Канцер на коски

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од gp24, 21 март 2010.

  1. gp24

    gp24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали има некој да сподели некакво искуство во врска со канцерот на коски... :(
    Лекување...борба со оваа болест
     
  2. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    35
    овде можеш да најдеш многу информации во врска со ракот
    http://www.rak.mk/
     
  3. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    48
  4. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    74
    Само што го прочитав текстот, мислам ова интервјуто сериозно мене ме навреди. Ми ја навредува интелигенцијата. Значи сето тоа што го кажа што е поврзано со делба на клетката, настанување на ракот, "искашлување на мртви клетки", мене ми е многу смешно. Значи ама ни едно од тие нешта не е точно. Значи целата патогенеза на туморите и на ракот, настанувањето на истите е сосема различно од тоа што тој го тврди. Па потоа дека тој го лечел и излечил Фидел Кастро, жена му на Милошевиќ, мене ми е неверно до тој степен што е апсурдно и смешно.
    Единственото "клиничко истражување" (иако тој тврди дека спровел многу) кои ја докажуваат ефикасноста на Варумин е едно околу ХПВ, што и не е некое големо истражување, земајки во предвид дека Варуминот го јакне имунитетот.
    Варуминот, можеби и помага при подигање на имунитет(али варумин ќе ве кошта некои 220-230 евра месечно),а како средство против рак, повеќе од скептичен сум.
    И запомнете дека постојат над 100 вида на канцери секој со своја патогенеза и универзален лек за сите не мислам дека постои.
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Канцерот на коски е ретко заболување. Најчесто се јавува на коските на рацете и нозете. Има неколку вида на канцери. Некои се типични за деца, а некои за возрасни. Може да биде и распространет од некој друг орган.
    Сеуште не е откриена точната причина за појава на рак на коските, но се смета дека настанува поради грешка во ДНК на клетките.
    Симптоми се болка во зафатената клетка, кое доведува до ограничување на движењето, меѓутоа кај некои болни болката може и да отсуствува, оток, палпирање на туморска формација почести фрактури на коските.
    Дијагнозата се поставува со рентген, компјутерска томографија.
    Терапијата ќе зависи од видот на канцерот, местоположбата и зафатеноста. Но, најчесто овде ампутацијата е неизбежна.
     
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    240
    Абе зашто им верувате се на паметњаковци професори и „доктори“? Кажи ми ако веќе толку си учел за испит, наједноставната дефиниција за хемотерапија и објасни ми ако веќе е толку пожелно да се користи, зошто до сега после тоооооолку години не најдоа начин и да смислат хемотерапија со која ќе се уништат САМО туморските клетки? Дали веруваш дека лек за ракот и за се останато нема? Ако е така тогаш не постои ниеден вистински доктор, научник, фармацевт на планетава. Затоа што ако им е потребно 200 години да најдат лек за рак, народски кажано за к*р не ги бива. Јас повеќе би играла дека не можат да најдат синтетска замена за природните лекови и да ја шиткаат за истите пари за кои ги шиткаат цитостатиците и осталите срања. Знаеш, природата не можеш баш да ја заебеш, како што можеш луѓето. Најголем бизнис на светот е фармацијата, не смеат да си дозволат да пропаднат, па макар и на цена на човечки живот, што за мене е ок, тоа е нивна работа и нека ја работат како знаат. Додека има овци, ќе има и кој да ги стрижи. И покрај тоа што се повеќе овци се двојат од стадото фармацијата никој никогаш нема да ја победи, ама ако лично јас или мој близок заболи од нешто „неизлечиво“ хемотерапија, цитостатик, кортикостероид нема да имаат задоволство да ни аплицираат. А тоа што најмногу ме боли е што и имам близок кој поради убедувањата на докторите и своеглавоста нема веќе шанса да се врати на тоа што беше, меѓутоа тоа е тоа, времето не се враќа, се оди само напред.
     
