Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактерот на девојката :)

Дискусија во 'Форумски игри' започната од Angel.in.dark, 23 мај 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Два - три пати те читам, а и изгледа откако се регистрира често си на форумот. Сигурна сум дека нема да се оделиш и ќе ни станеш активен член. Мила, фина и со добар смисол за хумор се првите впечатоци што ми ги остави. :)
     
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    досега не сум имала никаков контакт со неа,но сум ја читала.би можела да кажам малку брзоплета,но многу итра и снаодлива девојка која на прв поглед често погрешен впечаток ни остава.... ;)
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Фина, паметна, своја, откачена, заљубена до уши и малце повеќе ;)
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мила девојка, која сака да помогне секому и да биде фина со сите :*
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    симпатична девојка полна со креативност,мудри совети и мислења скоро за СЕ` ...
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Кенди :D

    Креативна, интересна, задржува внимание. Паметна и брборлива. За тебе имам слика дека си гласно девојче, кое често го кажува тоа што го мисли :)

    Како го правиш тоа шаренкото именце, жити се се испомачив. :D
     
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пинкче, секогаш си над мене :D
    Фино, мило, паметно девојче.Добра и пријатна со сите. Што е најважно не е дрска и арогантна, секогаш ги сослушува другите, па после го изнесува својот став ;)
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Детективкава наша НЕ ТРПИ НЕПРАВДА !!!!! Ако ја цениш - ќе те цени. Цврсто стои зад тоа што верува, пред се верува во самата себе, свесна за своите квалитети, знае што сака и обично не се задоволува со нешто помалце. Добар степен на самодоверба, вешта со зборови и со интелигенција на ниво, луѓето можат само да и завидат. Не се прави дека е нешто што не е, иако често знае да е неодлучна и ќе помине преку сите можни сценарија пред да донесе одлука, си има изградено своја слика за тоа како треба да биде, си ја сака уметноста, ја обожава модата. She is a example of well raised individual with ethics and morals ;)
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    карактерот на дечкото е мистерија права.
    добар е за совети,разговори но е некако лимитиран и не се отвара кон секој.немам некоја посебна забелешка,знае да го процени доброто и да разграничи со лошото.повеќе да се отвори,зошто вака ми е многу мистеричен :D
     
  10. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    За мене нова,но доволно креативна и фина :) :*
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Не сака неправда, заљубена и скоро секогаш релаксирачки расположена особа ? :wasntme:
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Нашето единствено кратовчанче ми се чини ? :wasntme:

    Батерфлај те те опсипува со една нежна, мила, мистериозна енергија, која те влече подобро да ја запознаеш. Девојче мало, а паметно. Ненаметливо, фино, креативно и позитивно. Ми делува како емотивна на моменти, силна и храбра во себе и секогаш спремна да помогне на пријателите.
    мислам дека еднаш и реков, би ми било мило да ја запознаам. :wasntme:
    :*
     
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Пинкче

    Доста паметно девојче си...Не го пикаш носот кај што знаеш дека не ти е местото, знаеш да процениш добро од лошо / позитивно од негативно, и знаеш да дадеш кредит каде што мислиш дека е потребно...Често знаеш да пофалиш кога ќе прочиташ добро мислење ;)
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Карактерот на дечкото во случајов 8)
    Епа богами имам матерјал достоен за анализа. Би почнала со амбициозноста. Дечко кој е многу амбициозен. Тоа што го прави е квалитетно или воопшто не го прави. За него квалитетот е пред квантитетот. Ги знае своите квалитети и јасно и гласно ги истакнува истите. Ми личи на лесно заљублив дечко кој ја сака и ја негува уметноста.
    Има натпреварувачки дух и сака дискусии, вешт е во игрите на зборови и сака динамика.

    Тоа е нашиот Мистери ;)
     
  15. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    FBI - Жена за сва времена :rock:
    Паметна,силна,упорна и фенсиии :)
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^
    Интересна, згодна, долгонога женска со големо Ж, храбра-ни ја откри фацата :lol: , сатирична смисла за хумор, негувана, мислам дека е :inlove: и си ги сака форумските игри :), морам да додадам дека чевлите што ги поседува се прекрасни.
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    За Лолита можам да кажам дека е жена која си го сака семејството, си има некои маки со свекрвата ( да не сте и во кожа) но успева на помине преку тоа, и можам да кажам во неа има многу човечост :)

    Сака да се дотерува и да ја дотерува керќичката- и успева во тоа :)
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.880
    Пол:
    Женски
    Кој Сеси?
    Ма душа е таа.
    Опасно интелигентна, забележува детали и никој не може да ја излаже.
    Секогаш го кажува тоа што го мисли. Ако има забелешка за нешто - ќе ја каже, ако сака нешто да пофали - и тоа ќе го каже од срце. Никогаш не глуми нешто што не е.
    Супер момичка :up:
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ливинг- душето. Комплетно оформена и силна женска индивидуа. Плени со својата ненаметливост и искреност. Секогаш ги искажува своите мислења на смирен начин, не сака да навлегува во конфликти, но кога ќе ја испровоцираат, ги брани своите ставови со цврсти аргументи. Девојка- борец, многу креативна- која ќе успее во животот. Еден редок Охридски бисер :*
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    ФБИ
    -Нашата агентка на форумов. Супер е! Навистина е интересна за читање и доста умна.
    Љубезна е.
    Интелигентна.
    Мила. И, тоа. :)