Да не се имаш повредено при мастурбирање доколку имаш мастурбирано? Или на крај краева можно е да е кандида ама чудно ми е дека е едната усна. Мачкај канестен и одмивај се со камилица. Види како ќе биди...
Не знам ова ми се случува втор пат,првиот пат кога се имаше истово десно направи пап и ехо и се беше чисто! Ми мава на психа
Да не се имаш повредено, колку што знам од кандида има пецкање, чешање, непријатен мирис.. Болка не се јавува, да си мирна посети гинеколог.
кандида на јазик и уста имам веке од 11,02 користам нистатин никако не поминува? за колку време треба да помине со тој лек?
Како ги земаш капките? Јас ставам 4 пати на ден по околу 40 капки, се трудам да ги држам барем 5 минути, па после ги голтам или плукам, зависи колку ќе ми се згади. Пола саат потоа, не јадам и не пијам ништо. Некогаш ми минува уште пред да ги потрошам, некогаш неколку дена потоа. Може да пробаш да плакнеш и со сода бикарбона.
Здраво. Имам млечно бел-некогаш кремав погуст исцедок без мирис и осеќам како чешање и пецкање околу вагиналниот отвор. Бев на гинеколог, ми рече матичната нормално било заради 6 месечната терапија со Јасмин што ја примав ( контрацепција ), но сигурна сум дека е кандида во прашање бидејќи и самата е нус појава од терапијава. Чекам пап веќе месец ипол ама не можам веќе се нервирам и сакам да превземам нешто. Се одмивам со чај од камилица и избегнувам благо. Дали имате искуство со овие вагиналети? Ги најдов како пробиотски..мислите ќе го решам вака проблемов?
Дека ќе ти помогнат да ја излечиш, нема. Побарај Канестен вагиналети или друг антимикотик, а овие или било кој пробиотик може паралелно или после тоа да ги користиш.
Не сум имала никогаш до сега вакво неподносливо пецкање, чешање, не знам ни како да го кажам, ниту потврдена кандида некогаш на брисеви или пап, ама сега мислам си ја имам. Ме пецка, ме жеже, ме чеша. Мислев е од претходен однос, подолго траеше па ми беше нелагодно отпосле, ама продолжи непријатново чувство трет ден. Немам исцедок а ни некаква миризба. Здраво се хранам, не јадам бело брашно, благо итн. Пиев антибиотик, без пробиотик искрено, не земав. Што можам на своја рака додека чекам термин за на гинеколог? Камилица чај, друго? Во јавност не ми се излегува овие 3 дена, мислам ќе се расчешам ко некој мажи во јавност аман
Носи само памучни гаќи, одмивај се со камилица и сода бикарбона наизменично, водата да е млака не жешка, од жешка лудило ќе те фати од чешање. И маст канестен можеш да користиш.