Ги знам . Ги имам . Но немав некое особено фајде од нив .. освен што фиоката ми ја парфемисаа . Демек влечеле све .. кај мене го немаше тој ефект . Додека ја носам влошката чувствував некое лаадење.. но кандидата моја не реагираше на Тианде. Инаку се порачуваат од некои што се зачленети во таа фирма или козметика тианде и не беа скапи. Не ме фаќајте за збор ама 300~350 ден беа. Што знам ама ова со кантарионово масло да го пробам . Читам по форумите се решиле од ѕверот..
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1844572909195501&substory_index=0&id=1520351921617603 Еве ти види си убаво.
Знае некој на колку време може да се пиете таблетана? Ја заборавив како се вика онаа една што е. На 18ти Мај се напив една сега сакав пак, ама дан е многу набрзо?
Здраво. Во мојов случај незнам што да мислам, незнам дали е кандида или трихомона или гонореа. Имав односи со дечкото и после тоа преминаа промените, отпочеток имав чуден исцедок понекогаш намирисуваше на јогурт имав и кратко чешање но тоа ми помина..Сега немам некој си специфичен мирис само е жолтеникав и се лачи во поголеми количини. Дадов мокрача и крв пред некое време докторот рече според ова не гледам некоја бактериска инфекција, но имам силно воспаление и ми препиша Панклав и Канестен крема. Последно време чувствувам тапа болка во стомакот онака при палпација, сега незнам дали е од антибиотикот, пошто сеуште го примам..Немам матичен гинеколог, сакав ваше мислење
...и ако некогаш се најдете во ситуација на планина, на одмор некаде и од нешто ете добиете ваква вагинална инфекција, нека Ви текне на мене и јогуртот, киселото млеко од доручекот ставете го на улошка (или тампон ако не сте невини), ќе се смири и чешањето и црвенилото, а богами и мирисот од кандидата! Вагината како таква има и лоши и добри микроби, добрите бактери ги контролира лошите да не збувнат па да настане инфекција како што е Candida Albicans, способноста и знаењето да се помогне посебно на многу млади девојчиња кои се срамат од ова ситуација да кажат било кому најмалку на својата мајка, а камо ли на гинеколог да им се реши проблемот, наоѓа на потсмев на многу членови на форумов, па ете ќе се потрудам во кратки црти да го објаснам. Јас повеќе го преферирам јаболковиот оцет, но не е толку прифатлив да се постави така на влошка на вагина демек кисела работа ќе ни изгоре вагината,но подобра алтернатива е јогуртот и киселото млеко, оти и двата содржат ,,добри бактери,, посебно лактобацилус ацидофилус кој и те како ќе ја среди габичната инфекција која најчесто настанува од користење на антибиотици, слаб имунолошки систем, орални контрацептиви и хормонскиот дисбаланс Јогуртот содржи лактобацилус ацидофилус кој е ,,добра бактерија,, кои обично се наоѓаат во нашите црева и вагината, кога оваа бактерија влегува во интеракција со шеќерот присутен во нашата исхрана, создава хидроген пероксид преку хемиски процес наречен ферментација, овој водороден пероксид ја убива инфекцијата со габична киселина. поостојат различни начини на употреба на јогурт за инфекција со габична инфекција која вклучува и внатрешна потрошувачка и надворешна апликација, ама нели ќе се задржиме на надворешна апликација со Јогурт- тампон, што треба да се внимава ај да видиме : - јогуртот да не биде засладен, - тампонот предходно малку се чува во фрижидер со јогуртот -вагинално се чува до 2ч -треба да се намачка јогурт и во околната регија, ципа и вагинален отвор( малку незгодно ама успешно) -по 2ч се ваѓа тампонот и целосно се мие цела вагинална регија - истото може да се повтори навечер да се аплицира вагинално и се остава преку ноќ ! Често пати се користи - инпровизира со ракавица за една употреба се пополнува прстот со јогурт и се смрзнува, или посуди за мраз коцки се полнат со јогурт и се смрзнува па по малку стоплување се аплицира вагинално. доколку некои се плаши може да се аплицира со прсти едноставно се брцнува прстото во јогурт и се мачка каде имаме проблеми пола час три пати на ден , после една недела веќе кандидата ја нема апликација има и со шприц се внесува вагинално и се полни со јогурт се чека неколку минути и тоа само истекува, се повторува неколку пати...има уште многу начини, ама не е тема како да се става јогурт туку дали има намена и дали ја лечи кандидата... ДА !!!!ЈОГУРТОТ АПЛИЦИРАН ВАГИНАЛНО КАКО ТАМПОН ИЛИ НА УЛОШКА ЈА ЛЕЧИ ГАБИЧНАТА ИНФЕКЦИЈА МЕЃУ КОЈА И КАДИДАТА предизвикана нели од Candida Albicans,
Девојки, бев на рутински гинеколошки преглед и ми кажаа дека имам воспаление и ми даде вагинални и некои капсули. Немам никакви симптоми, ниту бело прање, ниту чешање, ниту пецкање, значи ништо..Па ме интересира кои се симптомите за кандида? Вие што осеќавте?
