Чекај малку не беше до сега така кај вас? Овде, во Штип од кога знам за себе од пред врата ни го земаат ѓубрето.
До сега нас лично никогаш не ни собрале смет од дома, за тоа мислам дека ни бараа посебни договори или пак да имаш купено канта специјално од комуналното претпријатие за да ја добиеш таа услуга.
Е па значи, во другиот дел од Мк(спротивно од твојот)ова веќе одамна го има, затоа и сметаме дека се џабе фрлени парите. Се надевма дека сега се разбравме
Зборуваме за Скопје а не за Штип, различни градови различни претпријатија, различно функционирале до сега. Во Скопје конечно ќе го добиеме тоа што Штип веќе го има поодамна, значи е позитивна промена и на оваа тема има премногу неиздржани критики, според мене. Respect
Ти девојче не сфаќаш нешто или? Значи во Скопје ПОСТОИ ова, доаѓаат од дома и ти го собираат ѓубрето веќе за што си плаќаш ѓубретарина. И уште мене не ми е јасно што тебе не ти е јасно, ама изгледа нема ни да ми биде јасно.
мислам дека веќе кажав, ама еве ќе напишам повторно: До сега немаше таква услуга за сите што живеат во куќа, сега сите кои имаат канта ќе си ја добиваат таа услуга. Да не се мешаат поимите тие што живеат во зграда одсекогаш си добивале празнење на контејнерите од комуналното претпријатие, бидејќи имале поставено контејнери специјално за нив во непосредна близина,
Еј знаеш што? Ме боли половиов орган за вас Скопјани дека ќе си имате канти за ѓубре што во иднина и јас од Велес ќе ги плаќам, океј? И јак ми е аргументот, и на место. Можеше во нешто друго да се вложат парите, а не во канти за ѓубре кои не им беа неопходни на народот. Уште па и свечено доаѓаат да `го отворат` шоуто
Јас ќе ти кажам. Вакви исти канти само без грб почнаа да се употребуваат пред неколку год., не знам точно колку. Секое семејство беше должно да си купи ваква канта која си ја плаќаше на рати во соодветната сметка за водовод и канализација тако звана ѓубретарина. Не знам точно ама мислам дека една ваква канта тогаш ја купувавме за 100 марки (на рати). Контињерите ги преместија и сега си имавме пластични канти за ѓубре. И уште нешто, кантата мораше да се купи затоа што ако немаш канта, камиончето што го зема ѓубрето од пред врата, т.е. чичкото, нема да ти го земе ѓубрето ако немаш канта. Сфаќаш сега, ИМАВМЕ канти, не ни беа потребни нови.
Значи БРАВО. Па истото јас веќе го напишав ако воопшто си ги читала постовите, од сите што си беа должни да купат купија само 2000-3000 илјади семејства, а на останатите што не купија не им го собираа ѓубрето, точно. Сега сите ќе имаат и нема да плаќаат, донација се! Вакви акции се нормални за секоја развиена држава и се составен дел од политиката за јавна чистота на Градот, средствата од буџетот не се украдени туку потрошени за граѓаните. Од мене толку, нема потреба да се дообјаснувам, кој разбира - разбира, кој не може да си кажува квази-политички теории. А Offspring да те прашам нешто, што тебе ти е гајле како се распределуваат парите во Скопје, кога не си жител, кога ќе дојде моментот да си го решавате прашањето во Велес формирај си анти-група илио некое движење понуди си предлози на локалните власти за почиста средина таму ти кај што живееш
А ти ми го прочита ли мислењето? Не ни сакам во Велес да ми донесат канти за ѓубре зашто си имам. Туку за вашите канти што ви ги поделија бесплатно и за кој мене ич не ме заболе, утре и јас ќе плаќам, а тоа утре е блиску, ене го каде е... Ама ако, тогаш многу ќе ми биде ЌЕФ да дискутирам, кога ќе лупнат казни и даноци, а ќе спуштат плати и пензии за да се исплаќа кредитот што го земаа а го трошат за курташак!
ОК, и јас сум против расфрлање средства на пр. на споменици. Но за нешто што сите можеме да го користиме а е нормална активност на секоја политика за јавна чистота, сум. Никој ради тоа нема да ни ги намали платите, парите се веќе земени од даноци.
Ауу па Грујо ке не учи да штердиме и тоа преку канти Не можеме да ги спордиме кантите и спомениците кога два споменика ги покриваат кантите финансиски и плус кантите се барем убава работа а спомениците грда. Заедничко е само дека и едните и другите ги плаќаме ние и дека и со едните и со другите горенаведениот си пере пари. Демек ке ни земе пари за канти, па ке ги заштедиме после со нив . Тоа била работата зошто сме сиромашни ние... Алелуја! До кантите е ,само на Грујо му текна паметен човек за џабе не е премиер. Кои канти бе премиере златен ?!? Не ни требаат, нема веке што да фрлаат луѓето во нив, во состојба се и капачето од јогуртот да го изедат од сиромаштија. И тоа малце што го фрлаат го збираат питачите кои од ден на ден се повеќе ги има. Си замислувам муабет на двајца Македонци -Колку заштеди ти од кантите овој месец? -Аууу многу еве сега кола нова од нив ке купам. А ти? -И јас многу. Сега син ми слободно си игра си влегува си излегува од канта без да се разболи порано се по доктори беше. А бе нека не се занесува нека отвори нешто луѓево да работат а канти сами ке си купат после.
Кога сме веќе кај кантиве...работава излезе “ајде кајче (без)платно, ама ако не платиш, ќе те веслам од позади“. СИ делеа канти што си делеа, се радуваше народот- кликнуваше од среќа. Бреее, што влада ќе беше- дарежлива! Носиш сметка платена, носиш ЛК и си подигнуваш канта- за само после некој месец да се донесе одлука дека сите тие кои се на списокот ќе си плаќаат месечна ѓубретарина од по 300 денари. Бонбона! 60 000 канти * 300 денари месечно= 18 000 000 денари месечни приливи на годишно ниво 216 000 000 денари Богами јака математика удриле, инвестицијата од ова ќе оди во Скопје 2014. Да ни биде градов лепршав.....видете луѓе, земете си “бесплатна“ канта....инвестирајте во убавината на СКопје 2014!
Не ми е јасна една работа-дали власта мисли дека толку е прост и необразован народот па не сфаќа што они прават, дека воопшто не им е гајле за народот туку дека целото нивно владеење е маркетинг и ПР??? Ми се од ваквите потези. МИЗЕРИЈА!!!
Ние канта не добивме, не знам зошто. Добија комшиите, иако претходно имаа голема убава канта. И на комшиите им ја украдоа. Сеуште не се знае кој е.
ИДИОТИЗАМ! Ете затоа македонија никогаш, ама БАШ НИКОГАШ! нема да оди напред. дали немавме фирми во мк за да ги произведеа тие еб... канти? туку мора да се увезат. е па сеа некоја грчка компанија ке трие раце а нашиве кој ги е.. хахаха, ете доказ колку градот и воопшто државата се грижи за економијата. ЧИСТ БИЗНИС и мачкање очи. ништо друго. македонски идиоти. а дека треба канти да, во германија имаш 2 канти, една со црн или зелен капак за се и сешто што не се рециклира и една со жолт капак за се рециклирачко, конзерви, најлон, хартија пластика...и ги празнат различно се разбира еден ден едните а во друг ден другите.