1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1 - Јас сум вегетаријанка од дете, и здрава, жива сум пораснала. Со години не сум била на лекар, освен обична настинка ништо посеризно сум немала. Во живот немам земено антибиотик. Силна сум, енергична, имам кондиција, вежбам со години, планинарам итн.
    Значи без месо се живее....!!! Имам и пријатели вегетаријанци, сите се живи и здрави. Имам и многу пријатели месојадци кои живеат на брза храна се тромави, флегми и стално нешто разболени. ;)

    2 - И само од овошје се живее. Еден од моите пријатели е фртаријанец, а по занимање е доктор. Здрав, млад витален е. Така да, тоа не ти држи вода.

    3 - Палењето вдовици било одамна, веќе е искоренето и осудено е и од тамошните религии. Впрочем затоа е искоренето.

    4 - Која секта од Дејлајт ? Ако некој е поинаков, размислува со своја глава и не е овца од мнозинството значи дека е во секта? |( Колку просто и малограѓанско мислење. Ама, таков си е нашиов менталитет.
     
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    А ти си типичен пример за тој простотилак, малограѓанство и синдром на стадо кој се среќава кај нас што повеќе пати ми се докажало. Зошто на секоја тема се исфрлаш со офтопици, недоволно запознаена со тематиката и со дискусијата чисто колку да водиш инает со оние со кои не се согласуваш, а и тоа како се подобро запознаени од тебе?
    Можеби и вегетаријанството ти влијае, којзнае :?:
    шега, шега :D
    Јас не реков дека вегетаријанец не може да опстане, (како инаку би постоеле вегетаријанци? :?: ) јас посочив дека мене лично ми се случило да бидам принудена да внесувам месо. Не и дека ќе умреш ако не јадеш месо, ама и тоа како си носи некои бенефиции за организмот. И не туку плеткај брза храна во муабетот за да вадиш од контекст. За домашно обработено месо реков.
    Прашај го другар ти (ако воопшто постои) дали од своето раѓање е фрутаријанец и дали дома како мал не му давале млеко.
    И поговорката на Хиндусите е приближно стара колку и спомнатиот обичај, така да...
    Сектите кога последен пат проверив беа следбеништво на некое учење (во случајов на Дејлајт пророчицата Габриела), не гледам никаква навреда во самиот термин секта. Тоа што не си запознаена со зборот и мислиш дека е навреда е твоја неукост.
    Ова ти давам совет и за други теми зашто не служат само за трескање глупости од ракав, туку тоа што го кажуваш треба да биде поткрепено со нешто аргументирано.
    Друг пат памет во глава пред да се истрчаш со брукање.
     
    На Glasna и hrcace им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Азриел, напротив твојов пост е преполн со мизерни зборови, беда и навреди.
    Ама не е ништо ново од тебе, исто и јас те имам приметено како се препуцаваш на други теми и тоа како знаеш да си напорна, дури и одбивна за дебатирање.
    Затоа не те цитирам повеќе овде, зошто не кажуваш никаков факт, туку трескаш од памет.

    Да не сум офф, верувам во карма. Се што правиме денес, арно или лошо, ни се враќа утре. Правдата можеби изгледа дека покасно стигнува, но сепак стигнува. Вистината секогаш излегува на виделина и правдата се задоволува.

    Бидејќи веќе го спомнавме вегетаријанството, има премногу луѓе кои јадат месо, и не се прашуваат дали некогаш ќе платат за тоа месо што го јадат. Никое животно не сака да биде убиено, да страда. А, животните се колат за да се нахранат сите кои сакаат месо. И колку и да се добри луѓе, некогаш им се случува нешто и се чудат зошто баш мене. Па, ако јадеш месо, ќе платиш за тој живот кој бил одземен.
    Никој синџир на исхрана, никои протеини, ништо нема за оправдание.
    Човечкиот организам целосно фунционира за јадење растителна храна, а не за месо. Никој кој не јадел месо не се разболил и не умрел. Напротив, се многу поздрави.
     
