1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандида

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malaaa, 22 декември 2009.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    па немам слушнато да има било какви последици а вагиналетите се за сите возрасти, за сите сексуално активни личности
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Пред 2 недели бев на гинеколог. Ми кажаја дека левиот јајник ми е полицистичен и испитував крв, урина и вагинален брис. Крвта слаба, бактерија во урината и кандида ми најдоја. :worried:
    И сега гинекологов ми препиша само Norfloxacin и Cysticare за бактеријата, а за канидата ништо. Потоа разговарав со тетка ми и ми рече дека вагиналетите не ги препишувале на адолесценти демек, затоа ништо не ми дала. Додуша ме праша дали имам чешање за да ми даде маст, ама бидејќи немав ништо не ми даде... :worried:
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.548
    Допаѓања:
    8.240
    Пол:
    Женски
    Дали сексуално неактивна личност може да добие кандида и да има големо задоцнување на менструацијата од неа?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    ^^Кандидата не е полово пренослива болест (иако може да се пренесе и на тој начин) туку се работи за габичка која е нормално присутна во здрав организам без да предизвика проблеми. Претставува дел од вагиналната флора кај голем број жени. Се активира при промена на киселоста на вагината, поточно кога има промени во составот на вагиналната флора. Може да се јави при користење на јаки антибиотици, премногу консумирање слатко или шеќерна болест, при користење на контрацептиви (естрогени). Носење тесна облека, користење на парфимирани интимни средства и парфеми за интимните делови, користење на парфимирани секојдневни влошки, синтетичка долна облека - се се тоа фактори кои влијаат на тоа да се активира кандидата.
    Може и самата менструација да биде причина за појава на кандида, а ретко иако е малку веројатно - може и кандидата да предизвика доцнење на менструацијата. Чешање, црвени вагинални усни, бел исцедок како цели парчиња со неодреден (но не и непријатен) мирис, понекогаш и пецкање при мокрење - се тоа може да биде симптом за кандида.
    Лек? Антимикотици, ама претходно да се утврди дека се работи за кандида - масти Канестен, Дактарин за локална употреба, вагиналети Канестен кај полово активни девојки и жени, а ако е потребна системска терапија, може и Флажил. Ама само со препорака од лекар, и после земен брис. За испирање - чај од камилица, чај од жалфија, може малку растворена сода бикарбона.
     
  5. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Јас се мачкам со канестен а не бев на гениколог... не може да има штетни последици??
    Според симптомите таа е пак :wasntme:
     
  6. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Не напротив додека да најдеш време за гиниколог,подобро е да се измиеш со раствор од сода и да се мачкаш со канестен.Така ми кажа докторката мене кога ми се јави по втор пат :tmi: .Сигурно нема да има жтетни последици :)
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.548
    Допаѓања:
    8.240
    Пол:
    Женски

    А лижалче,јас сум уште сексуално неактивна...Мислам дека имам кандида според симптомите.Сакав да те прашам дали е можно од кандидата да ми касни менструацијата.Веќе осум дена ми касни :worried:
    И што можам да користам за да не ме печи толку?
     
  8. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Не знам не сум запознаена со таа тема мило, ама еден многу добар пост од анат и има све убаво објаснето... Иначе ја предходно имав ама тогаш ептен многу ме чешаше, значи чешање ама она здраво, неиздржливо.. и бев и ми препишаа вагиналети, канестен маст, и една капсула... и овој пат неам време да идам и си се мачкам сама... па ќе видам дали ке се подобри, ама овој пат не ме чеша толку, само имам густ, урдест исцедок...
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Багуфче може да е кандида, од многу работи може да се појави.
    Јас користев расвор од сода бикарбона во млака вода. Се одмиваш неколку пати во денот, и ќе се повлече полека.
    Мене за два три дена ми помина.
     
  10. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    И на една моја другарка била на гинеколог и така и кажал со сода бикарбона да се премива и навистина и поминало. Позз
     
