Само дуфлуконазол апче, друго ти е џабе мака мачев што не пробав секакви вагинални таблети се и сешто џабе, само апчето ме спаси.
Флуконазол/дифлазон може да се земе само со рецепта или може и без? Однапред благодарам на одговорите
Здраво, На пап тестот ми покажа дека имам кандида, земам терапија вагиналетки Polygynax. На интернет читав дека по завршувањето треба да земам веднаш Вагинален Пробиотик па ве молам за искуство. Имам високоризичен хпв 68.
Дали тоа едно апче има толку моќ да ја излечи кандидата? Од едно апче ти помина? Јас од вчера имам и се чудам што се случи,пред две недели бев на редовна контрола и се беше ок. Кандида не памтам кога последен пат сум имала.
Кандидата ти е толку досадна инфекција што колку и да ја лечиш пак се појавува. Јас користев вагиналетки Мелиора во комбинација со апчето Дуфлуконазол и мачкање одоколу со Канестен маст.
Колку време користеше вагиналети? Покрај Дифлуконазол и вагиналетите,пиеше чаеви? Или не знам нешто друго…
Таблетите 1 месец, неделно по еднаш, а вагиналетките 1 недела или 2, не памтам дали беа 7 или 14 во кутија, но знам дека треба цела една доза да ја завршиш. За чаеви само чај од брусница. Само што грешка моја беше што не го пиев нон стоп.
Здраво, Сакам да прашам дали од кога ја ставите вагиналетата осеќате некое благо пецкање? И дали одма ви истече и преспавте со неа? Прв пат ставам па ако малку хелп
Да, нормално е да пецка, стави ја убаво нагоре и преспиј со неа. Јас ставав и секојдневна влошка за да не сум ептен извалкана.
Се случувало и порано канестен да биде дефицитарен, веројатно е тоа. Побарај замена во аптека, порано имаше Kansen, сега не знам дали уште се произведува. Ќе знаат што да ти дадат во аптека, во секој случај.
Да, ептен се добри. До сега најефективни се од сите други. @Milickaa555 Прашај во аптека замена за нив, може имаат. Тие сепак најубаво знаат.