    На SV1911 и TennisBabe им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Луѓето во такви ситуации се доведени во очај и се подготвени на многу варијанти. Ништо не е за осуда особено што хемотерапијата не е лек туку напад на организмот бидејќи освен заболените клетки ги зафаќа и здравите клетки а кога нешто уништуваш а покрај него уште нешто здраво, тоа не е лек.
    Почнав да пишувам многу широко на темава, ама мислев дека не е соодветно а и можеби доцна за совети на оној кој ја започнал темата, па избришав.
    Варуминот можеби е од билки но има и доста хемија, претпоставувам. Можеби и ова е само комерција, којзнае. Но сумава е многу голема. Знам ќе речете за здравјето не се гледаат пари но немаат сите луѓе по 220 евра месечно. А зошто фондот не го одобрува лекот е очигледно, тогаш сите досегашни лекови, цитостатици и сл. ќе пропаднат и нема да им функционира бизнисот.
     
  8. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    74
    Јас никаде не реков дека хемотерапијата е "лек" за ракот. Точна е поговорката дека повеќе луге живеат од ракот одколку што умираат од него и најверојатно можеби и постои лек за истиот но зошто да се комерцијализира и патентира тој лек кога од него ќе нема профит. Лекарите и фармацевтите живеат од болни луѓе ,а не од здрави. Значи пак ќе се навратам на тоа јас не реков дека хемотерапијата е лекот, јас реков дека ова не е. Сеуште си стојам на ставот дека овој е преварант ,а ова е чиста измама. Точно дека кога некој е болен ќе проба се, многупати на своја кожа сум осетил што е тоа очај и јас сум бил дури и јас во две три прилики за малку ќе го изгубев животот поради неспособноста на нашата лекарска фела. Ама сега ти ми велиш дека постои природен лек за се? Точно дека постојат многу природни лекови и јас искрено сум приврзаник на алтернативната медицина, но ајде најди замена за антибиотиците? Можеби прополисот, а? Значи точно дека фармацевтските компании се олицитворение на злото во поглед на тоа дека остваруваат профити врз грбот на болни, изнемоштени луѓе но и без нив се неможе. Ајде замени хормонска терапија кај хипо/хипертироидизам со природен лек, ова се наједноставни примери кои ми дојдоа на ум и можам уште 100 да набројам. Значи колку и да се лоши тие, сепак се добри.

    Иначе хемотерапија е терапија за канцер со хемикалии(Поедноставно од ова здравје).
     
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.848
    Znam deka e se za pari i deka hemoterapijata e zlo, ama bi dodala nuzno zlo.Veruvam deka nekade postoe lek koj e skrien za da se vrtat pari so citostaticite ama koga nema poarno toa sto e na raspolaganje ke se koriste.I izlisni se komentarite od tipot jas ne bi primala hemoterapija i ne bi dala na svoi bliski da ja primaat(ovoa ne e za nekoj da navredam).Koj ne osetil na svoja koza ne znae.Ne daj boze da ti se jave taa cuma na nekoj blizok, veruvajte nema bas da se stavas u situacija da se lecete samo so bilki i zdrava hrana veruvajte.Ne deka ja potcenuvam mokta na prirodata ama ne mozes u taa situacija da rizikuvas.Majka mi e bolna od rak i zdravata ishrana ja odrzuva ama da ne bese hemoterapijata mislam deka odamna ke otidese pod zemja.A tie dodatoci za zdrava hrana nema sto ne e dadeno duri i kapki za imunitet od 600eu taj od Bosna kupime.E sega e podobra-fizicki( ama ne znaes sto e toa sto najveke deluva), na kontrola treba da ode pa belkim ke ni potvrdat deka i e stabilizirana situacijata.Moj sovet pak treba da se slusat lekarite i ako e za hemoterapija da se prima samo vo kombinacica so MNOGU VITAMINI I ZDRAVA ISHRANA.
     
