Кремата нистатин е околу 150 ден а оваа кремашто ти ми ја препорачуваш да ја земам на своја рака или мора да биде препишана од лекар?
не мора од лекар да е препишана крема обична е 170 денари некаде беше од зегин, се мачка 1-3 дневно 1-2 недели и многуу е ефикасна
помогнетеее имам кандида зедов канестен се мачкам со него веќе 3 дена али пак малце се смири не е како што ми беше да не знае некој друго освен канестен да земам ??
Долго време се мачам со кандида, и што не сум ставала, испробано неколку видови вагиналетки, и сите исти ефект, одма делуваат и ти поминува ... Но наредниот месец после иа истиот проблем, имам ставано и тампони натопени во jогурт, имам побано и во кантарион.... Се одмива со сода или со камилица. И од сето тоа ефектот е моментален, и наредниот месец пак истото..... Сега решив да се погрижа за имунитетот ..... Кажетеми некои апови за имунитет,,,, или ресепт домашен што ви помогнал. Воедно земам jогурт , благо избегнувам, носам вриен веш, со партнерот заедно примаме терапиа кога ке ми препише гинекологот. На брисевите ми покажува секогаш само кандида
Три рецепти за домашно лечење на кандида Во борбата со оваа здодевна и упорна габична инфекција, покрај лековите кои ќе ви ги препише лекарот, добро ќе ви дојдат и неколку природни рецепти. Габата кандида живее во човечкото тело постојано, но проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува. Затоа, во борба со оваа непријатна појава потребно ви е трпение и упорност. За лечењето да биде поуспешно, ова се природните рецепти кои може да ви помогнат. Вагиналети и измивање Исчистете едно парче бел лук, па потоа низ него провлечете конец со помош на дебела игла, или пак замотајте го во чиста газа. Пред спиење, ставете го како вагиналета, а наутро отстранете го. Добро проверете ја издржливоста на конецот или газата пред да го искористите. Разредете 1 лажица сода бикарбона во чаша провриена вода. Кога ќе се олади, со растворот измијте го интимниот дел. Постапката повторувајте ја 7 дена, а потоа направете пауза. Кантарион Чајот од кантарион е ефикасно средство против кандидата. 1 лажица кантарион прелијте со 2dl зовриена вода и варете 15тина минути. Пијте по ¼ шолја 3 пати во денот. Здрав коктел Состојки: Чаша јогурт 2 чешниња бел лук 1 морков ½ лажица цимет и ѓумбир Изрендајте ги сите состојки и додајте ги во јогуртот. Зачинете, па оставете го да отстои неколку часа. Можете да го консумирате како салата еднаш во денот. Преземено
Девојки јас се мачкав со некоја мешавина од кантарион и ајдучка трева и за три дена ми помина...Ова се случуваше пред 2-3 месеци и еве деновиве некако пак почнува да ме чеша и многу се нервирам ако треба да минувам пак низ истото
Девојки да не читам наназад, кажете ми кои се симптомите кај партнерот, т.е како може да се дознае дека му ја имам пренесено? Денес бев на пап и гиникологот ми кажа дека имам кандида (најверојатно од тоа што цела година пијам антибиотици). Чудно ми е тоа што денес ми го зема брисот и ми кажа за кандидата а резултати нели за две недели Може ли така да забележи дека имам кандида? Прв пат се сретнувам со ова па незнам што како. Инаку некое време чувствувам како повеќе да ми е влажно, одвреме на време ме чеша. Ми даде вагиналети Кансен, прв пат ќе употребувам вагиналети па ќе видиме Ве молам ако некој знае како се препознава кај партнерот да ми каже важмо ми е
Веќе две недели имам чешаље на вагината многу ме чеша, особено кај отворот на вагината, и забележав кај усните нешто како бели наслаги, дали станува збор за кандида ? Да појдам на гинеколог не врувам дека можи многу да ми помогни бидејќи не сум имала до сега односи
Јас имав ист ваков проблем, веројатно беше кандида. Не бев на гинеколог, се измивав редовно со чај од камилица , пиев многу јогурт и избегнував благо. Ми се среди за недела ипол
Девојки и јас имам едно прашање. Имав проблем со кандида...и само ми се активира па ја лечам со канестен (исто па исто ) Сега почнав да пијам секое сабајле лимон со вода и дали тоа можно е на некој начин да ми штети заради тоа што имам кандида? И испирањето со камилица треба само надворешно или и внатре некако?
