devojki jas imam edno prasanje Den pred da dobijam strasno me cesase va.... vo nedelata vecerta dobiv cesanjeto prestana ama imam eden problem obicno dobienoto mi trae okolu 5-7 dena a eve veke pominaa 11 dena i jas seuste imam nekoj iscedok pomesan so krv i gradite strasno me bolat isto kako pred da dobijam dali nekoj do sega mu se ima sluceno nesto vakvo me faka panika
Кандида е според ова што ми го кажавте.На гинеколог ми е страм да појдам,како да и кажам на мајка ми кога таа не знае и дека сум имала и односи и никогаш немаме разговарано на таква тема Ќе си купам од таа маста канестен и чај од камилица па се надевам дека ќе ми помине.
Кандида можеш да имаш и ако немаш сексулани односи, така да, без гајле, кажи и на мајка ти. А да си појдеш на гинеколог?
Кандида ти е 100%. И јас ја имав до пред неколку дена и ми помина. навечер се миев со чај од камилица и се мачкав со канестен, но тоа не ми помогна толку колку чајот од магдонос. Само што се напив другиот ден го снема чешањето и плус си добив и сега се ми е најнормално.
Имав(м) кандида до пред некое време.Гинекологот ме советуваше да си земам Нистатин апчиња.Ги испив и сега ми е намалено белото прање..Ама сакам да го снема,,ме нервирааааа
Исто така можеш да се миеш и со топла вода околу еден литар со една лажица вински оцет помага стварно моментално смирува испробано ми е и од лекар кажано.
Кандида Ми помина кандидата еве за многу брзо немаше ни недела..секој ден си се мијав со чајот од камилица и со маста канестен и не ме чешаше околу 6 часа,но еве од вчера воопшто не ме чеша и повеќе не се грижам.
Кандида - прашања,одговори,совети! Аман луѓе давајте совети , методи било што ... ми отекоја очите од читање на интернет за оваа работа и пак не можам да се решам од неа , од малку каснато благо ми доцни и менструација и се ! Не е ова работа ... -.-
Кандида - прашања,одговори,совети! Епа вака, мене најбрзо ми поминува со канестен вагиналетите и со кремата. Ги ставаш три дена и одма ја нема. Тоа не значи дека си отишла целосно ама барем е смирена. Исто така пробај пред спиење, памук натопен со јогурт да го ставиш доле и нормално улошка за да не те направи лом. А тоа што не добиваш редовно само заради кандидата не е! Тоа треба да си идеш на гинеколог и да си го средиш тој проблем.
Кандида - прашања,одговори,совети! Ајде ве молам еден совет дали на вас ви се случува истото,пред два три месеца бев на гикенголоски преглед имав бело прање па ставав вагиналетки ...се среди проблемот,но еве сега неделава имам бело птрање поизразено не мириса непријатно не е ни бело повеќе е течно некако како да ви објаснам.....А воедно ме боли и долен дел на стомакот,звучи како настинка нели,тоа и мислам дека е,што да превземам има ли некој некаков совет,а да не се мкнам на гинекологог скоро бев,освен плакнење доле со сода бикарбона ,нозете стапалата на топло како и кичмата што друго можам да направам?увин чај ....има ли вагиналетки кои можам да си ги купам на своја рака?без препорака од гикенколог за да го спречам исцедокот и болката во долниот дел на стомакот!?поздрав
Кандида - прашања,одговори,совети! Кога исто ми доцнеше бев на гинеколог и ми најдоа цистички , и тогаш ретко добивав ама потоа ми кажаа ми доцнело од некое хормонално пореметување -.- Ништо ќе треба пакда одам -.-
Кандида - прашања,одговори,совети! Имаш вагиналети канестен , имаш капсула ДИФЛАЗОН за кандида што е , пиј редовно јогурт по 2 чаши минимум на ден за исцедокот ... немој да се миеш доле со шампон гел со ништо само со вода ... штом имас бело прање во прашање е некоја инфекција ... не е лошо да одиш пак на гинеколог за секој случај
Кандида - прашања,одговори,совети! Еве и од мене неколку ,,совети,, против упорната кандида. Значи вагиналети со кантарион не стриктно против кандида туку и општо за вагиналното и општото здравје на жената. Истите се купуваат без лекарски рецепт и се 5 или 7 во пакување (зависи од која фирма се) и не се воопшто скапи. Од некои си 60 и нешто денари до можеби 90 највеќе. Јогурт дефинитнвно ДА, МНОГУ, за благото јадење не сум баш сигурна дека толку влијае, ама, ајде о.к. Е сега за исцедокот, т.е. белото прање, се` додека нема друга боја/ пр. жолтеникава или не дај Боже зеленкаста која е асоцијација на трипер/трихомонас т.е. е да речеме о.к. Ако може да биде о.к.?! Е сега ДЕФИНИТИВНО најдобриот лек против кандида е следниот -се зема една кофа, се става малку вода во кофата и се додава негасена вар.Бидејќи кога се гаси варта прска/врие се става само мала количина вода. Се става мало парче вар во водата и без облека се клекнува над кофата фактички ,,испарувањето,, од гасењето на варта да навлезе во вагината. Потоа се облекувате, некои ставаат и ракија на влошка за дополнително загревање и ОДМА на спиење до сабајле. По потреба се повторува втората и третата вечер. Бабински лек е, ама делотворен 100%-но!!!
Кандида Сум слушнала и јас за ова а исто така ако на улошка ставиш ракија или бело вино и така преспиеш (2-3 ноќа) ке видиш утредента колку исцедок има на улошката. Ова е испитано 100% делува