Капки Femisan A

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од katalina, 28 јули 2012.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,дали некоја од вас ги има користено капките FEMISAN A? Веќе подолг период имам проблем со цисти на јајниците,па прочитав некаде дека биле успешни во нивно намалување.Ако имате некакво искуство со нив,ве молам споделете го.Патем каде мозат да се најдат овие капки во Мк и колку чинат? Поздрав... :)
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Kapki Femisan A

    Јас ги пијам од понеделникот, чинат 480 денари и ги има само во неколку аптеки, јас ги земав од Виола ама веќе ги нема таму, може да се порачаат , уствари еве ти нивна страна па еве тука види прочитај http://www.facebook.com/Herbasvet

    Инаку едно шишенце ти е за 12 дена само, а капкиве се пијат 8 месеци ( зборам за нашиов случај за полицистични јајници) така да е прилично скапо, ама кога се мора тоа е..
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Kapki Femisan A

    Јас не сум од скопје и тука во мојот град се уште никаде ги неме капките :( инаку јас имам само една циста на левиот јајник...
     
  4. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    ФЕМИСАН А капки

    FEMISAN A
    Растителни капки
    FEMISAN A најчесто се користи за третирање на следниве тегоби:
    • цисти на јајници
    • миоми на матка
    • пореметувања на менструалниот циклус
    • болни менструации
    • eндометриоза
    • PCOS – синдром на полицистични јајници
    • фиброцистични промени во дојките
    • женска неплодност- стерилитет
    • ранички на грлото на матката
    • ПМС

    Состав: Alchemillae folium, Millefolii herba, Petroselini fructus, Calendulae flos, Geranii robertiani herba, Polygoni herba.

    Применa:
    Нередовен менструален циклус на почеток на пубертет и во подоцнежниот период, дисменореја (болни менструации), aкутно и хронично воспаление на јајници, aкутно и хронично воспаление на матка, трета и шеста група на вагинален секрет, бенигни цисти на јајници, миоми, цисти на градите создадени како последица на хормонален дисбаланс, предменструален синдром - ПМС.

    Дејствo:

    FEMISAN A е диететски производ на база на внимателно избрани лековити растенија, без дополнителни вештачки материи, бои и хормони. Служи за чување на здравјето и на фунлциите на репродуктивните органи кај жените во периодот од пубертет до менопауза. За нормализација на хормоналниот статус кога станува збор за нередовни циклуси, или во целост изостанати циклуси, цистични и полицистични јајници, придонесува апиол-от кој што ја стимулира микроциркулацијата во областа на јајниците и побрзиот доток на лековитите супстанци од екстрактот на лековитите растенија. Ова дејство на апиол-от заедно со Geranium robertcianum има исклучително дејство на функцијата на јајниците, како и на елиминација на цистите и зголемувањето на плодноста. Повеќето растенија во Femisan A имаат спазмолитичко дејство, што го намалува грчот во матката и знатно ги олеснува болните циклуси. Alchemila vulgaris e танинско растение кое што ја зацврснува матката и нејзините лигаменти и е одлична превенција од создавање на цисти и миоми. Femisan A ги смирува воспалителните процеси на јајниците и на матката со силното дејство на етеричните масла, танинот и сулфурните хетерозиди кои што се сметаат за најсилни растителни антисептици.
    Начин на употреба:
    Три пати на ден пред јадење да се пијат по 20-30 FEMISAN A капки во 1dl вода. Се препорачува користење на капките во период од 2-8 месеца, со двонеделни паузи по секои 2 месеца.
    Kај дисменореја (болни менструации) капките да се пијат 3-5 дена пред циклусот и за време на циклусот, 3 пати дневно по 20 капки.
    Kaпките може да се користат и превентивно 1-2 пати дневно по 20 капки.
    Несакани дејства: Не се познати
    Начин на чување: Да се чува на собна температура, заштитено од светлост и во оригиналното пакување.
    Пакувањe: 30 ml водено-етанолски раствор од лековити растенија
    Рок на траење: 24 месеци од датумот на производството до рокот означен на пакувањето
    Femisan А е додаден во базата на податоци на Министерството за здравство на Република Србија, на страница 213 под број 2128/2012 (2012/04/20). Експертско мислење и категоризација на Фармацевтски факултет, Универзитет во Белград, беше издаден под бр 1/78-12 (2011/04/11). Институтот за јавно здравје "Д-р Милан Јовановиќ Батут", издадена на експертско мислење за безбедност под бр 250 (2011/04/20).
    Произведува: ХЕРБА СВЕТ Д.O.O., Белград
    Информации: +381 11 23 900 86



    ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ИМА КОРИСТЕНО,450ДЕН СЕ ГИ ИМА И ВО МАКЕДОНИЈА.Јас инаку имам водена циста на едниот јајник па сакам да ги купам,аптекарката ми рече биле многу ефикасни,и цистите полека се губеле со редовно користење..
     
  5. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    13.131
    Пол:
    Женски
    Еднo гoлемo брaвo зa кaпките.
    Јaс имaм пoлицистични јaјници, првo бев скептичнa зa нив.
    Нo не дoбивaв мензис и пo 3 месеци, мoрaв дa пијaм Примoлут Нoр.Пoтoa кoнтрaцетивни нo ги прекинaв пo 3 месеци зoштo кoсaтa ми пaѓaше.Oвoј месец вooбичaенo ми дoцнеше, пa се решив ги купив, пo сaмo двa денa сo 4 испиени дoзи, дoбив.
    Ќе ги прoдoлжaм, пa дa видиме штo ќе се случи сo цистите.
    Мoј сoвет зa сите штo имaaт прoблеми сo циклус дa прoбaaт мoже тoлку oбични кaпки дa решaт гoлеми прoблеми.
     
  6. душленце

    душленце Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.412
    Во кои аптеки ги има капките ??
    Итно ми треба
     
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    Секаде има
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  8. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    3.862
    Пол:
    Женски
    Жени зашто никаде ги нема веќе капкиве?
     
  9. Vgikii

    Vgikii Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 3 недели ги барам во секоја аптека, и ги нема...
     
  10. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    3.862
    Пол:
    Женски
    Се јавив кај дистрибутерот незнаат сеуште дали ќе ги увезуваат кај нас. Изгледа уште се мислат ...ццц Нека ти ги земе некој од Србија
    Поздрав
     
  11. Vgikii

    Vgikii Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Е, многу убаво... :(
    Фала, поздрав
     
    На monka_bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.