И јас го мразам молењето за лајк а особено на слика...но ова е на песна..и ми требаше за наградна игра...а без лажги ова ми е 1 пат да молам за лајк и многу бедно се чувствувам ://
Позитивна, креативна, насмеана, весела...кога сака Мрчаторка, интелегентна, приземна, дрска...затоа јас ја сакам
Доста фина особа спрема оние кои заслужуваат. За секоја ситуација знае да состави некоја песна, и освен со насмевка на лицето на друг начин не можам да ја замислам
Личност со смисла за хумор, романтична душа, личност која обожава да јаде благо (посебно милка чоколади), весела итн.Се надевам дека нешто погодив..
Каринче,мене ми имаш оставено впечаток на прекрасна личност.Премила,предобра.Секогаш,спремна да помогнеш.Отворена си за пријателства,дружење..Се најдобро
Ведра, расположена, креативна и дружељубива. Тоа за мене е Смајли или Смили незнам баш точно како ти се чита името Ја сака музиката и ужива во неа знае ефикасни начини како да ја утепа досадата.
Девојче кое сака да им помогне ан сите околку себе. ведра, расположена и дружељубива...но мислам дека лесно се разочарува
Многу, многу зрела, ме зачуди кога разбрав колку години има, мислев дека е мајка на три деца и со брачен стаж од минимум 10 години. Знам дека е љубител на книги, што ми ја потврдува високата интелигенција. Се е издржано кажано, едноставни и кратки постови - роден логичар. Би сакала да ја гледам почесто со смајлито , многу сериозно ми делува, а имам читано бааги смешни постови од неа. Абе Виножитка бе, како мудрец ми е на форумот.
Конечно другачката Дузи да ми падне Значи најинтелигентното суштество што го познавам, одлична смисла за хумор, амбициозна, борбена, секогаш спремна да помогне, забавна.. Ај да не тупам знае таа дека срцка е
Ведра и пријатна личност, со вкус за убави нешта. Кога нешто и’ пречи ќе си каже, но и кога нешто и’ се допаѓа ќе каже пак Многу го цени другарството и кај неа вистинската другарка е за цел живот.
Ливинг ми остави впечаток на мила, пријатна, добра личност. Не верувам дека некогаш виртуелниот впечаток ке се смени. Уметничка душа, прецизна, педантна, убава и ред други прекрасни епитети. Повеќе во следната прилика.