Џулика кога се зачленив на форумов ја замислував како некоја строга девојка што не ферма жива сила Арно ама сега од кога нели имав прилика да прочитам повеќе коментари,колку толку да ја доживеам на некој начин можам само да кажам дека е едно суштество кое е насмеано,весело, ми се чини и заљубено,сака да се дружи ,мислам дека е една тотално опуштена цура која сака многу да се вртка во кујна,да готви и ужива во храната.Не сака да се оптоварува со посериозни проблеми,но кога ќе дојде таква ситуација не значи и дека нема да најде здраво решение ..... и сака да се средува многу
Георгина...Дружељубива,лесно стекнуваш пријателства,уживаш максимално во убавите моменти На моменти сакаш да филозофираш,кога објаснуваш се внесуваш во улогата,сакаш да помагаш на немоќните,великодушна,не си злопамтило...Не се враќаш во старите моменти,едноставно живееш за да го зграпчиш денот! Комуникативна,забавна и отворена.Понекогаш се плашиш да кажиш нешто искрено мислејќи дека тоа ќе те доведе до караница или недоразбирање.Не сакаш кога ти газат по нерви...Многу мразиш лаги и лицемерие ...Така некако..Не знам дали погодив
багуфче .. баге ти си ми ептен мила девојка, само не ми се допаѓа што многу се нервираш..не би требало до толку, пушти си малку душичката девојка со свои принципи и свое јас..нема влакна на јазикот и не навлегува во конфликти..мила девојка која сака да се забавува.. добра, дружељубива ..
искрена,забавна,оптимист,пријатна,позитивна,пријателси настроена. Спојлер и пак и пак ти си ми на ред јас да пишувам за тебе,морам да те запознаам хахахах
Токму така Со една мала исправка,не се плашам од кавги,едноставно не ги сакам.Зарем вреди да дискутираш со некој што мисли дека ќе те убеди и ќе ти наметне мислење само ако се служи со провокации,навреди ? Почитувам сечие мислење а нормално е дека не се согласувам со сите,некој ќе ме убеди дека грешам со факти а не со сарказам и докажување дека е подобар
Хахахаххааа,не ми се верува бе... Само ја цитирав а не ја анализирав за да дочекам следно мислење Така да пред да прокоментираш нешто набрзина,разгледај ја ситуацијата,не биди толку нестрплива ќе ти кажат дека си добра,паметна и тн. Ајде значи анализирајте ја Докторката ,заобиколете ме да не ми се нафрли пак
агресивна си девојко,не биди дете.....не ти кажав со лоша намера,и не барам да ми кажат дека сум паметна тоа си го знам самата.....биди малку по смирена,мој совет и опис за твојот карактер.поздрав
ептен мила, дружељубива, сака да другарува и да шири познанства, .. прекрасна девојка ах, да, и во моментот тажна, зашто ја боли џумката на главата ама не се секирај, ќе отиде на кутрето на Дејзи
Абе од игла да се правело комбајн Од што заклучи аман дека сум агресивна,поради тоа што ти објаснив дека немав намера да ти го завземам редот (ко да е кој знае што),откако ме нападна без да промислиш? Ако така се оценувало агресивност тогаш мора да сум,и тоа многуууу штом си го бранам својот став кога знам дека сум во право. Како и да е имај убава вечер
двојничка моја.. ( па и ист вкус за дечко имаме ) дружељубива, насмеана....секогаш спремна да помогне...интересна, позитивна личност...стабилна со свое јас...заљубена и емотивна многу....променлива во расположение ама секогаш стои цврсто на земја... Си има свој живот и не се замара кој што ќе каже...
Девојка со стил и со свое јас .Која е горда на самата себе и на тоа што го има на себе. Мислам дека си личност која го сфаќа озбилно животот и не сака многу да ризикува. Погодив нешто
Самоуверена и позитивна личност,која сага да се шегува и прифаќа шега на своја сметка.Го кажува тоа што го мисли и не се оптоварува со туѓи мислења.