Дали има некој искуство со конзумирање на сода бикарбона со вода поради кандида? Имам симптоми на кандида веќе подолго време но гинеколот ми е на одмор до 1ви. За недела дена ќе одам но ме интересира мислење? Разбрав дека сода бикарбона помагало многу во борба со кандидата
Девојки помош. Имам кандида од намален имунитет.Сега во моментов неможам повторно да одам на гинеколог. Правев пап немам некоја лоша бактерија само кандидата. Ужасно мириса и секој ден сум со дневна улошка неможам веќе. Не јадам благо не сакам знам дека и тоа ја тера да биде појака. Читав нешто јогурт да се стави на улошка дали помага ? Немам чешања и воспаление само исцедок гнасен! Мислам да ставам на дневна улошка чај од камилица ке помине малце?
Можеш да се измиеш со чај од камилица. Исто така на улошката имам слушнато дека може да се стави бело вино, но препрашај ти пак пред да го направиш тоа. И мислам дека секојдневно ако ставаш улошки исто така не е добро. А за јогуртот знам дека треба да го пиеш, не на улошка да ставаш.
Све сум направила и вагиналетки и милион апчиња,витамини,миење со камилица,посебен сапун за заштита на флората. прегледи ,сменив исхрана.Немам сила повеќе а ако не ставам дневна улошка лом се правам плус 8 сати на раб. а мириса ужасно.Знам дека не е убаво секојдневни улошки ама немам др избор. И сеа треба да чекам уште две нед да правам брисеви Се мачкам и со канестен не често
Долго време неколку месеци . Знае да се изгуби неколку дена или недела дена и пак да се појави. Немам никаква иритација али исцедокот е ужасен. Незнам веќе кај да барам помош. Секојдневно гледам дека мн девојки,жени ја имаат оваа гадна бактерија најлошо е што нема лек и да заврши еднаш засекогаш.
Пиј повеќе јогурт, значи пиј го, не на улошка или тампон. Имаше случај што читав на друг форум ставила некоја на тампон и утредента се разбудила со страшни болки. А и секако тампонот треба да се менува на секои 2-3ч, ако се остави преку цела вечер може да предизвика токсичен шок. Некое време не внесувај благо, биди појќе на салати. И почесто миј се со камилица. Еве сега проверив и можеш на улошката да си ставиш бело вино. Со ова мислам дека ќе ти се регулира. И немој долу да се миеш со сапуни и шампони. Само со вода или чај од камилица. Еве ти и рецепти за чаеви. Мешавина од чаеви Направете мешавина од по 50 г пелин и оревов лист и по 100 грама бршлен и жалфија. Три лажици од оваа мешавина прелијте ги со 0,5 литри вода, промешајте и оставете да седи поклопена еден час. Пијте два пати на ден, незасладено. Кантарион Чајот од кантарион е ефикасно средство против кандида. Лажичка кантарион прелијте со 2 дл зовриена вода и варете 15 минути. По четвртина шолја млак чај пијте по 3 пати на ден.
Не користам никакви шампони забрането ми е од гинеколог и даден ми е сапун за интимна нега Пијам чај од брусница често ,благо не сакам да видам се случува некад само сладолед да јадам али салати е мојот живот мммм. Фала ти за се.Паника ме фака понекогаш