Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канта што хигиена значи и го чува семејниот буџет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 29 април 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Туку би упатила јас еден предлог до Ацета наш како актуелен градоначалник да ни увезе и нам канти само јас би 3 во 1,не може една општонаменска,значи сакам една за крупен отпад,друга-за шишиња и др.пластична амбалажа и трета-за хартија,па не мислете дека сум себична јас ова за сите граѓани и селани од општинава го барам,по можност со лого на бранови на кантите,за како бран да ја снема нехигиената меѓу уши посебно кај политичкава елита,така и мозокот ќе им е може пофункционален.
    И она околу потчукнувањето Ставрески да не се ја заменил тоа кантата со лубеница,ма бојата изгледа е крива за аналогијата или па човекот си има метод на проценка базиран врз „чукање„ :?: ?Па,блазе си на таа мома на која Ставре(ски) и начука нова канта, 8) ...
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    По моја очигледно.
    Стварно мислиш дека воопшто се 60 000? И стварно мислиш дека се неопходни за одржување на хигиената во градот?
    *Да живеев во Америка поинаку ќе ти го поставев прашањето,ама околностите ни е поинакви што значи нит кантите се неопходни, нит парите што се фрлени за нив, бидејќи народот како прво е скаран со бон-тон книгата.
    Скопје како некој некреативен проект во Дизниленд изгледа во моментов, па уште зелени кантурии, од сателит да гледаме дека на секој чекор ги има, та да помислиме ливади се.
     
  3. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Не може вај народ толку ѓубре да направе, колку шо владата може канти да купе :fubar:
     
    На zhap4e и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  4. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Неопходно е да поделат и метли, ќеси за ѓубре и слични реквизити кои се во корист за подобро справување со истото-Ѓубрето. :rofl: :rofl: :lol:
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :lol: :rofl:
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Може ќе одговараат со денот на кој што се спроведуваат. :angel:
    Ден за заштита на животната средина.
    Нека ни оној горе напомош со двеве партии и нивните маалски и улични симпатизери, поддржувачи и тако даље, тако даље....
    Амин!

    И би една канта за тука во дворот кај бабата под мојов стан!
    Под итно ако може. :devil:
    Собира ѓубре во обична пластична речиси дупната канта од која само се жали дека ѓубрето и истекува!
    Да се знае и памети :!:
    И би некој битен да ја донесе уз пат по можност.
    Да ми се израдува маалово што го посетил :$ и му потчукнале по кантата.
    Ајт!
    И со контејнер некој да дојде, едниот ни е дупнат на дното исто така... оние на паркингот да нема збунки, да не ни ги истоварите на друго место :emo:

    Да ќе се работи и во недела само мене сега ми текна се.
    Отиде викенд јабана, ќе чистиме! :wasntme:
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас си добив канта дома, ама сега е прашањето колку пати ќе ја преплатиме :@
    ЈБТ и канти и све, ко до сега да не го исфрлавме ѓубрето. Ова за лекомислениците, пред избори да им замачкаат очи со по некоја канта!
    А кутрите не сфаќаат дека се купени со пари од заем, кој утре ние ќе ги плаќаме пореку покачени даноци и давачки на секој чекор :devil:
     
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Алал да ти е, и да ти кажам дека ти завидувам, јас немам ВЛАДИНА КАНТА ЗА ЃУБРЕ :( :P ;)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Баба ми си ја ставила 200 метри навнатре во дворот плус си синџир и е врзана :x
    Плус се карала со комуналците кои и рекле да ја стави на улица или барем на почеткот на дворот... ама не попушта бре... си ја сака кантата :lol:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Какво перење пари значи, на што се ќе им т5екне...... ненаситни.. :puke:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.149
    :D
    У мое маало не го собираат ѓубрето ако немаш од новите канти!О,да! :D
    Женичката ги молела,вика 4 вреќи ѓубре на жешково,дај соберете ги,смрди,од каде да знам дека морам да земам,плус на список сум пишана не ми се јавиле,а не,не може,со отказ ни се заканија ако собираме така ѓубре,само ако имате канта може! :D
    Ааа циркуз!
     
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    уште еден начин на перење на пари а нормално и мозоците на народот :swear: :swear: :swear:
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Едни мои познаници од Скопје на кои нтелегенцијата им е на „ниво“ :D после изборите беа пресреќни што добиле канта и ми викаат: Гласавме за ВМРО и одма следниот ден добивме канта а и ратата кој доцнеше од негата(инвалиднина) ни ја пуштија пред избори браво за Груевски :clap: :clap: .. :clap: Ги гледам и неможам да се изначудам, така да кантите се многу битен момент за глупите луѓе. Го чекам моментот кога ќе се пожалат дека немаат пари.
     
