Карактерот или партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 15 март 2012.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Дали одредени навики или однесувања на вашиот сегашен или бивш партнер би биле различни ако е со друга личност?
    Дали е ако посесивен, љубоморен, неодговорен, ако не излегувал со вас во јавност, лажел или изневерувал додека е со вас во врска, е сигурно дека ќе биде таков и со друга или сето тоа произлегува од вашиот заемен однос и како вие сте се поставиле на почетокот?
    Познато ни е она како жената ќе си ја нареди на почеток, така и ќе биде. Дали е тоа универзално непишано правило што важи секогаш? Дали жената со мали женски трикови може да го смени било кој
    маж?
     
  2. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    се е до тоа како ти ќе се поставиш спрема него..
    еве личен пример..на бившиот се му беше дозволено..да искача без да каже каде е..да викне на мене..да си отиде сам на концерт..едноставно му давав слобода..и неславно завршив..додека пак сеа..се поставув малце поинаку..дадов до знаење дека има ограничености..и сеа контролирам се.:D
    значи има вистина во тоа "како жената ќе си ја нареди на почеток, така и ќе биде" 8)
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во предходните врски бев јас онаа која се приагодува. Во оваа врска, се изјаснив на почеток, нема забрани, нема љубомора...но и дека не сакам сето тоа да се злоупотреби....Тој пред мене шеташе многу, но не е тип кој менува девојки. Не забранив, излагаше сам..но тоа стануваше се по ретко и поретко..Сега никаде не сака да оди без мене..освен на некое дневно кафе..И буквално е се како што сакам.
     
  4. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    уффф и те како жената може да го смени. па ние сме :devil:
    јас се нервирав долго време за неговото „ненамерно“ се правеше ненамерно а јас си плачев и се нервирав само ама кога тој си легна на брашното јас му се качив на глава и плус се скаравме т.е јас му се скарав и верувајте уште нозете што не почна да ми ги бакнува :lol: праќаше букети со цвеќина, чоколада, мечина, звонеше по 100 на ден абе лудница ама нека види како е :devil:
    секогаш што на ум то на друм па во почетокот се лутеше али после едноставно свати дека сум таква
    дозволи да ме изгуби ради неговата мајка ама сега кога се смиривме ќе види тој :rock:
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Мислам дека тоа како ќе се поставите во врската - така ќе ви биде има влијание врз партнерот но не толку големо за да го промени од корен. Долколку дечкото изневерувал и сака во исто време да оди со повеќе девојки речиси е невозможно да го смените. Ако е болно љубоморен и сака да ве контролира каде излегувате и што правите освен да ја прекинете врската не гледам друго решение.
    Јас мислам дека од вас зависи само до каде ќе толерирате и колку ќе му попуштате на партнерот. Кога вистински ни се допаѓа некоја личност обично правиме некои отстапки но секој треба да знае до каде му е границата а не да дозволува да го прават будала.
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано да.
    Точно е тоа како ке си наредиш сега така ке ти биде и во брачниот живот. Не сум во брак но јас си го научив каков да биде со мене.Секогаш кога ке ме налути јас ке се разнежнам и ке го погледнам како повредено мало маче и он веднаш знае што ми е,не ми дава ни момент да бидам тажна,бидејки никад не се караме доволно е само да го погледнам и веднаш ке добијам се. Тоа ке го кажам срце од 4овек многу го сакам и животот не можам да си го замислам без него.Ливче од дрво да ми подари јас пак ке бидам срекна и ке го сакам највеке :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  7. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Секако дека како ке го научиш така ке си кара понатаму... Јас на почетокот не предавав никакви лекции ни пак тој, едноставно не си забранувавме, не љубоморевме и до ден денес си е така :)
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Не постои некој кој се однесува исто кон двајца различни луѓе. Секој човек со секого има различен однос. Многу фактори влијаат. Исто така, не значи дека како ќе ви тргне на почеток исто со такво темпо ќе биде и понатака. И времето менува многу нешта.
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имало карактери секакви, ама вакво нешто не сум сретнала до сега, а нема ни во иднина да сретнам!
    Никогаш нерасположен за кавга, а предизвикувач за истата. Знаеше да го извади најлошото од мене, да ме преизнервира со тоа што немаше да се јави или ќе речеше нешто, а немаше да го исполни, а си знаеше дека јас очекувам да го направи тоа, зошто јас сум човек од збор и имам такви очекувања.
    Затворен, површен, мистериозен, секогаш сакаше јас да зборувам, тој не сакаше ништо да знам за него. Во неговиот живот не постоеја проблеми, маки или нервози. Единствените беа само кога му губеше омилениот фудбалски клуб.
    Глумење заинтересираснот со поставување глупави прашања,... тип на човек во кој секогаш ќе сомневаш заради тоа што не ти кажувал се како што треба и смислувал глупави лаги.
    Да ти е*** понашањето твое и карактерот глупав !
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Односот кон луѓето не е во зависност само од мојот карактер, зависи каква е ралцјата, службена или приватна и тука има голема разлика во однесувањето. А односот кон партнерите бил тотално разлчен затоа што секој добивал онака како што се поставил, некој умеел најлошото да го извлече од мене, сама да не се препознавам себе си, некој најдоброто. Ангел и ѓавол во еден човек, зависи со кој ќе сакаш да си имаш работа.
     
  11. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Јас често кажувам дека спрема секој кој е во нашиот живот се однесуваме на поинаков начин. Тоа е една релација меѓу двата карактери, и нашиот и нивниот. Сигурно дека ако некој е подетинест а друг посериозен нема да имаме ист однос или ако некој се шегува и прифаќа шега а друг не или ако некој ги сака истите нешта како ние а другиот сака спротивни нешта итн. Не е се до нашиот карактер, какви и да сме нема шанса низ исто нешто да поминеме со различни личности, во случајов партнери.