  10. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    240
    Замена за хормонска терапија за хипо/хипертиреодизам, хах сакаш стварно да знаеш? Чај од невен, жалфија и ајдучка трева. Истиот е феноменален и за полицистични јајници. И подобар од Еутирокс и Јасмин хормоналните што ги лупаат на пациенти како бомбони да се. Тетка ми имаше хипотиреодизам и препишаа терапија не ја почна, смени исхрана чисто како потпора и почна со чаеви, закажана контрола и беше за 6 месеци, она отиде по 3, хормоните беа нормални како никогаш да не биле намалени. Другарка ми ја лупаат со хормони за полицистични јајници веќе две години, чим ги прекине проблемот се враќа и пукна филм почна и она со чајчиња, избаци исто некои ствари од исхрана и гледај чудо на последната контрола и рекле дека конечно се гледа резултатот од хормонската терапија што она со месеци не ја зема... Епа извини молим те, ама природата има замена за скоро се, ако не и за се. Има уште многу билки што можам да ти ги набројам со бактерицидно дејство, антиинфламаторно дејство али немам искуство никакво и не сакам да тврдам за тоа. И факт е дека фармацијата е одлична дејност и од голема помош, ама од жедта за пари прават глупости, наместо 5 сега има 105 разни антибиотици затоа што пред се докторите ги даваат буквално од ракав, па сега цврц резистенција ајде појако, ајде микрофлора уништена, ајде имунитет нула... Јас во последните 6 години само два пати примив антибиотик и тоа кога ми ги вадеа умници, од страв затоа што се многу стручни да не рикнам од сепса ради заб. Може ќе ми беше доволно само локално да испирам со тревки, што и правев, али признавам шубе ми беше.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    74
    Океј, ај се фати за едно нешто, незнам колку функционираат тие треви баш кај хипо/хипертироидизам. Но таа логика неможеш да ја примениш сегде па што сакаш кажи. Природата има одговор за се, точно, но и човечка рака треба да се вмеша од време на време. Неможеш ти да го успиеш пациентот пред операција со треви, ниту да му ги намалиш огромните болки после тоа. Ајде замени го морфиумот или било кој од другите аналгетици, антипиретици, бета блокери, антикоагуланти, кортикостероиди, инхибитори на протонска пумпа, антихистамини и други лекарства кои спасуваат животи. И ако недај боже некој ден имаш проблем(сериозен), значи недај боже но ако го искусиш сето тоа на своја кожа, ќе видам дали баш ќе се мачкаш со треви и ќе пиеш чаеви.
    Ајде да видам дај му шолја чај на астматичар наместо неговата пумпица со кортикостероид и види дали ќе му се смири нападот. Или пак можеби има замена за инсулинот?Можеби и автоимуните болести се лекуваат со треви? Или лиши човек со системски лупус или ревматиден артритис од неговите лекарства и гледај како секое мало движење на раката/ногата/прстите го ставаат во агонија.
    Ајде спречи тромб кај длабока венска тромбоза со чаеви. Ајде лиши го од лекарства заболениот од Кронова или Улцеративен колит и гледај како се свива во агонија. Ајде лиши ги од аспирин/андол милионите луѓе што го пијат како превенција поради тромбоза и гледај како процентот на инфаркции драстично се зголемува. Лиши човек со улкус од неговите лекови и гледај како се буди во сред ноќ со чувство како да му гори желудникот придружени со огромни болки.
    Или пак употреби антиинфламаторна билка/чај кај бактериски менингитис или енцефалитис и види дали ќе се разреши инфламаторниот процес.
    Може?
     
