1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карадај (Karadayı) [Сител]

Дискусија во 'Канта' започната од Mahidevranfan, 24 јануари 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    „Карадај“ е турска драма серија и е една од најгледаните во Турција за 2013.
    [​IMG]
    Дејството започнува во 1973. година во Истанбул. 35 годишниот Mахир живее среќен живот со своите родители, братот и двете сестри. Верен е со Ајтен, девојка од соседството со која се знае уште од мали нозе. Работи со својот татко така што изработуваат и продаваат кондури. Но еден ден се менува целата среќна судбина на семејството Кара.
    Неговиот татко Назиф е обвинет и приведен за убиство на познат судија и треба да му се изрече смртна пресуда. Сведокот вели дека го видел Назиф како го убива судијата, но Махир не може да верува во тоа.
    Махир верува дека неговиот татко е невин и од тогаш започнува неговата потрага по докази и борба за правда во турскиот судски систем. За да успее во тоа, Махир го менува идентитетот и влегува во судот како млад приправник со ново име Салих. Никој не се сомнева дека тој е всушност синот на обвинетиот.
    Во судот, тој се запознава со судијката Фериде која го води случајот на неговиот татко. Махир, односно сега Салих постојано ќе се обидува да најде докази со кои ќе ја убеди Фериде дека Назиф Кара е невин. Истовремено тој се зближува со Фериде и започнува нивната љубовна врска. Целта на Махир е да го најде вистинскиот убиец на судијата и да го спаси татко му од смртна казна, но постојано ќе запаѓа во замки поставени од другите моќни луѓе кои не сакаат да се открие вистината.
    -Серијава има 72 епизода во 2 сезони.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.