Сум мислела на орален секс кога се доаѓа во директен контакт на устата со гениталиите бидејќи гениталиите се жариште на инфекцијата на кандидијазата,а не контакт уста со уста,во устата не се наоѓаат бактериите на кандидата,само во гениталиите.
Citav ponazad deka luk pomagalo, dali moze da mi pomogne ako stavam ne tolku dlaboko i ne tolku dolgo vo mene? Ili belo vino na uluska ke mi pomogne li ?
Женски, ште ќе кажите за вагиналетите Канестен? Дали се ефикасни? Зборувам конкретно за кандида која се јавува после антибиотици
Дали оооо дали има нешто подосадно на овој свет? Не е ова можно! Секој два-три месеци, изненадување! Пијам јаки антибиотици заради заб, дупла доза стварно... И ете ја Да не остани самааааааа одма се појави! Не знам веќе како да реагирам, цел ден јадам јогурт, се измив со камилица и сода, си ставив антифугол маст.... Аман! Аман сериозно. Чувствувам дека цел живот ќе си играме играчки со мојата проклета кандида, бидејќи сум нежна и одма настинувам, антибиотици често пијам, а пијам и контрацептивни таблети кои истотака придонесуваат... Ако знаете некој друг домашен ефикасен лек повелете кажете ми, пред да тргнам по вагиналети по 1035943ти пат.
Сакам да прашам , треба да правам микробиолошки испитувања ама одам на гинеколог приватно , прашањето ми беше од каде да земам упут за микробиолошките испитувања ? Дали може матичниот општ лекар да ми даде упут ? Гинеколот ми рече дека тој ќе ми земе брисеви ама упут ми требало за во микробиологија ? Ако знае некој нека сподели фалаа
Ако матичниот гинеколог не сака или не може да ти даде упат за микробиологија тогаш барај од матичниот општ лекар како што ти кажал.
Па технички неможе бидејќи не ми е матичен, сеуште немам матичен на приватно одам, затоа ме интересираше дали матичниот општ лекар може да ми даде упут фала на одговорот
@s1a1n1d1r1a1 Јас обично кога пијам антибиотици паралелно со нив пијам и Lactogyn. До сега не ми се случило да ми се појави кандида во текот и после терапијата. Но јас пак ретко настинувам (максимално еднаш во годината да пијам антибиотици) така да може и да е до самиот организам а да не до апчињата. Сепак, можеш да се консултираш со гинеколог можеби ќе ти помогнат.
Ама овај пат пиев многу јаки антибиотици. Прво испив цела доза цефалексин, и потоа не ми помина сеуште забоболката и мораше забарката да ми напише и Вибрамицин, Тие се многу јаки и не се изненадив кога ми се јави кандидата очекувано беше..Ми препорачаја да пијам и витамин Б6, помагало за кандида па ете и тоа пијам... Ако не ми помине уште овие дена одам на гинеколог. Макар што овај пат да не ја заречам, не е толку интензивна.
Девојки имам едно прашање до вас .. Со дечко ми имавме однос во саботата на добиено со кондом кој беше стоен во кола од летоска .. утредента имав црвени и отечени уснички и многу ме чешаше .. бев на гинеколог и ми дадоа Канестен 3 вагиналети, апчиња Lactogyn и исти таков сапун .. Вчера вечета ми беше последна вагиналета но јас уште имам црвено околу вагиналниот отвор но немам чешање а од апчињата имам уште 5дена да пијам по една капсула .. на дечко ми му се појави тек вчера и тоа како ранички кој се љупат и зема да се мачка со канестен 3 маст. Сакам да ми кажете дали е можно кандида да сме фатиле од кондомот кој летоска стоел на топло во кола а зимоска на минусни температури .. и дали е можно после последната вагиналета да не ми помине кандидата ? Фала однапред
Не е можно од кондомот да сте фатиле кандида затоа што кандидата се создава само во жив организам. Најверојатно на киндомот му поминал рокот па затоа ви се ититирала кожата. Му кажа на гиникологот за кондомот? Ако си му кажала тогаш е ок, продолжи со терапијата и се ќе биде ок, ако не си му кажала тогаш да одиш и да му кажеш и за тебе и за дечко ти. Ќе ви даде и на двајцата соодветна терапија.
