Аа да! Уште ова. Јади сушена брусница. Обавезно. Околу 35 денари е. Оди уште сега и купи. И нека не те фаќа паника. Се ќе се среди. Поздрав.
Дами како се викаа вагиналетите кои се пијат за кандида, а притоа можеш да имаш сексуални односи Ги имав пиено од претходно но сосема заборавив како се викаат
Женски дајте помош, кандидава не уништи... иам бело прање многу, ме чеша, и дури на дечко ми ранички му се отвараат после однос, и мене исто на едната страницка на едната усна доле од што ми е изиритирано.. ми смета не сум раат да седам се скапав од миење и кантариони ставање, и хербални вагиналети се...
Здраво девојки Ми открија кандида на јазик и грло, ми рекоа од намамлен имунитет, ја лечам 4 дена и уште јазикот ми е бел, дали е опасно пошто се работи за во уста. Поздрав
Џабе препарати на природна база, реално ти треба антимикотик. За тебе вагиналети, а за дечко ти крема за мачкање.
Мој совет ти е да пробаш со чај и масло од диво оригано. И секако да покачиш имунитет. За да бидеш мирна ако не си направила, направи си општа крвна слика.
Која маст против кандида може да ја користи мм, јас повторно сум со кандида вагиналети и канестен но докторот не ми кажа ништо за мм а си правиме цело време пинг-понг да мачка и тој па да се спасиме
Па и он нека се мачка со канестен маст, три пати дневно и додека трае терапијата не треба да имате односи
Кандидата се појавува од намален имунитет. Има едни апчиња за стабиилизирање на пх вредноста на вагината. Лактоген исто така има ист сапун за интимна нега ги имам пиено и апчињата и сапунот го користам за чешање ме спасуваше само измивање барем два пати во денот,со влажна марамица внатре чистење и канестен маст. Најдобро оди на лекар да ви препишат терапија на двајцата. Направи си и пап тест.Вагиналетки за спас од чешање и за смирување и за кандида можеш да ги земеш донафил не идат со рецепта.
Jas vcera koga vlegov vo apteka naslusnav razgovor megu aptekarkata i Edna zena sto imala kandida i aptekarkata i rece da ja pegla intimnata obleka i da ja smeni toaletnata hartija nez zasto no taka i kaža
За интимната облека пеглањето е како дезинфеција,а за тоалетната хартија не се препорачува парфимирана туку обична.
Таман се спремив утре да одам на гинеколог, добив. Последниве неколку дена имам неконтролирано чешање и благо печење Незнам дали е кандида или не. Немам никаков секрет Имам канестен маст ама нели таа не се користи за време добиено? Некој лек да истрпам до петок или може докторката да ми прави преглед и на добиено?
Најдобро да издржиш додека да ти заврши. Има вагиналети кои можат да се користат и за време на менструација, но секако ќе делуваат многу помалку. Преглед не се прави додека трае циклусот.
А ви се случило да ве пече од канестен маст? Вчера почнав со вагиналети асидосалус и незнам после колку време треба да има резултат Ама после туширање многу ме пече и се намачкав со канестен и зажалив Докторката вели дека ми е од опаднат имунитет, ама сум го имала проблемов и порано, ама не било волку неиздржливо
Да, ми се случило да ме пече од маст Канестен и тоа неколку пати. Прво мислев дека е некоја почетна реакција и другпат кога пробав пак ме печеше. Со вагиналетите PROBalans Lady од PharmaS се средив, многу се добри на природна база се.
Здраво..и јас со истиов проблем кандида, најверојатно од опаднат имунитет, и стрес.. Зедов вагиналети канестен, ми помогнаа многу, престана да ме чеша, се намали и секрет и се, и добив после тоа, се ок беше, ама продолжив со секојдневни влошки, а не ги поднесувам воопшто..вчера повторно почна да ме чеша, а и имам од време на време како болка во долниот дел од стомакот, јајниците... Си напраив триста филмови денеска дека од опаднат имунитет или стрес, можеби нешто имам или некој рак ке ми излезе од кандидава
Не се преоптоварувај со такви мисли. Оди на гинеколог,кандидата се лечи ама може да се повтори нели.. И не носи секојдневни влошки.
Ти благодараам брв нс гинеколог пред 2 месеци така нешто, ми направија пап и се др, немаше ништо освен кандида... ама ќе отидам пак да проверам..