Пред се треба сама да сфатиш дека смртта е природна појава која порано или подоцна ке се случи и многу веројатно дека ти нема да знаеш за тоа. Смртта им се случива на семејството и пријателите на мртвиот. Мртвиот не знае дека е мртов (колку и сурово да звучи, така е). Не смееш да си дозволиш да се плашиш од болести си се самоуништуваш. Почни си од мислата Од тоа што се плашиш тоа го привлекуваш и избегнувај ги таквите мисли биди позитивна, медитирај.
„People with mental health problems say that the stigma and discrimination surrounding their mental health problem can be one of the hardest parts of their day to day experience. As a result of the stigma, we might shy away from supporting a friend, family member or colleague. And the consequences can be large. People with mental health problems can lose friendships, feel isolated, withdraw from the world and not get the help they need. It doesn’t have to be this way. Talking about mental health shows someone that you care about them. It aids recovery, and friendships are often strengthened in the process.“ Ова е извадок од еден сајт направен за поддршка и е на следниов линк: https://www.time-to-change.org.uk/category/blog/phobias За оние кои незнаат англиски еве и превод од извадокот: „Луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје велат дека стигмата и дискриминацијата што го опкружува нивниот проблем е еден од најтешките делови од нивното секојдневно искуство. Како резултат на стигмата, може да се срамиме да дадеме поддршка на пријател, член од семејството или колега. А последиците може да се големи. Луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје може да изгубат пријателство, да се чувствуваат изолирани, да се повлечат од светот и да не бараат помош кога им треба. Немора да биде вака. Зборувањето за менталното здравје е начин да покажете дека се грижите за другиот. Помага тој да се опорави, а пријателството честопати се зајакнува низ тој процес. “ Јас лично сега немам фобија, ама ви стојам на располагање и за стручен совет и за поддршка. Велам „сега“ зашто не е чудно во некој дел од животот и да имаш нереален страв или фобија. Тоа што болеста е психичка а не физичка не значи дека треба да се занемари или потцени. Информирањето е прв чекор во справувањето со проблемот. И тоа информирање од релијабилен (стручен) извор. Само кога знаеш со што си имаш работа, дури тогаш може вистински да си го решиш проблемот. Јас познавам и случаи каде членови од семејството го тепале својот близок со психички проблеми зошто мислеле дека така ќе се „опамети“ и ќе му помине, ама на психијатар не го носеа, од страв од стигма и осуда...многу жално е што се носи неинформираноста..
Оној што не доживеал никаква фобија никогаш нема да го разбере оној што преживеал. Затоа не се чудете од различните мислења во темава.
Де,бре,човек не може лесно да се отараси од некои фобии. Океј,потешко им е на оние кои се стварно болни,ама не им е лесно ни на оние кои имаат фобии. И тоа е здравствен проблем. Да,треба да се оди кај психолог и/или психијатар,ама нема ништо лошо ни во тоа маките да се споделуваат тука. Еден човек е слаб,сите заедно се посилни. Ќе ви дадам само совет во слободно време да не идете на Гугл,поарно вклучете телевизор или читајте книга,или најдете друг начин да си ги преокупирате мислите(на пример прошетка во природа или парк сами или со миленик или играње игри,или пак оговарање на познати на форумов -глупо звучи последново,ама забавно е). И не ме сфаќајте погрешно,советов е добронамерен. Инаку разбирам.Немам канцер-фобија,ама имам други фобии кои ми се поднамалени благодарение на моите техники. И слободно споделувајте тука!
Што читаш за него,кај читаш? Сама си ја наметнуваш таа фобија да ја имаш. И пишувај си слободно ова е форум.
Ви ги читам мислењата на сите редовно.Како што кажав посетувам психијатар 4 год (прим, спец псих.) Ме имаат до сеа 6 7 психијатри прегледувано ,а и психолози. Побарав само мислење од луѓе што ги "совладале "фобиите а не "попувања" како претерувам. Фала ви @Elf @WildMk и на сите останати што дадоа подршка.
