Инаку кандидата е многу досадна кај мажи и исто и кај жени. Јас после секоја терапија со антибиотик си имам мака уште недела до две. Последна терапија воедно и најуспешна од дерматовенеролог: Мачкам мачор со белогент и канестен неколку пати на ден. Флуконазол од 150 првите два дена по 1 и после на недела дена цел месец. Обавезно при туширање интима да се користи шампон за интима. И ако имате после терапијата осетлива кожа Алкагин како гел е мачкајте на пенисот. Мене тоа ми помага. Така ја лечам е сега како да ја спречиме да не се појави или бар да се потрудиме е да сватиме дека кандидата обожава кисела средина. Така да потребно е да ја намалиме киселоста во организмот. Конзумирајте: Сода бикарбона со малку исцеден лимун, пченична трева во прав ја растварате во вода ако не ви се допаѓа вкусот додавате малку лимун. Додека имате кандида никако шеќери, бело брашно, јаглени хидрати на минимум бидејќи во телото се претвараат во шеќери. Кандидата обожава да си лапка благо. Алкохол заборавете додека не ја излечите. Пробиотици се секогаш добредојдени, топло би препорачал кефир или јогурт да се пијат неколку пати во неделата кој е склон на кандида. Јас на пример не толерирам јогурт имам киселини од него, додека пак кефирот ми одговара максимално. Ова ми е прв пост се надевам ќе ми простите малку се занесов.
Драги дами дали има некој искуство со влошките од тиан де? Оние со 38 билки. Сакам да ги пробам ве молам споделете искуства. Имам проблем со полицистични јајници и имав кандида.
Kako se ispituva kandidatta, od kaj znaete deka ja imate? Jas imam bolen seksualen odnos, ponekogas usnite mi se oteceni, bolka posle seks koja trae do 14h i bolka vo mocniot meur i pecenje. Dali e mozno da e kandida zaso veke se ispitav
Мајки што дојат како излечиле кандида? Каков интимен гел ви помага? Многу ваниналети не ако се клављат не смеј да се дои детето има некои што не сметаат на млекото?дали се дозволени флуконазол да се пијаат? Ги пијав секогаш но сега не знам што да правам а не сум ппјдена на гинеколог затоа што немам време
Дали некоја од вас има испробано lactogyn? Дали ви делува добро? Веќе долго време се мачам со кандида.
Здраво .. Искуство со оваа досадна кандида веќе стално ми се враќа само макмирор вагиналети користам да подзамине кога пак се враќа а до скоро ги завршував вагиналетите
Здраво феминки.Сакам да ве прашам со што ја лекувате кандидата во текот на бременоста,дали се вагиналетите дозволени(кои вагиналети ги препорачувате) и какви домашни лекови користите
Шампон за интима никако, не знам кој доктор ти ја препорачал ама сите се против тоа. Барем додека ја лечите кандидата немојте со вакви шампони. Тие повеќе ја хранат кандидата. Одмивање со сода бикарбона и вода и чај од камилица само, тие што често ја имаат многу внимавање на исхрана и носење памучен долен веш обавезно.
Се сомневам дека имам кандида, пред ова сум имала еднаш, многу слични симптоми, само разликата е тоа што првиот пат целиот предел долу ме чешаше, а сега само кај вагиналниот отвор, буквално длабоко внатре ме чеша и околу, ќе полудам. Можно е да е кандида, нели?
Кандида е, штом и внатре имаш на гинеколог обавезно, да ти каже какви вагиналети и немој на своја рака.
Здраво драги Ве молам за помош!!! Веке трети ден осеќам болка на десната страна на вагината. Само болка е како печење. Нема никаков исцедок нема миризба ништо такво. Мачкам крем канастен,вагинални полигинакс и лактогин пробиотици. Ве молам за помош дали е кандида?? Или нешто друго. Дали имал некој искуство вакво? Ве молам не осудувајте не можам да одам на доктор. Ако некој сака да даде совет може и да ми пише. Загрижена сум дали може да е нешто сериозно? Ви благодарам
Обично со кандида како што знам се јавува чешање и пецкање и не се менува исцедокот. Ма да дека викаш болка малку ми е чудно, под вагина се подразбира широк поим, објасни подетално каде, немораш да си културна битно да сфатиме ако можеме да те советуваме.