Фала ви на убавите совети.. ако ми верувате се од ова применувам .. единствено што ми преостанува е да го сменам гинекологот. П.с. апстинирам веќе 6 месеци
Skoro cela godina se boram da ja izlecam kandidata i sekoj pat bilo neuspesno. Nemase sto ne probav, jogurt, luk, promivki so kamilica, zalfija, caj od divo origano. Celo vreme nosam pamucni gaki i pred oblekuvanje gi peglam. Maticniot mi preporaca polygynax, vaginaletite se super ama se dodeka ne mi se namali imunitetot potoa pak istiot problem. Majka mi slusnala na rabota za tiande vloskite i probav so niv. https://www.facebook.com/TianDe-Valentina-832280163610708/ (Gi poracav od tuka i dostava do doma mi napravija)Iskoristiv od aloe vera edno paketce a potoa i energy life. Veke ima 3 meseci kako gi imam iskoristeno i eve da cuknam vo drvo nemam nikakvi simtomi na cesanje, zolta-zelena boja na sekret i mirs. Od iskustvo gi preporacuvam da gi probate zosto stv se efikasni.
... доколку имаш вагинален зелен секрет а богами и непријатен мирис можеби имаш trihomonas vaginalis, дали вопшто си направила микробиолошки брис или онака паушал дека имаш кандида? и доколку го имаш апсолутно не е таа терапија ниту начин за излекување! ...токму тоа, ниеден гинеколог НЕ СМЕЕ ОД ОКО да одреди според симптомите да одреди дека се има кандида или нешто друго без микробилошко испитување и ПАП ТЕСТ ... треба да направиш миркобиолошко испитување со брис и ПАП тест, барај тоа од гинекологот без разлика ако тој кажува дека не се сомнева во таква работа освен дека имаш кандида, паушал дијагноза без давање брис е многу погрешно или буквално никакво лечење....
Ве молал за помош и совети. Последниве денови имам чешање, но со малку секрет( како и порано ) и секретот нема ни мирис ни боја. Користам вагиналети од кантарион ама чуствувам минимално подобрување. Почнав и со промивки. Дали да продолжам со овие вагиналети? Дали може да имам кандидика без особено нагласен исцедок? Фала ви
Можно е да имаш воспаление на мочните канали, пиј чај од брусница и одмивај се со чај од жалфија. Ама чим си имала и порано, посети гиниколог.
Ginekologot mi prepisa vaginaleti 3 bea, i mi rece po dve nedeli na kontrola. Sakam da prasham za tie dve nedeli dali mozi da imam odnos?
Во еднa група на фб на големо се ,,убедуваа" сите страдалници од кандида дека спасот е во лукот. Ни помалку, ни повеќе еден лук излупен се става во вагината Наутро да си го извадиш сам без никаков проблем или ако заглави да ги искористиш вагиналните мускули Ова од М- р убедување и детално објаснување како кандидата исчезнува како со волшебно стапче. Со кој ум не знам, но имаше и членки кои сакаа да пробаат. Од искуство, промена на начинот на исхрана, избегнување на гелови и купки, памучна облека и секако треба терапија од доктор за да не се повторува. Канестен 3 вагиналети имам користено и проблемот го решив. Во бременоста ми се повтори со многу тешки и мачни симптоми. Невиден исцедок , засирен дури, не смеев да третирам со ништо, само со промивки од сода. Пред да се породам гинекологот ми препиша Микорил вагиналети, но многу непријатни се заупотреба.
Не сум користела ниту лук ниту "промивки со сода" . Ако ги укоруваш членките што си нашле спас во лукот, провери си се и ти околу промивките со сода !!! Според најнови истражувања и ПРОМИВКИ не ти се препорачуваат , бидејќи при промивањето внатре во вагината-бактерии/габи - може да се префрлат горе кај тубите.....и ете ти поголем проблем .
Со лукот ми е ноу сенс, во ова време со вакви чуда- Не. Постојат вагиналети на база на лук, а никој доктор до сега не рекол на пациентк да стави лук внатре во вагината. Со промивките ете сум се третирала и тоа по препорака од гинеколог. .Јас сум имала проблем со кандида ( страшно беше ) и од искуство пишав што и како. Сум пробала и чаеви и што се не слушнав и прочитав, но ете кај мене како поминало. Терапија и промена на исхрана. До сега не се повторила веќе 3+ години.
Мене ми е страв да посегнам по лук па макаар и испирање . Ноу веј. А кои.се тие вагиналети на база на лук,знаеш ли лако се викаат, имам читано по форумот. Во Еурофарм и Зегин побарав но немале. Ако знаеш пиши ми .
Не го пратам муабетов од почеток, ама ќе се надоврзам, може е и спомнато, ама доктор ми има кажано дека габичката кандида се развива во присуство на шеќер. Јас имав ама во устата, и докторот ми рече да избегавам благо, бидејќи тешко се лекувала и јазикот да го трлкам со четката. И стварно, покрај терапијата и тоа што не јадев благо, и ми помина.
Можеш да ми кажиш какви симптоми имаше за кандида во уста. И мене преку брис ми излезе кандида, ама немам никакви симптоми. Исто така и каква терапија ти препишаа? Моментално јас сум без терапија :/
Јас Нистатин мислам дека пиев, и едни капки, по 5 капки во лажиче. Мене ме болеше грлото неможев да голтам и матичната ме прати брис да ми земат и од носот и од грлото. Во носот немав, ама во грлото имав и бели наслаги, како салеп и поради тоа и беше сомнително нејзе, незнаеше што е. Со резултатите ме препрати кај специјалист за уво нос и грло, и специјалистот ми препиша нистатин, е сеа не памтам дали тој нистатин беше во облик на таблети или капки. И како совет да избегавам благо, наводно и требало шеќер за размножување и со четката за заби јазикот 3 пати на ден да го трлкам. Постапив така и се средив. Немам веќе/
За кандида, само вагиналети и мачкање со канестен. И промивки со сода бикарбона и чај од камилица помагаат. Ја кога сецкам лук не можам неколку дена да ги одмијам рацете од непријатната миризба, не сакам да знам како ке мириса таму долу ако напикаш лук.
Dragi moi edno prasanje vaginaletkite kanesten dali se izdavaat vo apteka bez recept? Oti ne mozam veke so ginekolozive sekoe odenje si davam pari za dzabe posledniot pat mi dade vaginaletki za uporna kandidijaza zaboraviv kako se vikaa 4000 den si dadov rekov Aj da se spasam samo I ne bev seksualno aktivna 2-3 meseci prviot seks odma kandidata vratena mi se place veke aman