Да, може скроз, но ова не е како прележана болест која никогаш повеќе неможеш да ја фатиш. Кога не внимаваме, често се намножува кандидата, и тоа е тоа. Да се треснеме од земја не можеме Јас сум многу склона на кандида, и барем три пати во годината ја лечам.
Според тоа што имам слушано совети од нутриционисти велат овошје да не се конзумира поради шеќерите, ќе си кркаш само зеленчук, помалку млечни производи.
Како ли ке се издржи не знам дали мене ми се причинува , али од сношти па денес со јогуртот јадев и лук , и почнува да се намалува и да ја снемува , инаку јас ја имам и на лицето ... Само незнам до кога би издржала со режимов што се покажа како добар .
Здраво девојки, жени... Значи вака, правев пап тест и испадна дека имам клеточни промени и се сомневаат на хпв вирусот и затоа правев и типизација за која сеуште го чекам резултатот. Инаку јас имав симптоми на кандида и затоа ми зедоа и вагинален брис за да се испита кандида и излезе дека ја имам. Е сега гинекологот ми препиша вагиналети канестен 3 , две дози , што значи треба 6 вечери. 3 веќе употребив но мојот проблем е што јас повеќе немам симптоми на кандида и ми е многу суво , вагиналетите не се растопуваат иако ги ставам колку што можам подлабоко. Во текот на денот на гаките имам бел густ исцедок ( всушност тоа е вагиналетата). Некој совет , искуство дали е тоа исправно , дали треба да потече или не . Фала и извинете на долгиот пост.
Нормално е да излезе дел од вагиналетите, не може да се задржи се внатре . Не престанувај да ги уоптребуваш . Менувај веш , памучен. Вниматено ставај , не мора за една секунда да трае тоа , ако треба 3 минути ама полека.
Фала ти за одговорот @Petra777 , Вагиналетите имаат и апликатор со нив, така да ептен внимателно ги ставам, но сепак мислам дека имам недостаток на влажност и затоа не се топи како што треба.
Мене ми помина за неколку дена кандидата , мислам го снема црвенилото , чешањето , непријатната миризба , исцедокот и итн. Само со диета и со мн лук
Сакам да ве прашам која е разликата на канестен 3 вагиналетки и канестен 1 вагиналетка? Побрзо дејство или..?
... има некој проблем во испитување на Папаниколау тест , малку по комплицирано не можам да објаснам сега , но јас сум сигурна дека ТИ НЕМАШ ХПВ вирус ниту клеточни промени , едноставно тоа е резултат на присуство на кандидата , инаку вагиналети можат да имаат различна форма ( овална , конусна , торпедо итн ) но сите се ставаат на едно место длабоко во вагината и тоа навечер кога се легнува во кревет (а се завршени сите физиолшкии козметички потреби & вечер без сексуален однос) предходно може истата малку да се намокри и малку да се задржи во рака да би се нашата топлина пренесе малку на вагиналетата која станува малку ,,помека,, доколку се има проблем со сувоста на вагината предходно малку се пробува во вагината со прст неколку пати да би се природно малку адаптирало влезот во вагината да би се после внесла вагиналетата и цел прст би се внел... или со аликатор односно прстот го заменува едно ,,пластично стапче ,, кое се внесува внимателно до крај на вагината па се притиска со прст крајот како ,,на шприц,, и со тоа се истуркува вагиналетата најдалбоко во материцата каде и ќе се истопи и делува... ...вагиналетата во текот на ноќта додека се спие таа ќе се истопи и ќе се ресорбира од слузницата , но најчесто останува делови кои во текот на денот или сабајле веќе испаднале на гаките што не треба да биде грижа, инаку најчесто се лечи до 3 дена затоа се три вагиналете , но ако се сака 6 дена (мислејќи за повратна инфекција па да биде подолго лечење од три на шест дена) автоматски дозата на лекот мора да се намали ( види на кутијата што пишува? 100 mg clotrimazol ) има форма на вагиналета со јачина послаба од таа х 3 и тоа за 6 дена вагиналетите СОДРЖАТ 100 mg clotrimazol 6 х 100 mg = 600 mg, но не Canesten 3 ( една вагиналета содржи 200 mg clotrimazol прочитај на кутијата на сликата) да се користи 6 дена двојно пакување едно по друго 200 mg clotrimazol х 6 = 1200 mg и тоа мислам дека е премногу !
