1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карма

Дискусија во 'Психологија' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    не веруам во карма (y)
     
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Има, има карма, постои таа поетска божја правда, доаѓа покасно како жена на журка, секогаш покасно, пострашно нешто здравје. Затоа ум в глава, секој човек греши ако не со друго со мисла, од не знаење и сл. но, има голема разлика и големи последици. Сe' се враќа се' се плаќа. Ние сме едно цело, фрлаш мало камче во вода бранови се прават надалеку.
     
    На Keiner, Glasna, m.i.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    А дали би го нарекла карма муабетот од стилот - оваа/овој плаќа бидејќи на времето неговите направиле грев??

    Зошто некој друг да плаќа за гревот на роднините???? Тоа ли е кармата ???
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Колку јас што се едуцирав едно време кармата во еден живот е спој од сопствените грешки во минатиот живот, од претците и сегашните грешки. Кармата е можност да се учи и надоградува душата. Колку е душата постара и возависност од патот кој го одбрала често има потешки премрежја и живот.
     
  5. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Значи сепак плаќаме за грешки на нашите претци, поблиски или подалечни.
    А од каде да знам јас колку ми е стара душата ??? оффффффффффф
     
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    ахаххаха не се замарај многу со ова животот е за живеење но, на правилен начин затоа и постои кармата ако застраниш да те потсети да осетиш како било во туѓа кожа и да не ти се повтори тоа пак. инаку старите души знаат ... прочитај ја Патот на душите ја има и на македонски во книжарница 3 ако не се лажам, ќе дознаеш за еден поинаков поглед кон целокупната цел и конструкција на животот.
     
  7. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    ќе ја побарам книгата баш, но знаеш кога нешто не ти оди во животот - постојано и постојано се сопнуваш на се истото, не оди бре работата - човек почнува да размислува каде погрешил? Кога ќе сфати дека нема погрешено, почнува а што ми се случува?? За кого плаќам јас гревови??

    Е ај не мисли, ај не се замарај
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Да знаеш колку пати сум се прашала истото, многу читав, многу прашував некогаш да дојдам до одговори, а имам еден карактер терсене кога ќе решам и запнам за нешто терам до крај па, што биде биде. После неколку години налетав и на таа книга, вреди да ја прочиташ. Нормални се твоиве прашања, човек по неколко обиди неуспешни ако сака да најде решение нормално е и во себе длабоко да погледне, а одговорот доаѓа, не знам за што се работи ама решението ќе дојде само треба да се погоди моментот, трпение.
     
  9. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Ме радува што не сум сама со прашањата, но не ме радува што нема одговор :)
    Трпелива сум, некогаш оптимист некогаш песимистички расположена.
    Си чекам, си чекам јас....трпеливо. Кога се борам, кога кревам раце, си викам ете можеби мојата судбина била таква.
    Но ајде, да видиме можеби ќе дојде и тој момент, можеби кармата ќе се смилува и крени раце од мене
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Тешко кармата да крене раце од тебе :) или ти од неа, тоа што мораш да го научиш мораш и крај, се додека не престанеш да паѓаш на испит, таква е шемата. Смени гоначинот а размислување, сврти нешто и ќе биде. Тука сме да уживаме во изгејсонцата, заоѓањето, дождот, снегот, цвеќето, се што те опкружува но, и да научиш тоа што си решила да совладаш пред да дојдеш на овој свет :) Life is short, live it ! но, не прави проблеми онаму каде не сакаш или не можеш да помогнеш, не се сити, не мисли и не прави она што твојата душа знае дека е погрешно независно од оправдувањата или целите, инаку ќе те стаса.
     
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Преубаво кажано, ти благодарам.
    Додека се мислев што да кажам, на ТВ моите гледаат некоја музичка емисија и слушам песна....“долазе нам боњи дани....“

    е ова ќе го сметам за некаков знак. Да пукни кармата - долазе нам (ми) бољи дани
     
    На XMaN, presiosaP и Outlook им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Не. Такво нешто е невозможно и би се косело со космичката праведност. Секој се соочува со последиците на сопствените грешки, освен ако правовремено не ги препознае и исчисти преку простување, молење за прошка и поправање на стореното/кажаното.

