaj go kupuvate ako moze da mi kazete....
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.578
    It is noteworthy that coconut oil was active against species of Candida at 100% concentration compared to fluconazole. Coconut oil should be used in the treatment of fungal infections in view of emerging drug-resistant Candida species.

    Уште еден интересен факт, веројатно го прочитавте. :)

    Инаку околу 400 денари е тегличка, не сум сигурна колку мл беше. Го има во сите продавници за здрава храна и во карфур го имам видено.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    а што е со кандида во цревата? Има ли некој вакво искуство?
    Каде се набавува тоа кокосово масло и кокосово млеко?
    Помош...станувам очајна
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Промена на исхрана и земање на одредени нехемиски препарати против кандида, има на нет повеќе прогуглај ќе најдеш кои се најефикасни ама исхраната е на прво место по важност.

    Белиот шеќер и било што слатко со висок гликемички индекс се комплетно контраиндицирани.

    Екстра вирџин кокосово масло има во сите продавници за здрава храна цена околу 350 ден за 400 г.

    ПС. Секогаш можеш да земеш и средство од аптека но без промена на исхрана ќе има само краткотраен ефект.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Благодарам Xman!
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
    ааах и јас со овој проблем...лани бев на гинеколог,на преглед и пап и ми кажа кандида дека имам. Ми даде Polyginax вагиналети,си ги употребив и толку, цела година мака немав. Се до пред 3 дена. Почна да ме пецка кога одам во тоалет,и ме чеша цело време.секако и исцедок гледам. Се мијам еве веќе трет ден со камилица и сода бикарбона,по 2 пати дневно, ама не гледам некоја разлика. Незнам дали да си земам нешто од аптека на своја рака, зашто сега на 17ти имам закажано кај гинеколог. Од завчера и дечко ми почна со слични симптоми, ние веќе пола година незаштитени односи имаме, па сега мислам кога ке одам на преглед да му кажам на докторот да ни даде терапија и за двајцата. Некоја ваша препорака,зашто чајот не помага еве веќе 2 дена а исто е,само да не е маст или вагиналети зашто не сум сигурна баш да земам нешто на своја рака. :tmi:
     
  19. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Можеш да земеш канестен 3 вагиналети или маста, јас имам такви користено, но од искуство маста е поефикасна ( според мене). Намали го благото и газираните сокови и грицките. Инаку канестенот јас ги имам земано на своја рака, а мислам дека и други ги земаат. А и не знам дали е во ред да употребуваш сода толку често. Позз
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    гинекс форете вагитории на билна база се или канестен....и на диета малку без благо, јаглехидрати, производи сто содржат квасец, газирани пијалоци, млеко, грицки, многу овошје и зеленцук, јогурт, риба, маслиново масло, лимон во секој случај.....една жена ја слушав пред 1 месец на тв и таа кажа дека чај од босилек со мед и цимет 2пати ден, на гладно сабајле и пред спиење во текот на 1 месец 100% ја уништувало кандидата, колку е точно незнам,немам пробано ама размислувам да пробам само да ми заврси мензисот :) :) :) :) :) :)и тоа чудо да го пробам
     
    На bubamara12345 и curious-doll им се допаѓа ова.