Марамче ми е една од најмилите ликови, кога и да ја читам посакувам да ја Нежна, добра, мила, фина, креативна...
Лолита....грижлива мамичка, премногу мила и премногу фина. Полна е со позитивна енергија и не сака да наштети никому
ФБИ...интересна личност, дружељубива и позитивна. Највпечатливо нешто кај неа ми е нејзиниот стил. И првото нешто што ми текнува кога ќе го прочитам нејзиниот ник е - погодувате, модата. Секогаш сака да биде супер средена, и успева во тоа! Браво, девојко!
Не сум имала прилика да стекнам подетален впечаток за тебе. Ми изгледаш како позитивна и самоуверена девојка што знае да се забавува, пријатна, друштвена
Девојка која се грижи за нејзиниот изглед, но се грижи и за луѓето. Фина, комуникативна, со желба да помогне каде што може. Ми се допаѓа како форумски лик
Амбициозна девојка со здрава самодоверба, која се цени себеси повеќе од се и не се плаши од ништо во животот. Пожртвувана мајка која цврсто гази по земјата по која што чекори. Многу ми е пријатна за читање и секогаш ми изнудува насмевка на лицето, затоа што ја дожувувам многу позитивно
Добро воспитана девојка која не влегува во конфликти, секогаш позитивна со насмевка на лицето, има почит кон сите и не и претставува проблем да помогне. Врлина и е толерантноста.
Нашето фино кратовчанче Ми делува ненаметлива, фина, искрена. Добар пријател и секогаш спремна да те сослуша. На моменти срамежлива и повлечена, ама кога ќе се опушти знае да изненади со својата креативност и интелигентност. Пријатна, пожртвувана и доста искрена
Многу ми е приземјена, стабилна... Се среќаваме често низ игриве, значи дека сака да се забавува, дружељубива е. Сигурно е емоционална, затоа што е ракче. Мња до тебе
Во последно време е поактивна...од досегашното читкање ми има оставено ептен добар впечаток..полна е со смисла за хумор, позитивна и интересна личност, знае до солзи да те насмее. Со задоволство ја читам
Борец, со пушка во рака Живее за да љуби, се радува на мали нешта, остварува големи. Паметна, реална, мила и отворена. Самодовербата е на завидно ниво... а за надворешноста - секогаш имаш мое МИ СЕ ДОПАЃА! Се надевам на правничка средба.
Најоткаченото мило женчуле што виртуелно сум го запознала... Прекрасна во секој поглед...полна со досетки, шеги па дури и на своја сметка, кога нешто ќе каже -кажано е, секој нејзин пост е прича сама за собом..... Без предрасуди и комплекси, отворена и директна, што на ум то на друм, што јас лично го сметам за доблест, а не маана. :up: Најчеста цитиарана форумџика во Смешни мислења.. Обожавам да те читам, само така продолжи
Лолита...забавна, и интересна форумџика. Но пред се, многу одговорна, искрена, и полна со позитивна енергија. Спремна да помогне во секое време, со нејзините совети, но и искуство. Едноставно...весела и прекрасна личност! Обожавам да ја читам!
Нова ни е на форумов, сеуште немам оформено мислење, бидејќи во последно време го запоставив малку форумов. Ми има оставено впечаток на фина девојка
Прекрасна КУЛ девојка, зрачи со позитивна енергија, уникатна, трпелива и модерна. Искрена, советите секогаш и се на место, знае точно што и како да каже, суптилно без да те навреди а сепак да ти помогне. Ептен сакам да и ги гледам финтите со ноктите, само така продолжи
Добар и искрен пријател со големо срце каде има место за секого. Искрена, позитивна, упорна, мила, емотивна и забавна. Секогаш е спремна да помогне, да те утеши, да те изненади. Дружељубива и комуникативна. Од неа зрачи пријатна енергија со која ги освојува сите околу себе.