1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канцер-фобија

Дискусија во 'Психологија' започната од Ицолгудбејбе, 10 февруари 2020.

  1. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Веќе немам душа од оваа фобија:(.
    Живеам во постојан страв, не можам да спијам,опсесивно читам за него..Од мојот психијатар ќе побарам помош, ама сакам и ваши мислења да видам.
    Имам и други фобии ама од оваа веќе е претеран страв.
     
    На mintyflowers, mssuniquee, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да не читаш!
    Од толку работи за читање, ти глупости читаш!

    И ќерка ми така си прај.
    Со Корона е опседната последно време.

    Да земи чоек еден стап!

    :hug:
     
    На ku4ence, EvAngelos, Keanu_R.Wick и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    Леле коа се појави короната не мрдав од дома :rofl:
    Еднап почнав да кашлам и паднав во очај дека и ја сум закачила и дека ќе умрам :D
     
    На buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Типичен хипохондрик си и мене ми се случило такво нешто кога учев за болести на дигестивен систем за школо после тоа многу ме болеше желудникот и се што учев го доживував буквално мислев дека имам карцином на желудник :rofl: Не се секирај ќе ти помине мисли позитивно и живеј го животот
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Хипохондрик си.
    Тоа значи дека ти е страв од болести и се опседнуваш со тие мисли и те разбирам и јас си патам од истото, но мора да сфатиш дека до психата ни е.
    Пред се немој да читаш такви работи поврзани со болести избегнувај зашо ти влегува во мисла и го мислиш тоа постојано. Јас гледам да избегнувам често и кога ќе ми дојдат такви мисли да ги тргам свесно колку што можам.
    Истражи за хипохондријата малку ќе видиш и ќе ти стане јасно што всушност се случува..
     
    На marija99992, AngIv, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    @Elf
    Знам ,ама мислам дека Канцер Фобијата е посебна . (Спаѓа во специфицни фобии ако не се лажам )
     
  7. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Не, исто и тоа спаѓа во хипохондрија.. Значи ти се плашиш од самата помисла на канцер и мислиш дека ќе се разболиш од тоа,а сето тоа ти е предизвикано од твоите сопствени мисли кои се претвораат во страв и ти немаш мир.
    И јас цело време со таа фобија се измачувам.. ама пополека се соочувам со неа и на крај мора да исчезне.
    Се е тоа базирано на мислите и психата што дури и можеш да си манифестираш и физички симптоми со мислите да почне дури и да те боли нешто.
    Силна е мислата.
     
    На gjoker4e, Lady D ❤️, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Плус тоа сум тешок Некрофоб.
    Ме ужасува мислата за смрта, не можам мртви луѓе/ животни да гледам. Не можам на погреби да одам..Катастрофа.
    Знам дека се е психа ама тоа што знам не ми помага .
     
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Еве ме:) Хипохондрик пар екселанс.

    Цел живот страдам од ова. Откако памтам за себе почнав да си го анализирам телото и ,,симптомите'' што секој ден укажуваа на нешто различно. Еден ден е стомакот, друг ден главата, трет ден грлото.
    Не се плашам само од сериозни болести како рак, се плашам и од обична настинка, грип, буквално стравовите ми се фокусирани секој ден на различно заболување. Значи немам некоја специфична фобија како тебе.

    Маѓепсан круг е. Штом почувствувам и најмала болка, паничам и како болките да се засилуваат. Заедно со тоа иде брзо чукање на срцето, ладна пот, слабост во нозете. Доволно за да си направам цел филм.

    Пробувам да се одвикнам од читањето по Интернет за болести. Ништо добро не носи тоа. Нормално е на првата страница да излегуваат најцрните сценарија, ние луѓето сме повеќе привлечени од лоши вести и тоа е тоа што најмногу читаме. Затоа ако барам за причини за главоболка, веднаш ми излегува како резултат ,,тумор''.
     
    На marija99992, CarrieBradshow, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.744
    Допаѓања:
    32.100
    Пол:
    Женски
    Не дека е некоја фобија, ама знае некогаш да ме фати некој уплав. Мислам дека голема улога има тоа што го читаме.
     
    На prominent и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  11. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Иста бев пред 6-7 годино може и бетер. Одев паралелно на психијатар и на сите можни испитувања што ќе ми текнеше. Ќе слушнев некој се разболел одма и јас болна легнував од истото. Едно време толку се занесов што мислев губам контрола над себе.

    Мене ми помогна што се трудев да престанам да читам, сите сајтови по социјални мрежи што пласираа вознемирувачки инфос ги отследив, повеќе дружба, а и ми се згоди тогаш на апсолвентско патување отидов и се вратив променета малце.

    Некогаш смешно ми е ама некогаш знае кога ми е досаден период пак така да ме стресе стравот ама поминува.
     
    На Elf, prominent и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.510
    Пол:
    Женски
    Само за потсетување ракот се лечи.
    Психата е најопасна работа некогаш сами си ја предизвикуваме болеста.Со тоа што мислиш си го довдеуваш телото без сон , а со тоа си го уништуваш имунитетот и си подлежна на болести.

    Мајка ми два пати се разболе од рак и два пати оздрве благодарение на позитивната мисла. Ниту еднаш не се пожали од хемотерапијата.Само си имаше зацртано дека сака внуци да си пречека.Успеа се излекува и сега се замара со внуците:)

    Нема човек што не се плаши од рак , ама јас велам да живееме и уживаме во животот додека сме здрави.
     
