Ќе исфрлиш шеќери воедно ќе намалиш внес и на и на овошје. Полигинакс вагиналети земи си тие се спас барем за мене. Можеш да се одмиваш и со хиперманган да биде бледо розева бојата колку пати сакаш во текот на денот го намалува чешањето и не користи тешки купки и шампони што ја сушат кожата земи и маслени купки. И поработи на имунитетот малце обично се јавува при намален имунитет.
Треба да исфрлиш секакви прости шеќери од исхраната и прости масти (чипс, грицки, тесто). Јас имам забележано дека ако се напијам пиво, макар и чашка одма ми се активира. Кето му е мајката на кандидата, ако можеш да се придржуваш, би било добро. Јас исто пиев јогурт многу, ама не видов подобрување. Ко што кажа @SummerGirl, лукот исто е многу корисен во борба против кандидата. Внимавај само со лукот, мене многу ми го спушта притисокот. И со лесно!
Poraboti na imunitet, ne jadi blago i sekeri, i peri si gi posebno tvoite alista barem nekoj period, beli na 90, sareni na 60. Jas taka pravev, plus se odmivav posle sekoe idenje vo toalet, krpi menuvav ko luda, cistev pod non stop, corapi i gaki menuvav postojano, se mackav so kanesten, stavav vaginaletki, no na kraj apcinjata mi pomognaa najveke i sum mn zadovolna. Racunaj jas imav gabicna na nozete izmegju prsti, na ustata na kjosovite, na vulvata Prethodno maz mi pustate masina i toa na 30-40 stepeni se zaedno stavashe, toj nemase nikakvi problemi, jas napadnata so kandida. Se e do organizmot i imunitetot, za zal nie zenskite sme mn skloni i cuvstvitelni, maskive gajle nemaat
@Еклерица избегнувај да носиш секојдневни влошки. Гледам дека и гинеколозите не ги препорачуваат. Особено не миризливи. И носи само памучни гаќи. Затоа што сепак тие можеш да ги ставиш на вриење.
@Еклерица Најхигиенска промивка ти е со сода бикарбона и иригатор , наутро и навечер, освен полигинакс, јас би ги препорачала и гино дактарин вагиналети кои се навистина предобри. Јогурт можеш да внесуваш поголема количина,но пробиотски да биде . Миењето со сода и иригатор треба да се прави сепак постојано.
Се мачам со кандида во последните години..Таман ќе ја снема за неколку месеци пак доаѓа.. Сега сум бремена, ми даде гинекологот полигнакс, исфрлив од исхрана шеќери, теста и такви.. Ама уште осеќам пецкање, исцедок..
Како се правеше точно иригацијава со сода? Знам дека требаше да се зоврие вода со сода и да се остави да се излади малку, ама не се сеќавам колкав беше соодносот и колкав шприц се користеше. Јас пред некоја година правев, може недела-две секој ден и ми помогна во моментот, ама после пак маки...
500 мл вода со половина пакетче сода, или едно ипол лажиче мало да зоврие, малку да се излади, подобро ти е да си купиш иригатор отколку со шприц. Иригаторот си е баш за таа нема , кога се стега баш ја распрскува внатре водата и се убаво се мие.
Здраво, пред две недели правев ПАП и микробиолошки брисеви, земени во исто време. На микробиолошките брисеви имав само Гарднерела, за која ми беше препишана терапија со флажил, орална и вагинална, додека на резултатот од ПАП брисот, имав само кандида. Дали некој имал вакво искуство, ми доаѓа на памет да не ми ги смешале резултатите од ПАП брисот, бидејки воопшто немам симптоми на кандида. Благодарам
Можно е да немаш симптоми. Јас последен пат имав кандида пред 5 години. Немав симптоми. Исцедок проѕирен, ни чешање, ни печење.
Здраво. На брис ми искочи кандида, а јас немам никакви симптоми. Гинеколог ми рече чим нема симптоми кандида не се третирала??? И сега цела сум во прашалници, значи позитивна на кандида, никаква терапија како ќе ја снема? Ве молам некој за мислење...
Земи си канестен вагинални ,јас превентивно си ставам и да немам кандида или полигинакс ама мене тие ми се помрсни и ми истекуваат .Избегнувај благо ,газирано .
Можеш чај од кантарион, ѓумбир, коприва и чај од корен од глуварче можеш тој е природен пробиотик. Зависи колку е развиена кандидата треба соодветно да ја третираш. Само со чај не е доволно.