Не верував во карма, не верував дека со лошо ќе ми се врати. Јас бев таа што бев најлоша, како некој звер бев. Срце како камен, студено, црни мисли, песимист. Кога осетив на своја кожа тогаш сфатив дека се се враќа. Си реков Да, постои и тоа како. Се чудев зошто ништо не ми тргнува со убаво? Зошто се ми оди однопаку. Па секако, лоша бев, повредив многу луѓе. Се сменив, со тек на време, незнам ни самата како, можеби и една личност влијаеше на мене, и моето однесување. Ќе и бидам благодарна цел живот. Иако не сме веќе оние кои бевме. Не сум веќе онаа која не знае да прости, да се одмаздува. Не Не! Кармата е курва, да, точно е.
Верувам во карма се имам изјаснето за тоа. Ја чекаам, чекаам и чекаам ама нешто касни кармата кај мене...
Верувам во карма иако досега гревовите не ми биле наплатени Како и да е, лошото со лошо се враќа Спојлер ( пошто за секое добро сторено не очекувам ништо за возврат) затоа размислете добро пред да напакостите некому
Мислам дека почна да работи кармата. Ајде веќе редно беше. Убрзај кармоо Ми требаш! Инаку моја честа реченица е Karma ИЦ a bitch
Welcome to the 'Karma Cafe'. There's no menus,you will get served what you deserve. Да верувам...бидејќи се се вараќа се се плаќа )))
Мислам дека темата „Карма“ не е за во оделот психологија, туку по-точно би било да е во делот „Другата Наука“, инаку да верувам во карма..
А како да се објасни делот - вие двете сте кармички поврзани, се карате ама си требате????? Ај кармичари експлејн ту ми ???
Епа токму затоа што сте кармички поврзани се карате. Кармичката поврзаност значи дека има нешто за расчистување. Како што е објаснето во духовните книги на таа тема, некогашните причини (кои можат да потекнуваат уште од некој минат живот) не биле благовремено исчистени и сега кармичките причини почнуваат да дејствуваат: навидум случајно партнерите се среќаваат, почнуваат врска но по некое време почнуваат несогласувањата. При тоа не е битно што било некогаш во далечното минато, туку битно е да се соглдеда суштината на проблемот кој настапува во сегашноста. Доколку двајцата партнери тоа го сторат, и секој си го погледне сопствениот удел во проблемот (на пр. наметнување на волја, став на очекување и тн.) а при тоа се подготвени да замолат за прошка и си простат еден на друг тогаш кармата се разрешува, исчистува. Последица од таквата позитивна постапка се поголемо разбирање и благонаклонетост кон ближниот, вистинска слобода, здравје и среќа.
Верувам во карма -what goes around comes back around- и мислам дека е баш така. Ако правиш добро ќе ти се враќа со добро, ако правиш лошо ќе ти се враќа со лошо. Еве сликава најдобро опишува
Ох јес ај белив. И те како.Многу ми се има покажано и докажано и се`. Така да кармо посакуван гостин си.
Карма? И кај христијаните го има тоа, дека Господ ќе не казни за лошите дела, а ќе не награди за добрите. И да, знам дека не е исто, но истиот принцип е и се среќава во повеќе религии.Многу христијани го нарекуваат карма оти звучи по модерно . И да, јас верувам во тоа дека се се враќа, но моето мото не karma is a bitch karma или never lets me down, туки Господ забавува, но не заборава.
Кармата е секогаш поврзана со условеност од минатите дела. Секој на некој начин трпи одреден вид на последици од минатите дела било мали или големи. Големите религии, како Христијанството и Будизмот, учат дека е можно да се избега од последиците од кармата на два начина - преку правење на добри дела и со тоа пресекување на кармичките последици и преку жртвата на големите луѓе за нас. Исус Христос свесно се жртвувал на крстот за сите нас и со тоа ги платил сите наши гревови и со тоа ги намалил нашите страдања и ни го направил животот поубав. Секој добар човек преку своите дела и секој добар работник преку својата работа и секој научник и пронаоѓач преку своите идеи ни го подобрува животот и со тоа ни ја подобрува кармата. Целта на општеството би требало да биде да нема повеке несреќи, болести, сиромаштија, страдања, скршени срца и други проблеми и да се направи животот поубав. Ако некој измислил начин да ги реши своите проблеми и да ја надмине својата негативна карма, на истиот начин многу други можат да ги решат нивните проблеми. Јас искрено верувам дека сите треба да си помагаме и затоа јас сум тука на овој сајт - да научам како полесно да ги решам своите проблеми со девојките и како да станам посреќен и посакан. Сите ние во одредени полиња сме понапредни а во други ограничени. Сите ние можеме да напредуваме и да ги учиме другите во тоа што сме понапредни и да учиме од нив во тоа што сме ограничени.
Да , верувам No need for revenge ... Just sit back and wait ... Those who hurt you will eventually screw up themselves , and if you are lucky , GOD WILL LET YOU WATCH !!!