    На CarrieBradshow, gjoker4e, Yowannty и 17 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Оди у ЖМК, истестирај се ,види што како со предиспизиции,гени итд... отргни го стравот
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Го потценуваме стресот како фактор што влијае за појава на секакви болештини. Не само рак.
    Претераниот стрес е катастрофа за имунолошкиот систем. Одредено ниво на стрес е здраво и нормално, но не е нормален постојаниот страв и напнатост. Тоа си носи и последици како несоница или немирен сон, и тоа ти е веќе рецепт за нарушено здравје.

    Не' бомбардираат со секакви вести, најчесто лоши зашто нели, лошата вест продава. Отвори еден обичен весник, види само едно издание на дневните вести - се известува главно за лошо. И секогаш предупредуваат од најлошото можно сценарио.
    Што не мора да е така. Може да се случи и најдоброто. Но нашиот мозок не е ,,програмиран'' да мисли така. Во природата ни е да се штитиме и да се грижиме, пред се', за тоа да преживееме.

    Кога ќе размислиме, повеќето ситуации се неутрални, најверојатно нема да се случи ни најдоброто ни најлошото сценарио туку нешто помеѓу.

    Мојот совет е да работиме на намалување на стресот. Слободното време да го исполниме со активности што навистина ни пружаат задоволство и одвреме навреме да си дозволиме пауза од бомбардирањето со секакви информации, и точни и неточни, и важни и неважни.
     
    На Ицолгудбејбе и Ketchup им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.270
    Допаѓања:
    37.873
    Пол:
    Женски
    Иста сум веќе години наназад.
    Мојот проблем е и поголем зошто освен хипохондрија и фобија од канцер имам и фобија од прегледи и доктори. Така што ако се убедам дека имам нешто, не можам да одам да се прегледам. Пред обична проверка на крв физички се разболувам, не јадам, имам дијареа и други стомачни тегоби од нервите и обавезно тахикардија. На секое екг над 120 ми е пулсот. И така во круг од една во друга болест сите ги преживувам.
    Ми кажа мојот психолог пример за што може психата да направи со жена што цел живот мислела дека има еден вид канцер. И сега навистина има, ама вели дека и е исто како и претходно дури и полесно, зошто сега е реално и нема неизвесност. Цел живот го преживувала тоа.
    И ние така и дури сме здрави се бориме со фобијата и никогаш не живееме вистински.
    Ме замисли многу ама потребна е многу јака волја и менување на мислите и негативноста од корен, а мене не ми помага засега ни терапија, ни психолог.
     
    На Lolipop23, Ava.84, AngIv и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Достате бе луѓе!
    Ако се умираше од страв, требаше да умрам уште пред 30 години!
    Ништо да не прегледвате, освен ако немате симптоми за нешто, или доктор не ве испрати.

    И јас 'преживеав' и рак, и СИДА, и еден куп други болести ко вас.
    Ви кажвам од искуство.
    Ќе си најдите занимација некоја, а не да се опседнувате со глупости!
    Ко мајка ве молам :hug:
     
    На crimson, Elf, kristina.k и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Имам страв од сите болести и кога и да слушнам за некоја одма гуглам симптоми, генетски предиспозиции итн итн што ме доведува до лудило.
     
    На marija99992 и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Идејава за форумов е супер! Еден од начините да си помогнете во справувањето со фобија е и да споделите свои искуства со група луѓе кои имаат исти проблеми и да споделите со нив како вие најуспешно се справувате со фобијата. Направете го форумов место за помош за сите оние кои си имаат мака, а не место за подбивање со луѓето што имаат фобии. Стравовите и фобиите се реален психички проблем, и за тој што пати од фобија, тое е многу истоштувачки и навидум нерешлив проблем. Кој тоа не го разбира немора да е активен на овој форум, оставете простор за практични совети и поддршка. Да осудуваме некого што во незавидна состојба (психичка, здравствена) мислам дека е однесување карактеристично за среден а не за 21ви век.
     
    На Lolipop23, Ицолгудбејбе, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Фобиите се лечат со неколку „средства“:
    - разговор со психолог, психијатар (за тие што ова го имаат - на добар пат сте);
    - со психотерапија и тоа когнитивно - бихејвиорална психотерапија;
    - со медикаменти (препишани од психијатар);
    - со техники за само-помош (како техники на дишење и релаксација) и групи за поддршка.
    Некои фобии често се сретнуваат заедно со други стравови и фобии и треба да се работи на подобрување на целовкупното ментално здравје. Со правилен третман може да се надминат или во најмала рака да се научи како да се држат под контрола. Инаку, стравот од смрт се вика - thanathophobia ;)
     
    На Ицолгудбејбе, kristina.k и Elf им се допаѓа ова.
  20. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Секој си има право на свое мислење овде па и да истакне свој проблем/фобија што и да е.
    А тие што осудувате сте ми многу загреота.
    Обично викаат не се смеј и не осудувај све се враќа во животецов.
    Убаво е и тука да се чујат мислења и искуства. :)
     
    На "Zoki", kristina.k, Ицолгудбејбе и 2 други им се допаѓа ова.