Ослабев 3 кила,а треба уште. Не смеам да се здебелам многу. Не ги јадам целосно јадењата што ги гледате во ФИ,пола порции идат кај мачорешките волови(хехе,ради тоа и се волови ).
И јас имам ослабено 2 килограми. А колку сакам да накачам 5-6 кила.. Ја изгубив рутината за јадење. Понекогаш имам и по еден оброк на ден. Моето BMI:
Јас лично немам потреба од храна освен ако не сум потрошила енергија претходно. Затоа и ретко доручкувам. Овие месец дена 5 пати дали имам јадено повеќе од еднаш во денот, освем благо заради пмс или стрв.
Вежбаме Слободново време ми дојде таман да си готвам здрави рецепти и плус што заштедив пари Ваква мотивација за вежбање никогаш не сум имала да бидам искрена
Не ми е јасно како може да издржиш со еднаш дневно јадење? Блазе им на тие дома што ги имаш не им трошиш барем пари за јадење
За среќа, немам навика да јадам поради стрес/тага/разочарување. Зборот ми е, психичката состојба не ми влијае на апетитот и поради тоа немам промени во навиките за исхрана. Буквално ништо не ми е сменето во оброците. Ама стресот ми влијае и тоа како, затоа уште повеќе слабеам во стресни ситуации, иако јадам исто...
Баш вчера се мерев и за чудо ја имам истата тежина, а мислев дека се имам поправено. Можеби тоа е резултат на вежбањето секој ден.
Јас да ви кажам на почетокот на карантинот така ми беше убаво испланирано дека ќе вежбам,ќе ослабам ова она.. Ама испадна да вежбам само една ипол недела и за таа недела еве одмарам веќе неколку дена и никако да почнам,а килограмите се накачуваат
Во добри односи сме се уште, не ме разочаруваат... 60,8... Е сеа, за тоа е заслужна ќерка ми и нејзините желби.. Пошо баш кога ќе седнам, она сака банана, па кога ќе земам да правам ручек и се моча(се учиме на нокшир).. Додади на тоа и други обврски низ дома, активности и занимации за нејзе и се така во круг. А и кога не седнувам раат да јадам, не мие нивкусно и не јадам количински многу..
Машала си имам апетит исто Страв ми е да се качам на вага, гарант сум здебелена некое килце Во цело ова срање, добро е што барем јадам овошје и зеленчук во големи количини, од страв де, да "билдам имунитет", претходно многу понездраво се хранев, јас бев кралица на тестенините и лебот, и сеуште сум, ама барем балансирам сега и со салати, хехехехехех
Јадам, кркам, мислам 10 сум качила, се качувам на вага, иста сум ни грам повеќе ни грам помалку Ама заслужни за тоа ми се децата
Јас, всушност, за време на карантинов станав малку поактивна физички, па може затоа и ослабнав со исто јадење Не вежбам дома, бидејќи мразам вежбање во класична смисла на зборот. Ама секое утро излегувам да пешачам ,,за да искористам додека можам'', додека не ме затвориле дома На пример денеска се заборавив, со слушалките на уши пешачев и уживав во убавото време, можеби еден саат. Физичка активност, подобрување на расположението и витамин Д во едно