1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канцелариски психопати

Дискусија во 'Психологија' започната од DebbieLegg, 30 јануари 2013.

  1. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Koрпорациската етика поттикнува психопатско однесување - позади амбициозноста всушност се крие безобразност. Доколку сте жртва на психопат, сменете ја работата, бидејќи тој никогаш нема да се смени.
    Психопатите нема да ги сретнете само по судниците и затворите, туку и во канцелариите, предупредува др. Џон Кларк, доктор по психологија на Универзитетот во Сиднеј, кој објави водич за препознавање на психопати.
    Др. Кларк предупредува дека најмалку еден процент од вработените го имаат ова пореметување, што и не е толку многу, но проблемот е што "корпорациската етика" поттикнува вредности кои водат до психопатско однесување. Тој вели дека позади "амбициозноста" всушност се крие безобразност и желба за успех по секоја цена, а водечките луѓе во деловниот свет таквото однесување го поттикнуваат и наградуваат.
    "Доколку видите оглас кој вели: 'Знаете дека сте најдобри, можете да влијаете на другите, одлучни сте на својата организација да и осигурате победа по секоја цена', тоа е повик за психопати" вели др. Кларк.
    Според неговата книга, психопатите на работното место можат да се препознаат по следното:

    1. Безгрешни - психопатите на работното место не чувствуваат вина, без обзир на тоа колку злоупотребуваат, подметнуваат и го нарушуваат кредибилитетот на другите соработници.

    2. Заводници - имаат речник и повеќе се склони кон разговори во четири очи, отколку учествување на состаноци.

    3. Манипулатори - системот и правилата ги сфаќаат како им одговара, се хранат со туѓите слабости, посебно со недостатокот на самодоверба.

    4. Наметливи - присвојуваат заслуги за туѓи успеси.

    5. Патолошки лажговци - не се добри лажговци, но постојано смислуваат "добри приказни".

    6. Непредвидливи - чувствуваат само примарни емоции (радост, тага, бес...) и многу бргу менуваат расположение.
    Др. Кларк вели дека канцелариските психопати многу често се спријателуваат со некој на висока позиција кој може да ги заштитува, а тогаш почнуваат да го поткопуваат и својот заштитник за да се искачат на "корпоративната скала".

    За оние кои се погодени од ваквиот начин на однесување, др. Кларк вели дека последиците најчесто се катастрофални. Жртвите на ваквите психопати стануваат ладни, цинични, ја губат самодовербата и довербата во другите луѓе, стануваат огорчени и неспособни за делување.
    Против канцелариските психопати се бори со тимска работа и слога. Кога ќе сфатите зошто некоја личност ви го прави тоа што ви го прави, знаете дека не станува збор за ваша грешка.
    Дали се пронаоѓате себе си, или некој што го познавате во текстов?
    Ете немора да бидат канцелариски,мислам дека ова може да се земе како вистина и за школски,ФБ,Форумски,друштво психопати, ги среќаваме во секој сегмент од секојдневието ги има насекаде нивниот број се зголемува од ден на ден, како вие се справувате со вакви личности.
     
  2. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Работите што ги гледаме на филмови луѓето почнаа да ги прават во реалноста :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.