  11. SSonja

    SSonja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Сода бикарбона.....хм.....интересно!Сепак воопшто не би се сложила,зошто верувале или не,има минимум 10 други поучинковити решенија за кандидијазата.На прво место би ја ставила ајдучката трева за оние девојки кои не се сексуално активни,кај кои едноставно бања од оваа билка прави чуда.За останатите дами,најтопло би ви препорачала превентивно Vag.Betadine(се употребуваат после однос или два до три пати неделно).Исто така како превентивна терапија се и вагиналети од чајно дрво или вагиналети со масло од ревансара,можат да се најдат во секоја аптека и се многу добри.И овие исто се користат два до три пати неделно,зависно од сексуалната активност.Кога проблемот е активен,мора најпрво да се исклучи можно присуство на мешана инфекција.Ако е само кандида,тогаш терапија од Caneste3,па седум дена пауза па повторно Canesten3,е дефинитивно победничка комбинација.Инаку ова е многу често проблем кој го имаат жените,и изискува доста трпение,но никако не треба да го изоставиме и партнерот.Нашиот проблем е што не сме навикнати на превенција посебно во гинекологијата,која во светот и те како се практикува.Затоа вагиналети драги мои,не сода бикарона е решението.Поздравче ;)
     
  12. zagrizena23

    zagrizena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    SSonja a za ajduckata treva kazimi nesto poveke i jas ja imam ak ne sum seksualno aktivna toj caj se pie ili e za odmivanje bidejki i jas imam slusanto za nego ama ne znam dali e za miene ili za pienje.Jas bev na ginekolog i mi zede bris i sega gi cekam rezultatite ponedelnik ke odam da gi zemam a ginekologt mi kaza deka ne e nisto strasno deka ne moze da e strasno bidejki sum nemala sekusalni odnosi ne moze da e nekoja takava infekcija no jas ovaa kandidata si ja imam mnogu vreme imam probano porano i so difluzol mislam deka se vikaa apcinjata no togas za togas posle pak se vrati:(
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Кандидијазата не е воопшто ништо страшно, само што е многу непријатна и според симптомите делува како некоја болест. Како што кажа Анатх, кандидата е бактерија која е присутна кај сите, но безброј причини можат да го нарушат нејзиниот ‘мирен живот ’ во вагината, па од таму и појавата на тие симптоми. Таа може да се активира дури и кога претерано се мијат гениталиите со што се нарушува нивната pH вредност.
    Најдобар природен лек е измивањето со чај од камилица... исто корисно е да се пие многу јогурт и кисело млеко. Уште еден рецепт... на влошка ( за невините ) или на тампон ставете кисело млеко и ставете го во вагината. Има значителен ефект.
    И да, Багуф4е може да ти доцни местурација поради кандидата.
     
  14. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Бев после работа денес на гиниколог, и ми даде една вагиналетка канестен, ама така една се продава, не на пример од повеке само една да ставам туку така само една си е :D
    и прееска ја стаив, и мирував три саата, ама многу имав непријатно чувство доле, како печење.. нормално е тоа или?
    зашто кога примав едни други ништо не ми се дешаваше... :wasntme:
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски


    srce zemi si polyginacs i uzivaj , ni k ke nema od kandidata , jas sum prezadovolna , se kupuva bez recept :!:
     
  16. SSonja

    SSonja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0



    Не би се согласила за полигинахот.И на самото упатство е наведено дека најдобар ефект имаат кај мешани инфекции.Во колку имаш непријатно чувствоод канестенот,тоа е само доказ дека не е вистинската вагиналета,можеби треба да се обидеш со нешто на билна база,пример вагиналето со масло од чајно дрво,мене многу ми помагаат.
     
  17. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Па ми ја препиша гениколог, како може да не биде правилна? Иначе сабајлево цела вагиналета ми беше на гаките, секако стопена... дали треба тоа така да биде или.... треба да остане внатре??????????
     
  18. sentimental

    sentimental Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    treba vaginaletasta da ja stavis podlaboko a ginekologot sigurno znae najdobro sto ti prepisal zasto iskusen ginekolog znae dali e mesana ili ne t.e. dali gabicnata infekcija e pridruzena so bakteriska ;)
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    да наутро течат тоа треба да си го знаеш при користење на сите вагиналети пред да ги ставиш стави си секојдневна.
    и тие што ке користат вагиналетици на база на јод нека ставаат нормални улошки затоа што многу тече одкога ќе станете а јодот не се пере
     
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    7.849
    Не е нормално да имаш печење кога ставаш вагиналети, тоа знаци оти имаш алергија на некоја од состојките што ги содржи вагиналетите побргу обрати се нагинеколог и кажи да ти ја смени терапијата бидејќи не ти одговара, инаку и јас имам проблеми со кандидата, а најдобар лек се пробиотиците па имам користено секоја вечер тампон натопен во јогурт, бидејки сум алергична на поголем дел од лековите кои се користат за кандида како канестен и вагиналети со кантарион(можеби делува чудно, но има ефекти имам читано обемна литература, а и имам испитано на споствена кожа)