...разликата е во јачината на clotrimazol : - ударна доза доза на лечење, еднократно ставање и најака доза од 500 mg clotrimazol - еден ден ! - нормална доза на лечење , најприменета од 200 mg clotrimazol - три дена ! - пролонгирано поради повратна инфекција од 100 mg clotrimazol шест дена ! сите овие форми можат да бидат попратени односно комбинирани - COMBI со маст !
Здраво @bijonse , на мојот резултат од типизација сепак испадна дека имам хпв и тоа високоризичен тип 31, докторот ми препиша вагиналети ацидосалус и таблети изопринозин за подобрување на имунитетот , да ги користам 2 месеци па да правам контрола. Се надевам дека ќе има подобрување. Поздрав
До сега 2 пати ми се има појавено, прв пат пред 3 години и втор пат пред 2. Еве сега ми се појави по 3 пат. Како и тогаш, така и сега, пробувам прво на природен начин да ја решам. Под "природен" начин мислам на: изоставување на шеќер и бело брашно, зголемена количина на пиење јогурт и промивање со сода. Минатите 2 пати не ми успеа, а гледам дека нема ни овој пат да ми успее, зошто од вчера од кога ми се појави, ми се влоши ситуацијата. Така да, бидејќи претходно го решавав проблемот со флуконазол, така ќе направам и сега. Се надевам ќе помогне повторно.
Едно прашање: треба да искористам 6 вагинални капсули polygynax, по 1 - 6 дена. Потоа, треба да направам пауза од 6 дена и на 6-тиот ден од паузата повторно на г. за уште еден брис. 6-тиот ден на пауза сум требала да го тајмирам да биде среда или четврток, што значи, наредната среда која можам да ја искористам за брис е тек на 7ми декември. Прашањето ми е: дали смеам да почнам со користење на капсулите уште утре вечер и со тоа паузата наместо 6 дена да ми биде 10 или стриктно морам да тајмирам, односно, морам да чекам уште 4 дена за почеток на користење? Проблемот е што симптомите ми пречат претерано и би сакала веднаш да започнам со терапија.
Zenskin od ponedelnikot vaginata mnogu me cesa a imam i belo pranje najverojatno sum dobila kandida..Bi ve prasala za nekoja mast ili vaginaletki koi mozam da gi kupam bez recepta ? Ve molam za pobrz odgovor posto ova ne se izdrzuva
A vo apteka da gi pobaram kako kanesten mast i kanesten vaginaletki taka? Prasuvam oti prv pat imam vakva potreba da ne se izglupiram da pobaram nesto treto..
Денес бев на преглед и имам кандида и тоа убаво се размножила, докторката вика "Уф ова е премногу бело прање". Е да,премногу е не му обрнував многу внимание до сега,но одсега натаму.. Ми препиша ваг.Гино-дактарин, таб.Дифлуконазол 150мг и ваг.Пробаланс лејди. Благо никако да не јадам. Освен ова,дополнително што би можела да ставам за да ја намалам барем? Сода со вода,камилица?
... тоа всушност сакав да го кажам додека не се острани присуството на кандида не смее да се зема здраво за готово резултатите од типизација, не знам зошто не укажуваат на таа можност не земајќи го предвид тој период на пацинетката што може и психолошки проблем да има поради сознавање на таков резултат на висок ризик кој укажува во понатамошно толкување промени од бенигнен или малигнен тип , па потоа соодветната терапија се острани кандидата се прави повторно тестот и воала исчезнаа позитивноста на хпв и промените на клетките... затоа мој совет немој да бидеш разочарана терај со терапијата што ја имаш која ти е токму за остранување на кандида како индикација покрај други бактериски и вирусни инфекции( а не како велиш ти за имунитетот) и направи пак тест... ќе бидеш изненадена од резултатот