Заклучок: непотребно фрлени 880 000 евра. Брејј не ми се верува. Колку чини една пластична канта? 1000 евра или повеќе?
Cо среќа нек ни бидат кантите бре Mожеме да го фрлиме грујо, таман цел отпад од Mакедонија ќе го снема Hе се бунете многу фуфи едни
Не ми е криво за кантите, криво ми е што се грчки, мммееебббааа.... п.с. ситуација од мое маало - сега пред избори им текна да ни ја асфалтираат улицата а таа до нас ја оставиле за крај, ја избрале за улица на "предизборието", ќе дошле грујо и компанија со лопата да стават асфалт и сето тоа медиумски ќе било пренесено. Можеби е само шпекулација, но не е далеку од вистината имајќи ја во предвид раздвиженоста на трудот по скопските улици. Ова е добро дело, но фактот дека се случува пред избори ја прави излишна секоја пофалба за истото.
Еј што ви е бе, баш супер. Конечно и ние имаме канта дома, претходно се по земја фрлавме. Колку сте неблагодарни Фала ти Грујо
Ма во ситуацијава најмалку е битно колку чини само една пластична канта, најбитното е што воопшто се имаат дрзнато да БАШ ПРЕД избори чепнат во парите, за кои и тие самите како прво рекоа дека нема да чепкаат кога ги земаа и не за друго, бидејќи тие требаше да бидат искористени за тако звани „црни денови“, а и советот ако памтиш, што го добија од таму е тие пари да не се гибаат, освен при неопходност, и да, јас не знам што тоа беше неопходно да купиш пластични канти во време кога економијата во државата и во светски рамки се радуваш доколку стагнира, оти иначе оди и оди во надолна линија, (но пак избори... да не остане за другите, а и нам -вмро, треба ќеш ), затоа што, верувам дека не станува збор чисто ради кампањата, да се сликаат со народот, тоа би било многу проѕирно дури и за глупите и неписмени вмр-ОВЦИ што им ја осмислуваат нивната кампања и ПР-от по вакви поводи, а зајко лежи у прање парица. Треба од тие пари да чепнат за кампањата, пред изборна , а тоа се прави со перење пари. Процедурата е следна: од конкретната сума пари, демек трошиш за разно разни нешта, купуваш, оти ти е нужно демек , ама не купуваш било каде, а ќе купиш кај људиња, производители, фирми, чуда и чудаци, со кои ќе ги наштимате сметките, така да остане нешто за нив, така да остане и нешто за тебе.... и од ова ти сума сумарум ќе си добиеш, чисти пари на рака, кои демек се потрошени, ама ти се во џеб, никаде не фигурираат ФРЕШ ЌЕШ собран од повеќе местенца на ваков начин и оп ете ти кампања и правдање пари чиста сметка долга љубов. Ова и не е некој непознат модел де и фирмите, па и мојов сектор невладиниот си го прави . Така што, прашањето е, колку од тие пари останале во ќеш во џебче на Грујо и Груевци , a за кои народот ќе плаќа камата, ем колку дополнително народни пари од касата, по ист ваков начин испрани... ќе бидат потрошени за кампањата на вмрОВЦИТЕ. И ајт, у бестрага нек идат сВита! Ама, ко кокошката и јајцето, па кој прв се создал, овцата или стрижачот... кога ќе ги снема едните ќе ги однема и другите, само тој филм со проста раја, ТЕШКО!
Од толку многу просветлување за тоа како се перат пари мислам дека сега можам книга да напишам...ок, свативме, секоја акција на владата е или заради перење пари или заради избори, банални станавте веќе со тоа, дај измислете некоја друга причина, бидете поинвентивни...ситни работи купуваат ради перење пари, а Скопје што го 'реновираат' и тоа е перење пари...кешки вака да переа пари и претходната власт, сега немаше да бевме на ова дереџе...
MSkorpionka Патетична си. Што си ти на премиерот: портпарол, некоја роднина, брат, сестра, жена та толку го бранеш?
Драго ми е што си сфатила да ти прераскажам и за другата , па горе долу истото, на поинаков начин само . Но, овие се според тебе нели добри, душа дават за народ, они затоа и кантите ги купуваат, бидејќи кантите се потребни , нели, да не се трошат граѓаните за канти за отпадоци, битно беше, не е битно дал до нивната куќа има контејнер за селективен отпад да речеме, дал имаат ефтина струја, али добро овие канти се ПРИОРИТЕТ АЈДЕ ДА РЕЧЕМЕ, според твоево, само не ми е јасна, па исто време од друга страна фасадите кои немаат куќарчињава, ќе ги репнат по џеб, па место кантите, ете да им ги замачкале ѕидовите, бар на најсиромашните, оние што немаат пари да речеме, не мора на сите... а канти?!? Мислам , секаде ние имаме канти за отпадоци поставено низ градов, секако, посебно низ државава, па дојде време во приватните дворови, зашто ДА НЕ МУ ЈА МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА ТОЈ ПРОБЛЕМ . Порфавор мислам. Дека прават нешто повеќе од оние к*пиљаци пред нив прават, не велам не.. ама, човече, дека прават и ко нив, прават. Гит и за нив, гит и за другите. Брига мене дал е Грујо дал е Бране на власт. Нек се сликаат заедно, ко бест бадис у криминал. И драга, да мило ми е што се поучи како се перат пари, кога ќе почнеш да работиш во некоја фирма може и ќе го видиш и на дело, па ќе знаеш што е ќе се јавиш да пријавиш....
