Весела, енергична, жива, прекрасна личност, спонтана. Страсен јадач на благо. Ужива во едноставни нешта, обични прошетки, средба со пријатели. Му се радува на секој момент од денот и животот
Секогаш добро расположена, со големи дози на хумор во себе,весела, но и сериозна кога е потребно, знае од се по нешто ,искулирана до максимум.
Па...мал број на мислења имаш не можам да кажам нешто посебно за карактерот но се надевам дека во иднина со зголемувањето на мислењата ќе осознаеме како девојче си по карактер
Па мене не ми изгледаш како повлечена и затворена. Според мој впечаток си ми опуштена девојка, знае да се забавува и ужива, има смисла за хумор..На моменти доста емотивна, ненаметлива и бавно прилагодлива кон нови средини и нов круг на луѓе
Храбра и цврста девојка, ги издржуваш силно домашните проблеми и ситуации, љубовта ти е поважна од се, подготвена си и да жртвуваш многу работи за твојот сакан. Продолжи така, ми остави таков впечаток на многу силна девојка.
Реална и забавна девојка Искрена , знае да цени, ама ако ја повредат ауу тешко нив Комуникативна, сака да се дружи, се грижи за себе, и за луѓето околу неа (ако заслужиле ) Емотвина , и модерна девојка
Морам да кажам дека иако е една од новите членки, мила ми е и ми остави доста добар впечаток. Ми се чини како паметна, интелигентна, друштвена, забавна и секогаш спремна да помогне на тие што ги цени
Мила, фина и ми се чини малку срамежлива Не си го комплицира животот и има ефикасен начин за справување со проблеми. Секоја работа во нејзините раце е полна со љубов и внимание.
Весела, мила и секогаш позитивна девојка која некогаш си живее во свој свет, миленичка на тие околу тебе заради позитивната енергија и надеж која ја даваш во секоја црно/бела случка од ова наше секојдневие
Не сум те читала многу али според ников ќе пробам. Горделива и упорна девојка, која со шарм успева да добие многу работи
Па со оглед на тоа што имаш многу малку мислења не сум имала прилика да создадам некој впечаток за тебе. Ми изгледаш како фина и друштвена девојка, па се надеваме ќе бидеш поактивна.
Весела...сака кога е во друштво на нејзините пријателки и оговараат некое згодно момче , друштвена весела...доста љубопитна
Нема многу мислења, тазе зачленета, но добив една негативна мисла за неа. Молеше за лајк. Тоа кај мене не поминува.