... зависи која возраст си и дали имаш партнер и дали ќе абстинираш цело време додека се лекуваш, ако не.. не знам дали ти ја кажаа опцијата на пренесување пинг понг кандида и тогаш би требало и твојот партнер еднократно да испие антимикотик
@bijonse Го прочитав коментарот пред мене што си го пишала, дали тоа значи дека и на моите тестови од типизацијата би појавило нешто што всушност ќе биде "лажно" заради кандидата? Бидејќи денеска ми правеа и типизација и во исто време ја откри и Кандидата.. Ќе земам и за партнерот антимикотик за да нема пинг понг
Да! во многу случаеви процентот е висок на повлекување со средување на кандида, а и други гливични инфекции даваат исти реакции на тие тестови и затоа во име на психолошкото пореметување на здравата особа која веднаш ќе помисли на најлошото, треба да се провери дали има и истите се остранат прво овие гливични инфекции, па после на ,,чисто,, без габични ем кандида инфекција ако повторно имаме промена на тие тестови тогаш веќе се разговара за можност и присуство на ХПВ и промените што ги прави со различни стадиуми на тој женствен дел ...
Zdravo feminki prv pat se srekavam so ovoj problem imam HPV i kondiloma pa nesto da mi pomognete ako sakate nekoe iskustvo kako da se spravam so ova Vi blagodaram
Сега видов дека пред 2 недели си пишувала. За кондиломите ти кажувам од лично искуство - само кремот WARTEC да го набавиш. Го имало во Солун, мене ми го донесоа од Германија 5 еур беше. Спас невиден - се мачкаш по шемата во самиот крем. Не си барак играчки со киселини или горење (ако веќе не си пробала)
Има негде околу 10 дена, осетив чудно пецкање таму долу се миев со камилица но некако не ми поминуваше, чудно пецкање и шешкање на усните и внатре во отворот. Зедов канестен маст се мачкав 2-3 парти, ми дојде малку подобро но чудното чувство и шешкањето во вагиналниот отвор ме плашат. Чекам да ми дојди деновиве онаа црвена работа па да одам на гинеколог. Дали станува збор за кандида, или нешти друго по симптомвиве. Што можам друго да мачкам додека одам на гинеколог. Сигурно ќе поминат уште 7-10 дена... ќе си умрам до тогаш
Вака од мое искуство општо со вагинални проблеми. Една докторка ми кажа и у право беше жената, кога имаш нешто тоа е зошто имаш повеќе лоши бактерии во флората од добри, освен ако е нешто заразно, но и тогаш самата бактерија или што и да е нарушува се, и ќе ти се одрази на овој или оној начин, затоа што одбранбениот систем е опаднат. Ми препиша пробиотици, али специјални за вагинална флора, сега тие веќе ги нема кај нас па земав од друга фирма. Мој личен пример добив некоја бактерија што се добива од намален имунитет или нешто така, ја излечив таман, следен месец добив страшна кандида од цефалексин. Во апчињава ги има истите бактерии што ги има во јогуртот, али билион се во една капсула, и плус уште едни. Покрај терапијата што ќе ви ја препишат било за што да е, да си земете и ова и да го пиете на глдно секое сабајле два, три месеци, значи што е можно подолго, зошто џабе ако излечите нешто и флората си остане пореметена, по некое време или пак ќе се јави или нешто друго ќе се појави. Еве ја овие ги најдов сега
Ги имам пиено истиот совет ми го кажа и мојата докторка и ми ги препиша овие навистина делува.Не се штетни за организмот и имунитетот го покачуват,некои бактерии се појавуват поради опаднат имунитет и треба мн време за да се избориме со тие
1. Што може да се случи доколку не ја лекуваш кандидата? 2. Дали може да помине сама од себе ако почнеш да внесуваш многу витамини и пиеш јогурт?
Мене пак ми се повтори, не верував дека е толку досадна !! Масло од диво оригано дали ќе ја елиминира ? Пробал некој? Мора ли стално на гинеколог да одам или може истата терапија (Гинодактарин) да си ја земам на своја рака кога ќе се појави пак?
Му имаат на некого помогнато вагиналетките од кантарион? Бирајќи помеѓу Дифлукан за орална употреба едно апче, вагиналети од кантарион или флажил таблети кој пробал што е најефикасно? на гинеколог нема термин а несакам да одам кај друг гинеколог и ве молам за помош? Што да земам од што највеќе ќе ми помине бидејќи се мијам со камилица не ми поминува.
Микорил или Канестен вагиналети. И едните и другите се направени од истата состојка, само што првите може да одат и на рецепт и се околу 80-90 денари, без рецепт околу 120 денари, а канестенот се малку поскапи. Инаку едно исто е. Ако те чеша многу и од надвор земи си и канестен маст. Вагиналети има 3 во едно пакување се ставаат по една вагиналета три вечери пред спиење. За превентива после тие три дена одмивај се само со вода, не користи парфимирана тоалетна хартија, некогаш може да се измиеш со малку сода бихарбона ама ептен ретко, не користи влажни марамици, обавезно памучна долна облека и никакви интимни гелови, спрејови или креми. Од исхрана помалку зачинета храна и шеќери.
Кандидата има свои фази на развој и доколку не се лекува ќе доведе до многу силен, непријатен и неподнослив мирис. Чешањето исто така е пропратно со кандидата. Најдобро се лекува со Микорил или Канестен вагиналети. Јогуртот служи како превенција за кандида и ублажување на истата.
Можеш да си ја земеш истата терапија. А како превенција за да не се појави пак: одмивај се само со вода, никако интимни гелови, спрејови и креми, памучна долна облека, никако парфимирана тоалетна хартија или влажни марамици, ептен ретко одмивај се со малку сода бихарбона или со камилица, долната облека да е секогаш сува и интимата секогаш сува при облекувањето на долна облека, избегнувај зачинета, мрсна и блага храна и внесувај повеќе јогурт. Навистина помагаат овие работи да се спречи повторната појава.
Срцко, ги имам пробано Канестенот и маста еве уште имам дома пред некој месец купував, а и вагиналети ми имаат помогнато ама после пак ми се појави. Си зедов 7 вагиналети од кантарион и плус ќе се одмивам со камилица и ќе кажам резултати.Можно е да сум алергична на некој овошни кондоми т.е со вкусови?
Мислам дека не, но не можам да тврдам со сигурност. Може да е причина да се појават и нови инфекции бидејќи веќе заболено место е поподложно на инфекции. А зошто не би ја третирала, само три дена се во прашање.