Абе после секој антибиотик земи си Fluconazol едно апче е тоа и не е ни скапо 40-50 денари, а стварно помага за да не се направи кандида.. и + обавезно Б - комплекс
Неколку работи на што треба да обрнете внимание на сите вас кои што ви се појавува вулвовагинална кандидијаза се: 1. Нивото на шеќер во крвта(доколку често ви се појавува треба да го мерите шекерот во крвта) Инаку кандидија настанува поради зголемување на пх на вагина поради уништување на лакто бацилот кој што создава млечна киселина од шекер и со тоа ја закиселува вагината така да сода,вино лук и триста други чуда од страна на бабски лекови не вервам да помагаат мегутоа за да ја намалите пх на вагината треба да правите промивки секој ден со разблажен јаболков оцет некој поквалитетен и поскап и не многу 2 лажици (30-40 мл) во литар и пол млака вода неколку пати на ден и потоа треба да користите и вагиналети со бактериски култури(пробиотици) промивки не подолго од 10 дена а пробиотици па 2-3 недели. Ова е единствено нешто за кое што сметам дека може да помогне
имам и ми препишаа бетадине вагиналете, една доза од 7 употребив сега втората 7, само дали додека ги консумирам може да користам алкохол?
Здраво!!!! Сакам да ми кажете некои таблети за имунитет пошто од кандидава не можам да се ослободам веќе 7 месеци, кога ја има кога не ставав вагинални канестен и неопенетран мислам дека се викаа несум сигурна, исто така и со сопругот исипивме по една таблета од флуконазол немав околу 2 месеци и сега пак исто.Да напоменам дека се миам со сода и мачкам со маст канестен а исто така имам и ешерихија во мокрачата и затоа мислам дека е сето до имунитетот па ве замолувам ако некоја знае како да го подобрам да ми пиши.
@milaaaaa84 не ти требаат таблети за да ја ставиш под конторла кандидата и да го подобриш имуниот систем. Земи ладно цедено кокосово масло (extra virgin) и некој квалитетен пробиотик. Маслото има силни антимикотични својства и го подобрува имунитетот, додека пробиотиците ќе помогнат во воспоставување на баланс на флората во дигестивниот тракт или поедноставно кажано, „добрите“ бактерии од пробиотикот од внатре ќе се изборат со кандидата во цревата. Исто така, мора да направите и некои измени во начинот на исхрана. Заборавете на леб, пецива и тестенини, алкохол, шеќер и сите можни замени за шеќер (мед, агаве итн.), сувомеснато, кечап, мајонез, сенф, соја, кикирики, сите видови на печурки, скробен зеленчук (компир, морков...), млеко и млечни производи (дозволени се само ферментираните: јогурт, кисело млеко, кефир) итн.Сигурно, веќе се прашуваш што преостанува за јадење. Има што да се јаде и тоа како. Да не должам многу, убаво прочешлај го овој сајт: http://www.thecandidadiet.com/ Покрај тоа, што рекламираат свои продукти, има многу корисни совети, а и рецепти, кои за почеток ќе ти дадат насока во исхраната, а потоа, кога ќе ги совладаш основите и принципите, верувај ми и сама ќе си креираш рецепти од дозволените продукти. Но, најважен е пристапот и ставот со кој ќе стартуваш. Ако уште од старт почнеш со помислата „Ова е претешко, нема да успеам“, најверојатно и нема да успееш. Не гледај на ова како на диета, туку како на трајни промени во начинот на исхраната, твоја и на твоето семејство. Придобивките нема да изостанат.