Едно време мислев дека иам канцер на кожа и испадна дека е нај обична алергира, фуцк цанцер !! Се е до мозокот, пробај посвети се на др работи
@Ицолгудбејбе сум била во слична ситуација и за жал сѐ уште сум хипохондрик (но не до тој степен како што бев) и се чувствувам несфатено. Не сум ни психолог ни психијатар, но би ти препорачала физичка активност!!! Мене тоа најмногу ми помогна. Често го препрочитувам ова: No poison can kill a positive thinker, and no medicine can save a negative thinker. Плус, кога и да ми се вртат негативни мисли во главата, ми текнува дека знам луѓе кои цел живот пазат, не пушат, не пијат, водат здрав живот и пак се разболеле, и обратно - некој пуши, пие, нездраво се храни, секое лето гори на сонце без заштитен крем и гајле нема до 90 години ќе живее (нормално треба да водиме здрав живот, да внимаваме најмногу на хигиената... сон, исхрана итн., ама некогаш од пишаното не се бега). Што ќе постигнеме ако секој ден читаме за болести? Упм, еднаш се живее, доволно е комплициран животот за да го комплицираме уште толку. Фобијата успешно се лечи и сум 100% сигурна дека ќе ти биде подобро.
Е јас имам и ќе ти кажам една работа. Позитивноста и мотивацијата за живот не ти даваат да те бутне лесно болеста. Тоа го видов со свои очи. Е сега што е пишано тоа е. Ти кажувам најдругарски не ти попувам. Можеш да ја победиш таа фобија,се се може ако се сака. Наогаш издувен вентил. Теретана,трчај,вози точак,искачај забавувај се,мотивирај се на позитивни мисли. Најди си хоби кое ќе те одвлече од таа фобија. Извини ако мислиш дека ти попувам.
@"Zoki" Со помин Проблемот кај мене е што не помага шетање фитнес,друштво,забави,секс,дечко,врвни психијатри,психолози ,седативи..Сеуште се потресувам од самиот збор "рак" а не па да заболам или да гледам некој болен од тоа. Мислам дека би се пореметила. Не ми пречат твоите мислења.Напротив
Читам читам и гледам дека си решена дека нејкиш да преминеш преку твојата фобија. Иако знам дека не сакаш да ја имаш со твоите аргументи изгледаш како да уживаш во неа, кога некој ти дава предлог ти ја браниш твојата фобија. Јас имам дентофобија од поимот заболекар нозе ми се сечеа губев воздух и паѓав, потоа сфатив дека е нешто со што морам да се соочам. Ти мора да се соочиш со помислата дека смртта е реална, а за некои болести не одлучуваш дали ке дојдат. И за крај ракот не е ни најстрашната болест бидејки има терапија, има болести кои не можат ни да се откријат. Погледниго видеото, па ако си решена дека сакаш помош ке ти услужи.
@Ицолгудбејбе, многу е важно да најдеш нешто што ќе ти го окупира умот. Не можеш да мислиш на две нешта истовремено. Невозможно е. Искрено, мене најмногу ми помага работата. Целосно се внесувам и тогаш и да сакам не можам да мислам на ништо друго. Истовремено, тоа ми претставува и задоволство, не ја гледам работата како здодевна обврска. Плус тоа, чувството дека правам нешто продуктивно и корисно ме прави да се чувствувам подобро во својата кожа. Е сега, кај тебе не мора да биде баш работа како работа. Може да е и некое хоби. Не мора да е физичка активност, не мора сите да спортуваме. Битно е да го сакаш тоа што го правиш и да те држи зафатена долго време.
