Вагиналети (доза од 3) канестен (или кансен, зависно што ќе најдам во аптека). Тоа обично ми дава матичниот гинеколог. Некогаш сум користела место вагиналети, крема од овие марки, а некогаш и двете (вагиналети плус надворешно крема). Досега така сум го решавала, не сум пиела таблетки досега. И стално ме опоменува да пазам на исхраната, знае дека сум голем љубител на благо. Шеќерот ја храни и кандидата и ги влошува инфекциите и воспалителните процеси. Пробиотиците и пребиотиците во исхраната пак се корисни за создавање баланс во микрофлората во устата, цревата и вагината. Така да освен лековите, паралелно и на исхраната треба пазење.
Купив вагинални капсули polygynax, ама многу дебели ми изгледаат. Многу ми е језиво да ги ставам . Имате искуство со нив? Заради кандида ми ги препишаа, а немам никакви симптоми.
Jas gi koristev ovie pred nekoe vreme protiv kandida. Kako sto ti kaza clenkata pogore, moras da gi namokris prvo pod cesma, pa posle da gi stavis najdlaboko sto mozes. Gledaj da ne gi stavas epten na povrsina. Ne e jezivo iako se debelki, nema da osetis voopsto
Овие бар се цели заоблени и мазни. Какви има некои покоцкасти, со незатупени рабови Овие веројатно полесно се аплицираат од нив.
Pravev brisevi pred nekoj den i eve mi izleze deka imam kandida, ama pod toa mi pisuva normalnata mikroflora e otsutna. I prethodno sum imala kandida, ama normalna mikroflora sum imala. Sto znaci ova znae li nekoj? Si zakazav utre na ginekolog sekako, ama da vidam dali nekoja imala slicen problem
Во вагиналниот канал е pH кисела,односно постои број на корисни бактерии кои ја штитат вагината од разни инфекции. Најчесто поради пореметена микрофлора се појавува кандида,ако си пиела антибиотик на пример но и поради други причини. Покрај терапијата што ќе ти ја даде гинекологот јас би ти препорачала откако ќе завршиш да си земеш и некој пробиотик во вид на вагиналети на база lactobacillus на за да ти се избалансира pH
Здраво драги феминки Сакав да ве прашам мислење на следново: Имав печење на десната усна од вагината. Бев на гинеколог правев ПАП и ехо. Ехото беше добро на папот немаше бактеријс, инфекција или Др.Ми дадоа антибиотик доксициклин 10 дена и флажил вагинални таблети. Сега повторно ме пече десната усна од вагината од како ја завршв терапијата. Додека ја примав терапијата ми беше се во ред, но кога престанав повторно истото. Со оглед на тоа дека испитувањата не покажаа ништо што да направам?
Mene celo vreme mi se slucuva istovo so kandida. Nemam nisto dodeka ja primam terapijata i otkako ke prekinam odma pak mi se vraka. Redovno se konsultiram so maticniot ginekolog i taa mi kazuva sto da pravam, pa moras i ti taka.. Ako treba i dopolnitelni testovi da ti napravi da vidi kade e problemot
Ги земав poliginax и крем канестен, имам подобрување фала богу. Земав и апче Флуконазол едно е.Е сега да го испијам ова и дали на секој трет ден да пијам и така вкупно 3? Или еднаш неделно се препорачува па ако нема подобрување уште едно да испијам? Дали има некоја од вас искуство со ова? Ви благодарам
Што земате додека пиете антибиотик/ после терапија до антибиотик? Повеќе како превенција ми треба за да не се појави.
Mene ovoj probiotik mi go dadoa vo apteka dodeka piev antibiotik bas protiv kandida, mi kazaa deka e dosta pojak od drugite probiotici. Samo mnogu e gaden na vkus