Гледајќи ги сликите и читајќи те би рекла: урбана девојка со изграден карактер и доследен следбеник на модата
Најт абе не си девојка да те коментирам Како и да е те познавам од порано и тука не те читам редовно, од другото место имам воочено дека си добро воспитано момче, момче на место. Мислам дека си доста скромен. Само ти недостасува малку повеќе смисла за хумор, пресериозен си некако за твои млади години
Расонерка нај прво ја мислев дека е многу диганта девојка но со тек на време сватив дека е ок,дека има многу добри особини и знае да биде пријателка во вистинска смисла на зборот. Знае каде како да упадне без тоа да се забележи,она ти е како слаткиш убава на изглед ама пробај ја уште толку по слатка е се топи...се ужива со неа!!!!!
Смирена девојка, премногу осетлива на лоши зборови. Често знае да се затвори во себе, кога е тажна ужива во тишината
Весела, расположена, пријателски насроена. Мила, слатка, и интересна. Со шарени постови, со кои успеваш да ми извлечеш насмевка и кога ми е најтешко.
Мила, добра, цврста...Поминува низ тешки периоди и не се стега да ја покаже болката, но сепак е доволно силна за да го преброди и ова...Без грижи марамке...Се ќе си дојде во свој ред
искрена,најдобра,зборлива,дружељубива,пријателски секогаш настроена,има смисла за хумор,мирна,со доста иновативни идеи,,,,ми се допаѓаш мај грл како размислуваш (секогаш наоѓам нешто мое слично во тебе)
Паметна и мила девојка, која се стреми да постигне компромис, но сепак секогаш си ги кажува своите ставови и размислувања
Повеќе пати сум те опишувала и пак ќе речам. Ти се восхитувам на начинот на кој размислуваш и ги гледаш нештата. Присебна си и во секого гледаш пријател и знаеш да допреш до внатрешноста на секоја личност. Ненаметлива и исклучително фина и паметна.