Devojki ve molam vie sto imate iskustvo pomognete mi go imam istiot problem neznam sto da pravam do sega ne sum se soocila so takvi problemi imam 16 godini pa nemam iskustvo potopolno vo nisto nevina sum dali e mozno kaj mnee da postoi nekakva kandida postojano citam no ne mozam da si pomognam a voopsto ne se sramam sto ve prasuvam vas smetam deka e toa del od sekojdevieto imam ceskanje isto taka pri urinanje me pece i onaka beli ne rani tuku nesto slicno kako luzni na usnicite na vaginata a se bricam.. veke 2 nedeli a mi se ima slucuvano i porano no periodicno sega potoa pak potoa nema nisto itn ne sum povrzana so majkami za da im kazam a ne sakam i da odam na ginokolog a posebno ne sama kazete mi nekoj lek ako znaete ili od sto moze da e toa voopsto nema na ovaa tema komentirano kako moze i dali moze nevina devojka da ima nekoj takvi infekcii ve molam mnogu i vi balgodaram odnapred
Ако мислиш дека е кандида ќе ти кажам не е. Мислам дека не ти одговара да се бричиш, пошто се исфрлаш и те чеша. А кандидата ја има секоја жена и таа не прави проблем освен ако не водите грижа за својот имунитет и за интимната хигиена, без оглед дали сте невини или не.
Значи кандидата не е некаква страшна пренослива инфекција. Кандидата е буквално чешкањето и пецкањето и тоа настанва од многу фактори. Се нарушува ПХ вредноста внатре во вагината. Од влажни марамчиња можи, некои миризливи влошки, сапуни, некои детергенти со кои се пери долната облека, од исхрана, антибиотици, намален имунитет и уште 100000 работи. Можи секој да ја има без разлика дали е сексуално активен. И не е ништо страшно доколку секако се погрижиш за тоа. Немој да се миеш долу со сапунче или други такви препарати освен оние што се наменети баш за тоа. Можиш да пробаш во легенче со вода да туриш 2-3 лајчиња сода бикарбона, или пак јаболкова киселина. И да се измиеш. Ваквите раствори помагат да се обнови нормалната ПХ вредност на вагината. Ако сеуште не ти помине има кремчиња од аптека се купват пример Нистатин, Канестен, Антифугол. И ќе си се мачкаш неколку пати и одма ќе помине ПС: Реков не е сексуално пренослива мислејќи дека може да ти настане без секс иако си невина. А иначе доколку ја имаш и имаш односи се пренесува на партнерот и тогаш треба да се бара третман и за двајцата. Поздрав
Еве конечно да се пофалам дека ја извлеков оваа досаштина од инфекција. Се надевам дека овие кратки и добронамерни совети ќе и помогнат на некоја девојка да си го пронајде мирот од кандидата. Значи во текот на една година променив неколку работи што воопшто не ми беше тешко да ги стекнам како рутина и решив целосно да се ослободам од кандидата - зошо баш на секој пап тест ми се појавуваше. - во однос на хигиената, важно е да ги пеглате гаките зошто веројатно со прашак и омекнувач сите горе-доле переме а за нечија кожа може да бидат ептен непријатни. - избегнувајте антибиотици - важно е за многу причини барем во однос на вагиналната флора која при секоја доза на антибиотици се нарушува - внесете овошје во секојдневниот режим на исхрана (цедено природни сокови се секогаш добредојдени) - природен чај (без шеќер) по можност секој ден 2,3 шољи - помалце благо и повеќе течна храна - може но и немора една доза на пилули екомер или слични (од ајкула што демек биле) - избегнувајте бришење со влажни марамици, шампони за интимна нега па дури и обични гелови за тело кои при туширање лесно поминуваат низ интимниот дел - избегнувајте тампони и при добиено гледајте често да ги менувате улошките (јас лично ги одминувам оние миризливине) - секојдневно пешачете, не се залежувајте - и најважно на крај за ништо не се нервирајте