    На daylight и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    а ти па како комуницираше прво сега се вадиш ама испадна му рекло магарето на зајакот :^) |(
    _____________________________

    ако има карма мене обратно ми е, ко ќе сум лоша се ми е наместено јас како што сакам, кога сум добра сите лошотии по мене се :rofl:

    не верувам многу во овие работи ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па морам да вратам, изгледа не ја знаеш каква е Азриел за дебатирање. Навистина не ми се дебатира со личност како неа. Во некои теми може си е супер, ама во некои не можам да ја читам.
    А, темава стана досадна и непрегледна со тие реплицирања. Ќе се зачиташ Трајко и Петко се фатиле за гуша. Нека си пишат по лп ако до толку е работата. Вака се губи секоја смисла на темиве.
    Ајде, доволно за неа...не е коректно ова, синкир оговараме. :lol:


    Вака, тебе ако ти е обратно не значи дека кармата не функционира.
    Кармата се враќа ! Но, кога ? Може за еден сат, може за една година, може за 50 години.
    Никој не те тера да веруваш...
    Но, и не мора да ја наречеш карма. Наречи го тркало на животот...
    Или позната изрека, што ќе посееш, тоа ќе жнееш.
    Ако садиш компири, не очекувај да собираш патлиџани.

    Поздрав
     
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Напротив, мојот пост е само одговор на твојата неукост. Да знаеше нешто паметно да одговориш на мојата реплика немаше да се занимаваш со мене на тој начин: одбивна, со мизерен речник, ваква онаква. Ама се тоа е резултат на твојата интелигенција која е далеку помизерна од било што излезено од мене. Од тие причини ни јас не сакам да дискутирам со некој како тебе, но ти си упорна во сопственото незнаење, а јас понекогаш лесно наседнувам на провокации и тоа е резултатот. Овој дел од постот може слободно да се брише затоа што е офтопик како и повеќето глупости на сребренката.

    Обично да си добар значи дека дозволуваш некој друг да те гази и искористува (барем така се интерпретира во поголем дел случаи) а додека е така нема да искусиш задоволство во животот зашто луѓето се склони кон злоупотребување на добрината.
     
    На Glasna и hrcace им се допаѓа ова.
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    мене не ми се покажало така ни за мене а ни за другите што ги гледам. Не сакам некој да се навреди но мислам дека луѓето што веруваат не ја гледаат реалноста и се убедуваат дека е така како што тие мислат дека е најдоборо :worried: ама нешто друго се случува во животот
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Азриел, ако некој за некого рече дека е глупав, одбивен и сл. не значи дека е неинтелигентен и сл.
    Напротив, интелигентните луѓе можат да препознаат и увидат кој каков е.
    И моето ‘незнаење‘ е според тебе незнаење зошто не размислувам како тебе !
    Истото можам и јас да го речам за тебе... Значи можеме до утре да се препукнуваме кој е во право...

    За второто - и за да не сум офф, точно е дека многумина ти ја користат добрината, но оној кој е вистински човек никогаш нема да те злоупотреби. Е, такви луѓе ти требаат околу тебе, а не од другите...
    Но, ако другите околу нас се лоши не значи дека и ние треба да сме такви.
    Затоа и велиме дека денес добрината е реткост и ретки се оние добри луѓе.
    Јас би била среќна да сум во нив.
    А, секој кој има ПАМЕТ во глава нема да дозволи никој да го злоупотреби. ;)
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Како беше тоа кармата околу сопнувањето додека одиш?
    Ми имаат кажувано некои бабини деветени,но сум заборавила.
    Денеска 3 пати се сопнав на различни места, а долги години не ми се десило тоа.
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.507
    Пол:
    Женски
    Не верувам во карма :)
     
