Јас кармата многу ја чекам А мене ми се вратило. И јас сум човек, сум грешела и сум постапила грешно и затоа си платив. Сега чекам тие на мене што ми згрешиле да ми платат, а некои од нив почнаа со долгот
Верувам во карма. Се се враќа се се плаќа . Ако добро направиш со добро ке ти се врати и обратно... Можеби нема да ти се врати истото што си го направил, но нешто слично за да и ти почуствуваш како се почуствувала личноста на кого си и направил/а добро/лошо .
Искрено верувам бидејќи кога сум направила нешто лошо ми се вратило.А,баш како што кажа ColorsOfTheRainbow сега чекам оние кои згрешиле да платат.
Karma is only a bitch if you are!!! Верувам во карма. Доброто со добро, лошото со лошо се враќа. Можеби не од истите личности, ниту пак во блиска иднина, но секој го добива тоа што го заслужил!
Тоа е и поентата. Се враќа суштината на стореното. Ако некој на пр. некого го згази кола, не значи автоматски дека во минатиот живот таа/тој исто згазиле со кола, туку дека евентуално таа/тој за да стигне на повисока позиција „згазиле„ некого уништувајќи му го животот, егзистенцијата и сл. а сторениот грев не бил благовремено исчистен преку спознавање, покајание, молење за прошка и простување.
Верувам во карма .Јас сум човек сум грешела и фино лепо ми се вратило тоа ... Е сега мене тие што ми згрешиле ќе чекам да си го платат долгот.
Карма ис а битч. Да точно е...ќе раскажам до кој степен знае да биде битч. Една моја добра пријателка мажена, си фати љубовник. Јас се скарав со неа демек да ја разубедам нешто бла бла...не е важно, да скратам, за после 2-3 месеци во еден неврзан разговор во друштво таа да праша, дали норлевото се опасни по здравје. И јас уште толку и се пуштив демек леле до кој степен стигнала во прељубата, норлево да пие... За после да ме стигне кармата и мене....да ми пукне кондом и да морам и јас да пијам норлево карма ис а блади битч
Верувам. Еве Ви мој личен пример. Имав другарка која ми беше скоро се, бевме неразделни 4 години, делевме се. И двете бевме сингл додека се дружевме и таа имаше момци кои и се удвараа и јас, но ниту една од нас во нив не гледаше идеална прилика, не чувстувавме љубов кон нив. Се се случи после 4 години која јас се запишав на факултет во друг град, а вооедно и фатив дечко прва. Девојката почна да љубомори, збеснуваше тие денови, ме гледаше со омраза, лажно глумеше задоволство дека е среќна што сум и јас среќна, заминав на студирање, не ми посака среќен почеток на студирање, не ми пиша порака како сум, не ми пишуваше на фејсбук, а јас се трудев, но залудно. Кога после 2 недели се вратив во мојот град и се видовме ми изнакажа грозни работи, како сум била ужасна, мене никој не ме сакал, као демек шуќур дечко сум напшла, као демек загреота сум и слично. Само ја гледав и ќутев, неможев да верувам што слушам и на крај собрав сила и само и реков. Јас каков таков најдов дечко се надевам дека и ти еден ден ќе најдеш барем половина од мојот и заминав. Е сега следува интересното, после година и нешто откако немам контакт со неа дознав дека нејзината сегашна најдобра другарка ја изневерува со дечкото кој го меркаше мојата екс другарка( а таа секако не знаела), и дека мојата екс другарка до ден денес е сингл, и со мн други лажни другарки како таа што ми била мене. Извинете на долгиов текст, ама сакав да Ви доловам.
Верувам во карма..сум ја осетила на своја кожа.. И јас имав една најдобра другарка прва си фати озбилен дечко,се дигаше во облаци колку ја сака,ми вртеше муабети као мене дечко ми не ме сака си игра мајтап со мене,а нејзе и е најдобро...за што после некое време оп,кругот се сврте,почнаа истите работи кои мене ми ги велеше да и се случуваат.Затоа јас секогаш велам,најпаметно е да си ќутиш,незнаеш што ќе те снајде утре.
Иако незнам точно во кој контекст го кажала феминката во СДК(=Сакам да кажам), можеби сосема несакајќи, даде многу добро објаснување за тоа што е всушност кармата. Цитирам: Имено, многумина кога станува збор за кармата тоа го поврзуваат со некаква награда и казна - но нема такво нешто туку само причини и последици.
Се чувствувам како да постојам на овој свет само за да зборувам за кармата. Не ја вадам од уста. И секогаш ја имам на ум. Затоа што знам како се врти тркалото. Ми дошла кармата и на мене, им дошла и на луѓето околу мене. Ретко кој се води спрема принципот „Не прави им го на другите тоа што не сакаш да ти го направат тебе“ и кој верува во карма, па после се чудат од каде им се случувале такви работи Епа велат дека лошите работи им се случуваат на добрите луѓе, ама во твојот случај беше карма
Верувам во карма и затоа на никој не му враќам, барем не со лошо. Сметам дека ќе си го добие заслуженото, дека кармата ќе му врати место мене. Не враќам ама затоа уживам кога кармата ќе си го направи своето.
Значи, ова го имам напишано пред едно 4-5 години. Видов дека некој лајкна, па да кажам дека не верувам во Карма. Верувам во Божја правда. Ако ми штетиш, можам и да не ти простам, па да патиш на оној свет, бидејќи ако ти прости Господ, можеби јас не можам, иако најдобро е така.