1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канцер-фобија

Дискусија во 'Психологија' започната од Ицолгудбејбе, 10 февруари 2020.

  1. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите. Почнав да применувам ваши совети и се надевам дека овој пат ќе успеам.Мнолгу ми значеше вашата подршка :) :hug::hug:
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски

    Битно и од помош е да знаеш дека не си сама, многу други поминале низ тоа, и нека те води мислата дека еден ден оваа твоја ситуација ќе биде минато, и ќе ти биде мака во колку убави моменти кон кои сега си индиферентна, во друга ситуација би се радувала и уживала.
    Утре е Валентајн, исто памтам ситуација од еден минат Валентајн, кога бев во твојов период, како тогашниот дечко ми прави муабет за патувања, кај да идеме, што да правиме, а јас во себе си мислам види го будалиов што збори, какви планови си прави, ја не знам уште колку ќе живеам не можам планови да правам.
    Сега кога го кажувам ми е налудничаво, ама знам дека во тој момент сето тоа ми беше многу реално, со многу непроспиени ноќи, глави заболено од размислувања, итн итн.
    Магичен круг без излез, додека сама не се свестиш, а чим си отворила тема е знак за твојата свесност и тоа е веќе првиот направен чекор кон подобро, признавањето.

    Читам и гледам дека кај секој човек различни методи успеваат, мене лично како дистракција, особено навечер пред спиење кога си сам со себе и нема бегање, најмногу ми помогна слушање на ASMR , не знам колку си запознаена, ама искрено и од се срце би ти го препорачала. Има англиски, српски разно разни верзии, најди си нешто што тебе најмногу ти годи, опушти се и уживај во младоста и она што сега треба да биде твој безгрижен период, вистинските проблеми ќе дојдат понатака во животот.
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mintyflowers

    mintyflowers Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Бев многу мала кога и кажаа на мајка ми дека има рак на дојка, страшно беше кога ја гледав каква беше кога примаше хемотерапија. Потоа и се прошири и на други делови од телото. Дедо ми и баба ми двајцата се умрени од рак. За среќа, после тестови не било генетско, но стравот кај мене продолжи. Сега и малце да ме здоболат градите паничам (иако ми кажаа дека тоа е поради циклусот и хормоните) за секоја мала болка по телото или за некои бемки таму цело време сум на гугл. Сите околу мене ми велат дека сум хипохондрик, што изгледа е вистина и не знам како да го надминам тоа.