  11. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Во врска со духовните закони, како што е и кармата, многу потешко е да се докажат, повеќе се сведува на верување и сопствено мислење, поглед на свет, филозофија на животот. Законите во материјалниот свет се мерливи и тука тотално нема дилема.
    Кармата различно во различни религии, или надвор од религиите е сопствено уверување. Постојат разлики во поимањето на кармата. Некаде се сврзува со реинкарнацијата, што значи дека во минатиот живот со некои луѓе од твоето непосредно опкружување, пример мајка, татко, другар, сопруг итн, итн, си имал проблеми и останале неразрешени и следува повторно раѓање но не случајно, туку во одбрано семејство и опкружување, каде се присутни луѓето со кои имаш нешто да разрешиш, не мора да бидат во истата улога пр сопругата сега ти е дете.
    Друг момент е и верувањето дека ако некој правел зло во минатиот живот,убивал, мачел. ќе се роди како инвалид, некој невин во овој живот ќе биде лажно обвинет и ќе ја отплаќа кармата во затвор.
    Трет момент е отплаќањето на кармата со трпење, смирение, прифаќање дека мора да се истрае за да се отплати кармата, етичност и правење добрина и ќе дојде момент кога таа ќе се исполни и од тој момент создаваме нова карма, но ако веќе сме се научиле на етика, духовно напредуваме и не се враќаме на истите грешки. Тоа е сопствен избор.
    Следно е сваќањето на кармата без реинкарнација, само во овој живот еден и единствен, и што сееме, тоа и ќе жнееме.
    Во некои религии се верува дека гревот на родителот не мора да му се врати лично нему туку на најмилото, до третото колено, Итука единствениот спас е враќање кон етиката, верата, трпението.
    Како последно има и мешавини на елементи од горенаведените верувања со примеси и на уште други елементи, но тоа е тоа. Е сега кој што ќе избере, зависи од него и неговиот духовен развој и поглед на свет.
    Има различни искуства, размислувања и искази на докази во светот за кармата, а кој во што ќе верува сигурно самиот си знае и зошто, исто така, како што на некој му е целта упорно да ја бара суштината и законот на постоењето, а некој безгрижно си живее и се му тече убаво...............но до кога, како и зошто?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    ... затоа правете добро, со добро да ви се врати. :nod:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Верувам во карма. Се што имаш направено добро или лошо, ќе ти се врати со иста мера. Можеби не на истиот начин како што сте биле повредени, туку на друг начин кој што ќе биде поболен. За тоа имам доживеано и многу такви искуства. Еден таков настан се случи пред околку две години, една моја познајничка ја озборуваше најдобрата другарка, а биле другарки уште од многу малечки. Гласините од еден на друг човек допреа и до другарката и дојде до караница. Не се дружеа повеќе, а познајничката и понатаму велеше дека воопшто не и било гајле за другарка и, дека и подобро било што веќе не се другарки. По некое време, таа ги загуби сите другарки. Никој не сакаше да ја дружи, беше позната како озборувачка и лажга. Сега постојано туку се дружи со различни луѓе но со ниту едно друштво не може да издржи една година. :) Кармата е најслатката одмазда.
     
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Верувам во карма,сум приметила дека како правиш така и ти се враќа,навистина постои,сигурна сум! Затоа луѓе бидете добри за да ви биде уште подобро. :)
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Карма е кога ќе спасиш куче и тоа ти ја дава целата негова љубов!!!!
     
  16. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    За најслатка одмазда секогаш сум ја сметала и ке ја сметам кармата,верувааам и тоа како :D
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Верувам во кармата... еве доказ:
    [​IMG]
    :rofl:
     
    На sweet-star, LittlePinky и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. mixaelka12

    mixaelka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    16
    Верувам во карма не за џабе е речено се се враќа се се плаќа.What goes around ...comes back around ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mixaelka12

    mixaelka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    16
    Ииии...да.Заборавив да пишам долгогодишниот дечко ме изневери со една пачавра...а таа пачавра отиде со брат му после 3 дена :))))))
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    ма јас не го ни користам тој збор, за мене тоа не постои. Само еднаш во цел живот го имам изговорено зборов... во петто-шесто кога рецитирав една песна. инаку јок. Ако веруваш во неа, постои. Ако не веруваш во неа, не постои. Јас не верувам во тоа и никогаш не сум почувствувала карма да ме следи. :D