1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кардиохирургија „Филип Втори“

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од MacaLove, 12 октомври 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дали некој бил на преглед, на терапија или било што во „Филип 2“ ? Колку чини?

    Преку глава ми е од државниве болници,и од здравствово, те матка 3 месеци,не ти дава дијагноза,ништо.

    Ајде,секој што бил,или некој близок, нека каже,нека сподели искуства.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Кардиохирургија „Филип 2“

    Обичен преглед чини 3000 денари. Со ехо, со се, комплетно те гледаат и ти посветуваат максимално внимание. Да не зажалиш за ниту еден потрошен денар. Сепак за здравје се работи. Неколку блиски роднини се правеа операција таму, а за цената зависи операцијата каква е, ама е прилично скапо. АКо имаат социјално е многу полесно бидејќи ги покрива трошковите, а се плаќа партиципација само. Условите се прекрасни, хигиената е на највисоко ниво. Поготово Жан Митрев е прекрасен и доктор и човек, ненормално добро објаснува и има трпение. Доколку имаш нешто да прашаш, слободно прашај ме тука, или по лп. :)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    5.302
    Поради проблем со аритмија година и пол одев во Филип втори на прегледи, како што веќе ти кажаа преглед чини 3000 денари 1500 екг и 1500 ехо. Не ми е јасно како можат да наплатат екг 1500 денари кога кај матичен е бесплатен, секоја ординација има екг апарат ама тоа е веќе друг муабет. Моето искуство беше ептен позитивно најпрвин. Не чекаш ред, не чекаш со месеци да ти закажат, се е чисто ново и да ти е мерак да отидеш. Но мојот проблем беше што ми препишаа терапија со апчиња за кои кога и да отидев во аптека ме гледаа бело кога ќе им речев дека се за мене, ми направија многу проблеми, од нагло зголемување на тежина (10 кг за помалце од 2 месеци). И сега кога и да отидам на доктор кога ме прашуваат за историја на болести и им кажувам што сум пиела, на сите им се крева косата на глава. По препорака на матичната отидов во Систина кај доктор Никола Ѓоргов кој по извршениот преглед ме тргна од секаква терапија и година дена после тоа аритмиите скоро и да ги немам, освен во стресни ситуации. Мој предлог е кога веќе даваш пари за приватно закажи си преглед таму и барај го тој доктор. Каде и да го спомнам само позитивни работи слушам за него. И многу сум му благодарна зашто не знам колку ќе ме отруеа ваму.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    На закажување е во Филип Втори? Јас сакам да појдам на преглед ама незнам дали однапред се закажува или..
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.729
    Допаѓања:
    145.108
    Да, да на закажување е.
    Најди бројче , јави се, ќе ти дадат термин.
    Нема да чекаш редови, во колку ти е закажано тогаш си влегуваш на преглед.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    За повеќе информации погледај тука:

    http://www.cardiosurgery.com.mk/Desktop ... &tabid=523

    Голем проблем е тоа што во Филип Втори те прегледуваат интернисти, а не баш кардиолози. Има голема разлика. Не дека овие првиве не ја разбираат својата професија, но друго е кардиолог.

    Што мака имаш ако не е тајна?
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски

    Баш добро и од интернист имам потреба, деновиве планирам да закажам па ќе видиме што ќе биде.
     
  8. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Дали некој има информација дека Кардиоваскуларните операции во Жан Митрев се под ФЗО ???

    Фала однапред
     
  9. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    5.233
    Пол:
    Женски
    Ako prasuvas za bajpas da, no mora da vidite dali imaat uste kvota da pravat bajpas pod fond. Kvotata pod fond za taa godina znae da bide pomala od brojot na operacii sto se realno potrebni. Pozdrav

    Zatoa si biras ti kaj koj doktor sakas da odis na pregled.
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На Lavender му/ѝ се допаѓа ова.
  10. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски

    За стенд на каротиди
     
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    5.233
    Пол:
    Женски
    Koleskata moja majka i stavase tamu no, privatno plati. Mislam deka toa ne odi pod fond. Javi se prasaj na telefon se ke ti kazat. Pozz
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Мислам дека стентот не е покриен од Фондот, и се движи од 8000 до 11000 евра, но најдобро е да се јавиш и да прашаш. Имаат број на веб-страницата, веднаш ќе ти објаснат.

    Бајпас, чистење на замастени каротиди (немам поим како се вика ова медицински, мислам дека е бајпас исто?) им ги покрива Фондот, вашиот трошок е дел од партиципацијата (100-тина евра) + прегледите пред операција (околу 250 евра, ова плус лабораторија за да потврдат дека си „здрав“ т.е. без инфекции/бактерии и може да те примат) + ако има потреба за магнетна резонанца, компјутерска томографија или го заборавив тоа што беше, се става во вена и се оди до срцето да се провери проодност, итн. Кт и магнетните се мислам по 250-300 евра, тоа со вената мислам 500.

    Исто така, првиот преглед се смета за консултативен и не се наплаќа.
     
  13. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам



    Ти благодарам
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Приватно е стентирањето т.е коронарографијата,бидејќи не спаѓа во операции баш туку интервентна метода:)ако ти е од некаква помош стент на каротиди ставаат и на државна кардиологија.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.969
    Пол:
    Женски
    Барав тема за болницата Филип Втори, но не најдов...дечки не знам дали за тука ми е прашањето, ама бил ли некој на преглед кај доктор Зафировски во Филип Втори?
    Колку е цената за целосен ортопедски преглед таму, и какви искуства имате?
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Јави им се на телефон и ќе ти дадат детални информации..но зошто па приватно мораш?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.969
    Пол:
    Женски
    Не ми кажаа информации само ме закажаа, е и јас нејќам на приватно, ама за жал имам големи болки, а на државна болница термин ми закажаа дури на 21 јуни...
    Ќе си платам, тоа е, ќе одам утре...
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.728
    Допаѓања:
    172.722
    Пол:
    Женски
    Ако збориме за Горѓе Зафироски тогаш можам да речам дека е сосема ок доктор, учен човек во тек со медицината. По цел свет има стекнато секакви искуства, мајка ми кај него ја пратив и беше задоволна..
    И јас се спремам да одам ама од тоа немање време...|(
    Ако е па некој друг зафироски, не знам:D

    Брзо нека поминува што и да е.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    2.167
    Јас имам позитивно искуство од Ѓорѓи Зафировски, бев на преглед во Филип Втори пред 4-5 години. Докторот е супер.
    Имав проблеми со големи болки во кичма, отидов на преглед - одма рендген снимки и дијагноза, не чекаш по ходници, не дремеш пред врати за снимање па да чекаш резултати.. не е ефтино, но сепак е предност да си завршиш се во нормално време.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.969
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот, ме охрабри малку, се надевам дека и јас ќе поминам супер, еве поручеква одам натаму :)
    Баш и за болки големи во кичмата ќе одам и јас....

    @Dust Сестро златна, време имам, ама пари не ми се даваа, се оддадов по болници веќе :D
    Инаку да, тој е докторот...ај ќе ти кажам како ќе поминам и ќе си најдиш време:P
     
    Последна измена: 3 мај 2019
    На Dust и baba Rada им се допаѓа ова.