Човек треба прво да се прекрсти пред ова..навистина не ми е јасно како може еден министер и еден градоначалник,да се спуштат на такво ниво.И дали воопшто гледале што изјавуваат и како се однесуваат..кога дојде ред министерот на сече црвени ленти за канти за ѓубре е тогаш навистина ништо друго не ни фали во државава ..се ни е на место..можеби и министерот ке дојде да провери дали имам прашина дома..и тогаш ке намести тендер за крпи за прашина.. абе глупости невидени..
Да. За чудо во моментов јас се сметам за покомпетентна за распределување на државниот буџет и да зборувам за перење пари,отколку кој било друг крадец, формално наречен политичар. А,ти драга слободно фаќај прибелешки, за да ја напишеш книгата. Од многуте коментари тука, навистина мислам дека ќе е корисна пред се за политичарите, а и тебе ќе те воздигниме на повисоко интелектуално ниво. Океј е да си партиски определен,ама таквите како тебе..ма,толку ви е поматен мозокот. Барем кажи име и презиме да те знаат од партија, одма да те стават на фотелја, да не чекаш избори.
Ти можеш да бидеш компетентна само за тоа како да тупиш по форуми со излитени фрази и да глумиш бунтовник кој се крева против нешто, само затоа што знаеш дека има будалчиња кои паѓаат на тие фрази...А за моето интелектуално ниво-ако чекам од твоите постови да се воздигнам на повисоко ниво, очигледно ќе си останам тупа засекогаш...
Скорпионка,смирено жено,нема потреба да навредуваш. Јас едвај ја чекам мојата!!!Утре баба ми у месна заедница ќе ја пратам да се запише!
Еднаш веќе ја постирав песничкава, ама ај и за тебе уште еднаш ..emancipate yourself from mental slaver !!! http://www.youtube.com/watch?v=6yXRGdZdonM
ИИИИија ама те дирнав до срж Муабетов беше "канта што хигиена значи" Ти стварно мислиш дека се практични кантиве и дека толку беа неопходни и од мошне витално значење за Скопјани,па да фрлат 880 000 ЕВРА! Имаш претстава воопшто колкава цифра е тоа??? *На другото, би ти пуштила водичка уште малку,ама не сум сигурна дали имаш апчиња за смирување покрај тебе, па така ќе се смилувам над твоето здравје. Не сакам да те носам на душа после.
Ма немој да си ласкаш толку, знам дека ти годи али со 'усул' малку, и за разлика од тебе не пишувам долни, навредливи лични пораки, ако имаш нешто да ми кажеш кажи ми тука, инаку е малку педерски, знаеш... Lilit-постот на Ashling пред мојот не ти беше навредлив или селектираш по 'другарска' база? Zhap4e- фала за песната
Пак ми идеш офтопик. Ама штом ја сакаш јавно, повели : Испратена на: 16 Апр 2011, 16:43 Од: Ashling До: MSkorpionka Би сакала да си љубезна и искрена и да ми кажиш колкава е твојата ретардација на скала од 10 до 10 о.О? Интересно е како се сепнуваш на тотално небитни работи што немаат врска со темава,а тоа што те прашав погоре не ми одговори.. зошто знаеш дека сум во право. ЈЕС! И на некоја друга тема истово го имаш направено,така да горнонаведената порака со право ќе да сум ја пишела. Мене ме интересира зошто кантиве не се портокалови! И бај д веј,жал ќе ми биде ѓубре да ставам во канта за која знам дека вреди околу 1000 евра. Да и е толкава реалната цена, сите на аукција да ги ставиме. На висока нога живееме, немаме 30 денари за леб, но имаме висококвалитетни канти за ѓубре.
Еве да ти одговорам и да не бидам офтопик: Ако 880 000 евра ги поделиш со 60 000 канти по која логика една канта ти излегува 1000 евра?
Утре кај мене во двор, Ставревски ке пушти во употреба нова вадилка за цвекињата на татко ми..Повелете на леб и сол за аирлија работа.. 10 минути гледав де во телевизорот, де во моите дома,ми беше страв да ги прашам дали и тие го гледаат истото од причина што мислев дека халуцинирам. Да не е олку смешно, жими се би било трагично..Кога министрите стигаа до тоа свечено да пуштаат канти во употреба, очигледно државава ни станала отпад . .
Појадно и поголема глупост....мислам дека ќе има. Способни се за такви работи, браво, браво.. тоа беше донација од незнам каде таму, во мојот град ги делеа за последна платена сметка така да и јас си ќарив една за ич пари. Еј, многу им е добра оваа предизборна кампања