Многу помага првин да се вежба mindfulness - во смисла на свесност за моментот во кој сме, свесност за мислата што ни светнала во глава и свесност за чувствата што ги предизвикала. На тој начин дознаваш која ситуација е уствари тригер за негативната мисла и кои емоции непријатни ги предизвикува таа автоматска мисла и конечно како ти реагираш на тие мисли и емоции. Треба да се освести секој чекор од кругот што во себе го минуваш. Да си го запознаеш механизмот кој ти го команда однесувањето. Mindfulness се вежба и се учи и на почетокот не е лесно за луѓето што не се навикнати да мислат на работите кои им се случуваат внатрешно. И тоа е корисно за одржување на менталното здравје на сите, не само на луѓето кои веќе имаат психички проблем. Одкако ова ќе се совлада наредно е да се работи на промена на однесувањето кое е непожелно, а кое толку долго се повторувало што преминало во автоматско. Често како бихејвиорална техника се користи exposure. Незнам дали некои психотерапевти кај нас ја користат воопшто. Таа техника значи дека постепено се изложува човекот на она што го плаши, и тоа без форсирање и контролирано, во присуство на психотерапевтот. Додека тоа се прави уствари учиш практично како да се справиш со мислата, со стравот и со физичките реакции што ги активирал. Секако подобро се учи со пракса и со искуство, затоа оваа техника е и доста успешна.
И ова сакав да кажам: техниките на релаксација и дишење било да е тоа медитација, вежби за дишење или нешто др. се корисни за оној момент кога веќе мислата предизвикала негативни емоции и имаш физички реакции и чуствуваш паника или страв. Тие користи ги за моментално да се смириш, да се стабилизира и да не почнеш со активности кои само потоа дополнително ти го хранат стравот и те враќаат во кругот-како гуглање болести, или незнам, детален само-преглед на кожата за сомнителни бемки.. За да фобијата станува се поретка и да биде со помали ефекти примената само на овие техники без работа на суштината, не е доволна.
@Ицолгудбејбе Иако изгледа помалку смешно и детинесто од страна, само тој што се наоѓа затекнат во ваква некоја ситуација, знае како му е во сопствената кожа. А според ова што го читам ( под претпоставка дека е верно пренесено ) не е нималку убаво и лесно. Доброто е што `проблемот` е психички , односно како што сама ти си го создала, така само ти и можеш да го отстраниш, никој друг. Е сега, тука е потребно цврста решителност, и посветеност. Нема сам од себе да го снема преку ноќ нормално, треба да работиш на тоа. Под работење на тоа не мислам да читаш за него, него се спротивно. А тоа подразбира да мозокот ти е цело време окупиран со секакви мисли, освен тие за умирање, болести, симптоми, гуглање итн. Дури и навечер кога ќе легнеш и ти летаат сами мислите против своја волја, стави слушалки пушти некоја емисија каде што зборат, се смеат, нешто што ти го наоѓаш како интересно и забавно, што ќе ти ги окупира мислите на друга страна. Се друго на што ќе мислиш, освен ова, е добро. Баш денес наидов на многу добар и поучен блог: Обавезно прочитај! , и стави го фокусот на убавите работи во твојот живот, твоите родители, браќа, сестри, другари, дечко, било што ти носи радост. Не сакаш таква да те гледаат нели? Не прави ништо против своја волја, туку само тоа што чувствуваш дека тебе ти е убаво и ти годи. Верувај ми, од лично искуство со истава состојба сум. Бев во ситуација да докторите во Систина ги убедувам дека имам одредена болест, и да ги гледам како ми се потсмеваат. Никој и ништо не можеше да ме убеди дека не ми е ништо. Никаков доктор, никаков преглед, ништо. Секој пат наоѓав нешто ново, сама себе си се чудам сега на иновативноста и креативноста. Главниот корен на проблемот го пронаоѓам дека тој период немав работа, не ме исполнуваше тогашната љубовна врска, и мозокот и психата се чудна работа, си наоѓаат да се фатат за нешто со што ќе бидат окупирани.