Девојки ај совет Имам кандида, бев на гинеколог и ми даде канестен 3 вагиналети.Вчера ми заврши третиот ден, но првите два мислам дека вагиналетите не се растворија убаво па така и не верувам дека имало воопшто некој ефект.Гуглав, читав по форуми и сега се мислам дали да испијам флуксоназол апче или да продолжам уште три дена со канестен 3 крем? Прашувам зашто мојот гинеколог во меѓувреме е отиден на одмор, а сакам веднаш да си продолжам со лечењето.Сестрата во ординацијата ми беше како падната од Марс кога ја прашав што да правам, па решив тука да се обратам.
Имам едно прашање?!?!?! Од синојка очнав да ставам вагиналети Вагисан и сабајле кога станав имав водест исцедок и подоцна уште на два пати ми истече,но тие два пати беше сосема по малку,но првиот пат убаво си потече дури и се подисплашив. Дали има некоја со вакво искуство???
Пред да идам на гинеколог Имав внатрешно чешање и исцедок прозирен без мирис со бели гритчиња низ него. Бев на гинеколог пред 4 месеци и ми кажа дека немам никакви инфекции ниту пак никакви промени на грлото на матката. Според овие симптоми тогаш ми даде гинодактарин, ама немав никакво подобрување. После тоа ми даде да пијам дифлазон три апчиња за време на циклус и по завршување на циклусот да ставам канестен вагиналети. Ми рече дека ако нема подобрување да ја повторам терапијата. Ја повторив и пак немав никакво подобрување. Ставав вагиналети (сама си ги земав) на база на кантарион и малце за нијанса ми помина внатрешното чешање (ми се појавуваше само еднаш до два пати на ден да ме зачеша). Е сега имам партнер и после две недели од односи почна да ме чеша надворешно, усните ми се отечени и болни а ме боли и чеша и околу вагиналниот отвор. Знам дека е кандида меѓутоа би сакала да ве прашам за совет што да земам да ставам/пијам а и дечко ми исто?? Он нема никакви симпоми. Моментално се мачкам со канестен маст за надворешно. Мака мачам веќе подолг период со кандидата ама не е толку страшно како сега што ме чеша надворешно и внатрешно. Совет?
И јас исто дуρи и се исплашив да не пуκнал водењаκот, толκу ми пρотече κо вода ми се линеше по нозете и се пρеплашив. Ама од вагиналетите е, бев и на κонтρола κај гин.
Девојки, помош Се сомневам дека имам кандида, но симптомиве некако не ми се поклопуваат. 2-3 дена чувствувам чешање, но не чувствував печење при мокрење, ниту пак имав бел исцедок. Од вчера приметив малку пецкање и водест проѕирен исцедок без мирис. Денес приметив дека имам нешто бело окулу отворот на вагината, со влажно марамче се тргна, веројатно беше бело прање. Планирам да си купам чај од камилица да се мијам со него, сакав да слушнам ваше мислење дали се работи за кандида или нешто друго. И совет што да користам за да ми помине.
Здраво девојки И јас со истата мака. Кандида лечам со месеци. Многу ретко имам внатрешно чешање ама константно во помали или поголеми количини имам густ бел исцедок.... Сум пробала секакви вагиналети од канестен, полигинакс, гинодактарин, таблети лактогин, тампони со јогурт со кантарион ама исцедокот не исчезнува. Моментално примам вагиналети ројазол, сируп за зајакнување на имунитет, многу јогурт и од таа салатата што е за кандида, носам само памучен долен веш, избегнувам танги и секојдневни влошки.... Незнам каков ќе биде резултатот. Помогнете кои се најјаки вагиналети, или незнам некој друг лек што ви помогнал да ја откачите оваа досадна габа..... Секој совет ќе биде од корист. Ви благодарам Alyson и Panki.Friik пробајте измивање со камилица, доколку тоа не ви помогне купете си канестен маст доколку чешањето е надворешно, а доколку чувствувате внатрешно чешање одете на гинеколог додека инфекцијата не се прошири уште повеќе..
Zdravo devojki....i jas imam kandida i zemav od tie vaginaletite Kanesten 3 i od vcera pocnav so terapijata,odma osetiv deka mi e podobro i se toa ama pa denes sabajleto dobiv menstruacija iako mi kasnese 10dena sum slusnala i od kandida moze da kasni...e sea bidejki imam uste 2vaginaleti znaci ne mi e zavrsena terapijata poradi menstruacijata...prasanjeto mi e dali koga ke mi zavrshi da pocnam pak so vaginaletite odnosno tie 2 sto ostanaa? ve molam za odgovor
Да, треба да продолжиш штом ти заврши менструацијата. П.с колку чинат канестен 3 вагиналетите, и канестен кремата? Одамна не сум имала потреба, но сега ќе земам вагиналети за мене, крем за момчето
Девојки од каде ви се бре информацииве дека не смее никако секс додека се примаат вагиналетки? Не смее многу нормално првите 10-15 минути од кога ќе се стави апчето(не гледам причина зошто да не имате односи па пред легнување да си стајте вагиналетка). Вагиналетките ќе си го имаат истиот ефект, КОНДОМОТ нема да го има. Тоа го пишува во секое упатство кај канестенот дека може да имате однос но да пазите дека многу од состојките на вагиналетките не се сакаат со латексот па може да дојде до лесно пукање на кондом. Но ако си имате дечко и си имате доверба во него слободно колку за превенција и он да не фати кандида можете да користите кондоми и да имате односи.
Девојки, правев пап тест и резултатите покажуваат дека немам никаква инфекција.Јас мислев дека имам кандида бидејќи константно имам бел исцедок и ретко чешање... Дали знаете што би можело да биди?
Eve nekolku prirodni nacini na cistenje vaginalni bakterii: Три пати неделно, во текот на две недели, мијте ја вагината со раствор од две лажици бел дестилиран оцет во 1 литар вода. Во случај на многу упорни инфекции, додадете едно мелено чешне лук. Вашата отпорност ќе биде поголема ако консумирате брусница или чај од брусница. Можете да ги купите во било која аптека. Исто така, препорачливо е да ги пеглате вашиот гаќи, како и да уринирате по сексуалниот однос. Истурете 1 литар врела вода во сад каде предходно ќе ставите една лажица од жен-шен и едно сецкано чешне лук. Кога ќе се олади, замивајте се со него секој ден во текот на една недела. Srekno!
Ги имав сите симтоми на кандида. Чешање и печење, бел исцедок од вагината. Ги користев и вагиналетите. Сега е подобро. Но имав однос со партнерот и во последниве два дена на гаќичките забележав бледо розева крв и како мали парченца низ неа. Знае ли некој што може да биде тоа? Благодарам.
Девојки денес бев на гинеколог и ми кажа дека имам кандида и ми препиша антифунгол крем ,флуконазол капсула и ројазол вагиналети.Е сеа проблемот е што ројазол вагиналетите ги нема по аптеките,па сакав да ве прашам дали може да ми кажете некои други ефикасни и дали има вагиналети за ова преку рецепта или сите одат на приватно?