Спонтана, мила, спремна да помогне во секој момент, страстен читач (што посебно ми се допаѓа кај неа), а најдов и повеќе сличности и нешта кои ми се допаѓаат додека и ги следев постовите во различни теми. Се` на се`, палче за девојчево!
Фина личност , скромна во своите барања , знае дека не може се одеднаш , има трпение , оптимист ја доживувам како позитивна девојка ... Заљубена ама не изгубена
Цврста и кршлива едновремено, девојка која сака искрено и со сето срце, која ризикува, која не се срами од себе си, своите порази...се труди да стане после секоја загубена битка. Која учи од грешките, простува, дури и заборава за доброто на другиот. Добар советник, око и ум за добра перцепција и анализа на околината... нежна згора на се, пак и згодна
Една од најдобрите личности на форумот.Многу добра,дружуљублива,помага на секого,пишува прекрасни постови.Со еден збор прекрасна личност
Не е многу активна, ама од тоа што го имам прочитано сум стекнала мислење дека е фина, дружељубива, дава добри совети, позитивна личност.
Ненаметлива, воздржана, фина и смирена. Знае да ги балансира нештата, да ги среди на мирен и љубезен начин. Добродушна и секогаш спремна да помогне.
Искрена,смирена,приземјена девојка која знае што сака.Стои цврсто на ставот и своите мислења. Спојлер Незнам многу ,ваков впечаток ми остави од твоите постови
Реална. Има прилично јасна слика, општо и за форумот и за живеачката. Што ќе правиш, мора човек да си биде реален. Ми се свиѓа оти си тера свој филм, своја приказна. Ма ич не и гајле што и како за другите. Тоа е се што успеав да заклучам, досега.
Откачена скроз, интересна, ја владее смислата за хумор до максимум, секогаш има нешто ново да каже, вредна, упорна, паметна, интелигентна, не застанува додека не успее во својата цел, одличен ученик и трудољубив. Ја користам приликава да ти честитам за стипендијата
Девојка со весел дух и позитивна енергија. Никогаш не сака да наштети на никого (намерно). Ненаметлива и своја. Околината ја забележува по одличната способност за комуникација и способноста за компромис.