Веќе три дена имам неподносливо чешање доле. Дури и околу на нозете, ме жеже. Првпат ми се случува ова, на нерва ми оди. Неможам да функционирам од константно чешање. Имам и проѕирен исцедок, без мирис, како слуз е. А гинекологот ми е во Скопје, па неможам да земам ден за да одам на преглед. По телефон ќе може да ми препишат нешто? Дали тие масти или вагиналети мора да се со рецепт, има разлика во цена ако се на рецепт? Тука во темава читав да се одмивам со чај од камилица, а како се прави чајот? Во тенџере со неколку ќесички чај да сварам и да се измијам кога се излади? Се извинувам за прашањава, прв пат ми се случува вакво нешто
Чајот се вари и кога ќе се излади измиј се долу. Во топла вода стави една мала лажичка содабикарбона и измиј се. Во аптека имаш маст и вагиналети Канестен. Почни да ставаш од вагиналетите три ноќи по ред,а од маста мачкај се двапати дневно. Кога ќе бидеш во можност оди на лекар, направи микробиолошки брисеви и пап.
За кандида лековите се издаваат и без рацепт. Имаш канестен, микорил, микотрит и сл. Има и на основа на пробиотик ако не сакаш лек. Вагисан, вагилакт и сл. И тие помагаат за кандида.
Канестен вагиналети можеш да земеш и на своја рака. Мојот гинеколог ми има речено дека за тоа и неморам ниту да го прашувам, ако имам потреба да си купам веднаш. Јас користам или тоа или крем канестен за внатрешна употреба. Одмивање со камилица незнам дали помага, камилицата има антисептично дејство, ама за гљивици незнам дали е ефикасна. Можеш да се одмиваш со раствор од сода бикарбона и вода, тоа делува ама само надворешно, за внатрешно мораш да ставиш вагиналета или вагинален крем или да пиеш орално медикаменти. Значи откако ќе се измиеш најнормално, на крај посипи се долу со растровот со сода бикарбона и не го одмивај со вода. Во еден сад стави млака вода (пр. пола литро или помалку зависи колку ти треба течност) и во неа ќе раствориш сода бикарбона (на пр. 1-2 супени лажици). Не јади благи работи овој период ако можеш а појачај јогурт и пробиотици..
Ти кажале веќе одмивање со камилица и сода бикарбона. И немој никако со топла, жешка вода, не прашувај од каде знам . Само со млака, ладна вода. Полани лето во најжешко и мене ми се појави прв пат, станував по неколку при во ноќта да се мијам, тоа е да полуди човек од мака. Мене и Канестен маст и помогна многу. Немој благо да јадеш,смени исхрана. Јогурт почесто пиј.
Zdravo so kandida imav problemi 6godini kade ne bev i sto ti ne probav.....eden den otidov vonswqnaon prirodna apteka tamu di dadoa acido filus i brusnica toa se zelatinski apcinja skapi se ama mene toa mi pomogna i plus na seto toa mi dadoa apcinja od tei vida pecurki za pokacuvanje na imunitet otkaki seto toa go zemav eve skoro 5godini nemam ni kandida ni nisto...probaj pa ke kazes dali ima efekt kaj tebe(apcinjata gi zedov na svoja raka ane po preporaka na lekar)
Девојки дали може некоја да ми сликне Канестен што користите за вагинална употреба? Бидејќи имам дома едно што пишува Канестен крем, ама не сум сигурна дали е за вагинална употреба или не
Можеш да го ставаш само околу, надвор од вагината, ама нема да ти ја излечи кандидата, ако за тоа ти треба.
Во вторник имам закажано на гинеколог, ама пред неколку дена се бричев со брич и сега многу ме чеша па затоа да се намачкам колку да ми смири малце да не ми е сува кожата. Фала во секој случај.
Девојки, бев на гинеколог прв пат денес и имам кандида, ми дадоа да користам вагинални таблети 6 дена, дали одкако ќе завршам со терапијата смеам да имам секс (секако заштитен) или никако не смеам додека имам кандида?
Ако имаш кандида и имаш незаштитен секс сигурно ќе му пренесеш и на партнерот. Па после тој може на тебе после твојата терапија и така во круг да се вртите. Плус кај некои луѓе симптомите и не се така очигледни, може да имаат кандида, а да не ги мачи и несвесно да ја пренесат на партнерот. Мое мислење е дека е најдобро е да воздржиш од секс кога веќе имаш потврдено дека ја имаш. Кондомот го намалува ризикот од пренос, ама и со него постои (а со неправилна употреба на презервативот и го зголемуваш). Задоцнет одговоров ама нека стои.
Дали при користење на Макмирор ви се појавил розев исцедок? Да напоменам не е менструација бидејќи само што ми заврши.
Здраво женски јас сум долго време со кандида и само канестен вагиналети ми помагаат е сега ги имам купено последно во декември ми се смири па не ги искористив им пишува рок до 5 2025 не беа отворени дали да ставам или да си купам нови...