  13. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Да зборуваме реално или барем со употреба на малку математика.
    Скопје е град со 668.518 регистрирани жители и околу 1 милион што дневно флуктуираат во него (туристи, на привремана работа, студенти од внатрешноста и сл.). Во просек можеме да зборуваме за над 60.000 домаќинства (ако ги броиме како 10-члени, а има и 2-члени и домаќинства од 3-ца итн).
    За 880.000 евра (вкупно 54560000 денари), односно 800 денари по канта , Градот Скопје ќе обезбеди 68200 домаќинства со сопствена канта за смет. Бројките се поклопуваат.
    Ако мислите дека цената е скапа да потсетиме: кантите се увезени, обележани со грбот на Град Скопје, транспортирани до вашиот дом или до централно место во вашата МЗ (што се вика "пред нос"), на граѓаните е само да си ги подигнат да ги стават во двор и да чекаат Комунална хигиена-Скопје да им го собира сметот од пред врата, без да мрднат мал прст.
    Е сега цената на сметот е по квадрат, па ако имате 100 м2 куќа ќе плаќате околу 300-400 денари за смет. Цената во Скопје за ѓубретарина е најниска во било која западно европска држава, бидејќи ние сме Европејци, нели, ајде да си ги платиме кантите и да плаќаме поскапа ѓубретарина .......
    За нашата ниска цена добивате бесплатна канта и услуга од "пред врата" од одредено јавно препријатие, и никој притоа не го засега кој и како се справува со отпадот, се додека вас не ви засмрди под нос.
    За потсетување комшискиот менталитет на нашите граѓани најчесто се сведува на фрлање на ѓубрето на улица или кај комшијата во двор. Па не ми е јасно како е ова лоша мерка за повеќето што коментирале за темава.
    А за критериум на доделување канта, критериум колку што видов имаше: секој граѓанин требаше да си достави само документ за лична документација и платена сметка за вода и смет, да се види нормално дека граѓанинот е плаќач.
    Оние кои не успеаа да земат канта од прва можеа да подигнат од било кое соседно населено место.
    И нормално е да се платат луѓето кои го спровеле проектот.Не е се за површно критикување.
    Поздрав
     
    На mims-89 и snegulka21 им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас мислев циркузов се заборави, а тоа темава уште да ти била активна :wasntme: Немојте, остајте ја назад низ страните, да не се присетуваме на тој циркуз :wasntme:
     
  15. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Темава е актуелна ДА! Бидејќи проектот сеуште е во тек, кантите сеуште се делат и тоа е процес кој ќе потрае, не е нешто што се случува преку ноќ. Ако имате конкретни и мерливи аргументи зошто нешто што се случува е "циркус" изложете ги па можеби и ќе ми го смените мислењето.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Затоа што едноставно е циркуз. Затоа што народот и предходно си имаше канти за ѓубре, се фрлија пари на безвеза. Сигурно предходно не им висело ѓубрето на жица за пружирање алишта. :fubar:
     
  17. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    ЈАК аргумент.
    Инаку сите си имаат канта за ѓубре во кујна, тоа не е спорно. Колку за информација, имаше една таква иницијатива кога кантите се продаваа на граѓаните и интересот беше никаков, само околу 2000-3000 домаќинства си ги платиле, другите не сакале ни да чујат за плаќање, а нивниот изглед беше тотално ист (иста величина, зелена боја и сл.). Тој потфат се покажа неуспешен. Граѓаните си го носеа ѓубрето од двор до најблискиот контејнер што се наоѓа кај околните згради, дуќани и сл (можеби и кај тебе пред зграда) го исфрлаа, од таму пак доаѓаат камиони на јавното препријатие за хигиена, го собираат и транспортираат. Сега некој со камион ќе им го собира сметот ОД ПРЕД ВРАТА ќе добијат канта гратис, а цената за таа услуга "ДО ДОМА" нема никој да им ја наплаќа. Мислам дека сега е појасно? :fubar:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Поентата е што парите за канти се фрлени, канти веќе има, не се менува ништо. Само градот што ќе треба да враќа пари 9 години.
    И смали го тонот малку, ко божем ако си остра сите ќе се согласат со твоето мислење.
     
  19. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Парите според мене не се фрлени бидејќи ги гледав луѓето буквално како чекаат во ред да земат и секој од нив веќе има по една канта дома, тоа се видливи факти. Друго нешто што не се гледа а пробувам цело време да го објаснам е следново: Граѓаните ќе добиваат услуга гратис, нема да мораат сами да го исфрлаат туку некој ќе доаѓа да им го собира од пред врата нели? Тоа ти е исто како да ти доаѓа чистачка два пати неделно да ти го чисти станот, ти да не ја плаќаш а да се фалиш на комшиите колку ти е чисто по дома. И нормално имам истомисленици, колку што има и некои што не се слагаат.
    ПС Го смалив тонот ;)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Па одамна доаѓа некој и го собира ѓубрето. Се вадат надвор кантите(старите, зелени, без грб и сл.) поминува камионот и чао пријатно. Затоа не можам да те разберам што си се фатила толку за тоа дека некој од пред куќата да го собира ѓубрето. И кај е гратис кога се плаќа ѓубретарина?