И мене ми беше така пецкање, чешање а брисевите чисти. Направив пап тест и излезе кандида, незнам зошто не се покажа на брисевите. Ми дадоа пробиотик лактогин и канестен. За пецкањето купив вагиналети ацидосалус, скапи се ама мене ми помогнаа
Пред две недели имав кандида на брис, mycoril вагиналети ставав и испив две таблетки Diflukonazol. Сега резултатот ми е во ред, немам кандида но нормалната флора е отсутна. В понеделник правам хсг и матичниот ми кажа дека можам да правам. Ве молам за некој пробиотик што е ефикасен или некој друг лек, за побрзо да се опоравам.
Здраво, на микробиолошките брисеви имам кандида, гинекологот ми кажа вагинални донафил или полигинах ,кои се подобри? Освен канестен и бетадине други не сум користела.
Па, мене лично полигинакс ми се поубави, донафил за мене се “прејаки” и често ми предизвикуваат печење.
Јас и од канестенот сум задоволна, само овие полигинакс не сум ги користела. Јас не ни имам симтоми на кандида, не ме пече, немам бело прање ништо. Сепак фала ти.
Земав полигинакс меѓутоа имам циклус ,трет ден ми е денес ,во вторник имам закажано за брисеви ,дали да ги ставам за време на циклус? Или па да земам канестен таман 3 дена да ставам.
Здраво пак јас ,бидејќи на брисевите имав кандида ставав полигинакс па канестен и во вторникот бев да го повторам дали ми се исчистила кандидата иако гинекологот ми кажа немало потреба сакав чисто за мене ,пред да одам ми заврши циклусот, порано ми траеше 7-8 дена сега 3-4, ден пред тоа на бришење имав како розево,до вечерта немав исто и другиот ден сабајлето немав ништо,потоа пред да се туширам пак на бришење бледо розево ама ништо не ми течеше,откако се вратив од гинеколог ништо вечерта пак розево,вчера немав ништо,сабајлево гледам на бришење како кафеаво потечно како при крај од циклус,дали е можно од вагиналетите да ми е? До сега не ми се случило ова,на крај од циклус сум имала како кафеаво ама сега ми прекина циклусот па другиот ден розево.
I mene taka mi se sluchi ovoj mesec. Mi traese 3 dena, a obichno 5/6 mi trae. Pa 2 dena nemav nisto, pa posle rozevko, pa sledniot den kafeavko. Chitav deka moze da se sluchi taka zaradi fluktuacija na hormoni, stres i slichno i deka ako se sluci ednas ne e alarmantno ama ako se povtoruva treba da se ispitaat hormoni. Ostanuva da vidime kako kje ni bidat slednite ciklusi znaci
Испитав хормони, тироидната малце ми е намалена пиев терапија сега ми е добра и на ехо се покажа добра,незнам дали ми е од вагиналетите,и порано сум ставала превентивно ама не ми се случило вакво нешто .И вчера имав малце розевко денес ништо .
Ставив 3 микорил вагинални таблети, додека ги користам ми е таман, немам чешање и исцедок, престанав и после 2 дена продолжи... Знам дека се најслаби, а имам упорна кандида, да земам уште една доза од истите, или да земам полигинакс? (гледам тука се пофалени) ,и дали треба да пијам пробиотик зошто вагиналеткиве покигинакс содржат антибиотик или нема врска, не е како кога се пие орално антибиотик??
Јас користев полигинакс многу побрзо се растопуваат од канестенот .Гинекологот не ми кажа да пијам пробиотик ,не пиев . Сепак консултирај се со гинеколог мене гинекологот ми кажа полигинакс после на своја рака канестен ставав aма потешко се растопуваат од полигинакс .
Ти помогнаа ли полигинакс? За кандида ли ги користеше? Колкава доза употреби? Дали во меѓувреме користеше пробиотик?
Да, за кандида,6 полигинакс ми кажа гинекологот и не пиев пробиотик,инаку мене не ме ни чешаше и пред брисеви да направам,онака сакав да си направам,минатата недела го повторив брисот за кандида уште не ми ги пратиле резултатите .А канестен сте користеле ?Сепак консултирај се со гинеколог,мене ме искара зошто и канестен ставав на своја рака.