  12. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    240
    А зашто мислиш дека знам јас нешто, затоа што сум здрава и права? Од чиста мира јас си читам алтернативна медицина на интернет? Се лажеш. И никогаш за ништо не би тврдела без лично искуство. Јас пак ќе ти кажам, јас осетив на своја кожа и мои блиски осетија на нивна. Кажи ми кого познаваш ти што се излекувал 100% со лековите препишани од лекар, без разлика дали е тумор, дали е хипертензија, дали е мултиплекс склероза, аутизам, леукемии и остали гадни срања кои на никој не му ги посакувам.
    Значи излези малце со мозокот надвор од книгите и од тоа што ти го кажуваат професорите на факултет. И јас сум во медицински води и мене не мора да ми се правиш начитан и да ми користиш термини и да ми објаснуваш за алфа-адренергини, бета блокатори, кардиотоници,медуларни стимулатори, уроспазмолитици, експекторанси, антимикотици, каустици, кератолитици и ред други стручни срања што ги читаш во книга по фармакологија ... Кога ќе почнеш да се занимаваш со пракса ќе ти стане јасно дека тоа што професорот ти го кажал и си го прочитал во книга некад немаат ни две заеднички. Јас нема да имам контакти со луѓе, ама ако ти планираш да бидеш доктор комплексот да покажеш колку си научен да си го проголташ. Затоа што си решен дека нема потреба да се иде на природна база, него да се пумпаат синтетики, јас ако дојдам кај тебе (без да имам некои познавања од фармакологија и општо медицина) да ме лечиш од нешто и ако ми кажеш еве ви препишав бета-лактамски антибиотик, ве молам по интрамускулната апликација причекајте во случај да дојде до анафилактички шок, па да ви дадеме антихистаминик, адреналин и глукокортикоид, нема никад да дојдам пак затоа што прво и основно нема да те разберам, а второ ќе делуваш ужасно препотентно, како што делуваш и сега. Ајт поздрав
     
  13. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    74
    Хахахах, благодарам на критиката. Со луѓе знам како да работам и верувај доста сум социјален и воопшто не сум препотентен. Инаку значи јас не пробувам да сменам ничие мислење, очигледно не си личност со лабилен карактер и имаш цврст став, го ценам тоа, јас го бранам моето. Но исто така и јас нема да го сменам моето мислење ,а колку и да ги мразиш синтетичките срања и докторите, без нив не се може.Што мислиш, јас отидов на медицина бидејки сакав да се правам начитан пред луѓето? И јас не сум здрав и прав и сум преживеал еден куп работи, и покрај тоа што поради докторите ќе го загубев животот, тие истиот и ми го спасија, а синтетичките срања дефинитвно помогнаа.
    Јас не го кријам моето знаење(колку и да е мало тоа), ако некој го интересира јас ќе му го пренесам, ако некој ми вели дека 2+2=5, јас ќе се трудам да докажам дека е 4, но понекогаш залудно.
    Фармацевтските компании се еквивалентни на нешто најлошо што постои, но како што и реков без нив не се може, па кој што сака нека каже.

    Јас ги понудив моите аргументи, ти твоите,фала и поздрав.
     
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.524
    Допаѓања:
    9.424
    РЕЦЕПТ – ЧУДО ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД РАК, ШТИТИ ОД ИНФАРКТ


    Рецепт за лекување на целиот организам! Ги прочистува крвните садови, го лекува срцето, буквално го подобрува имунитетот, го чисти црниот дроб, ја подобрува работата на мозокот, претпазува од инфаркт, и се смета дека помага при лекување на рак.

    [​IMG]

    Состојки:

    • 15 лимони
    • 12 глави лук
    • 1кг мед
    • 400гр пченични никулци
    • 400гр ореви
    • Подготовка:
    Земете 400гр необработена пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете ја со вода и оставете да отстои 10-12 часа. Покријте ја со газа. По 10-12 часа процедете низ газата и добро измијте ги зрната. Еден ден подоцна ќе се појават никулци со големина 1-2мм.

    Во машина за мелење месо, сомелете ги заедно со лукот, оревите и пченицата со никулци. Потоа, измелете 5 лимони заедно со кората, и додадете ги кон смесата. Од останатите 10 лимони само сокот се додава во смесата. На крајот се додава медот. Смесата се префрла во стаклени тегли. Се чува во фрижидер. Се користи откако ќе отстои 3 дена.

    Овој лек го лекува целиот организам и сите болести!

    Како се конзумира:

    1-2 супени лажици 30 минути пред секое јадење (3 пати на ден). За лекување на рак се зема на секои два часа по една лажица.