    Но од друга страна возможно е самите себе си да сме си биле некој предок. Па тоа што сме го направиле пред неколку века како чукун-прадедо, доаѓа до израз како последица денес а гледано по семејна линија сме пра-пра внук на тој некој а всушност се работи за една те иста душа. Душата имено може да се инкарнира таму каде што генетскиот материјал е ист или сличен со нејзините темни и светли страни. Тоа создава духовен магнетизам и душата бива привлечена од оне родители кои имаат гени соодветни на нејзиното духовно зрачење.
    Сите ние сме прбилижно души со иста старост. Староста на душата не влијае на кармата, туку дали таа душа доброволно се свртела кон духовен развој за да стане посветла, или стагнира или дури продолжува да тендира и да тоне кон поголема врзаност за материјата. Во преносна смисла на зборот има позаспани и поразбудени души.

    Не е битно колку инкарнации имаме зад себе, туку што правиме сега и тука во оваа! Околностите на нашата сегашна инкарнација воглавно се збир на една или повеќе претходни инкарнации. Нив ние не можеме да ги промениме бидејќи се изминати. Она што можеме да го промениме е сегашниот живот, во смисла што и како ќе одбереме од сега па натака да мислиме, зборуваме и постапуваме: добро, помалку добро или лошо.
    Секој има право да чита што сака, но тој наслов не го препорачувам за сериозно бидејќи нуди само делумен и релативно површен увид во знаењето за кармата и реинкарнацијата кој целосно не соодветствува на вистината. Таму информациите се базираат на иксуствата добиени преку хипноитчка регресотерапија (враќање во минатите инкарнации преку хипноза) што е од духовна точка на гледиште во старт погрешно.

    Попрво ги препорачувам книгите во издание на Универзален живот бидејќи информациите во нив се добиени од највисоките духовни сфери на вечното постоење. На пр. насловите: Реинкарнација: Еден дар на милост на животот - Каде оди патот на мојата душа?; Секој умира за себе самиот; Космичкиот часовник и мрежата на твојата кожа - твојата судбина лежи во твои раце; Лиобани - јас советувам - прифаќаш ли? (во прв ред наменета за деца и родители) Ова е Мојата Реч Алфа и Омега; и тн.
     
    Последна измена: 8 јануари 2016
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Можеби книгата се коси со некои духовни норми, не знам, ова е тема во која нормите ретко кој навистина ги знае. Ме заинтригира оној дел "сите сме исто стари души", како тоа ? популацијата денес и некогаш е далеку од сита, а камоли слична.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Нормите најдобро ги знае Бог. Затоа ги посочив насловите кои ги содржат божјите објави на таа тема.
    Популацијата на планетава нема ништо заедничко со староста на душите, туку со брзината на нивното реинкарнирање а кое може драстично да варира. Во последните децении популацијата се зголемува бидејќи душите чувствуваат дека можноста за нови отелотворувања за многумина се ближи кон крајот, бидејќи нивните души поради кармичките врзаности во иднина нема да можат да бидат опфатени од Земјината духовна гравитација, бидејќи планетата постепено станува духовно почиста и посветла.

    Материјалниот космос а потоа и човечките тела со можноста за реинкарнирање не постоеле отсекогаш туку се последица на отпаѓањето од духовниот космос кој се нарекува и Царство Небесно. Тоа се случило пред бројни милијарди години и во него биле опфатени огромен број души кој ја надминува актуелната Земјина популација.
     
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Интересно, не сум навлегла толку длабоко, всушност читав за душите барајќи нешто друго па,налетав и н кармата, а ова дел ми држи место, а како тоа планетава станува духовно почиста ? ова некако не поминува кај мене .
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Тоа е дел од една постепена но незапирлива духовна еволуција (поточно враќање кон вистинската Татковина) покрената пред 2000 години од страна на избавителот на сите луѓе и души - Христос, кој се инкарнирал како Исус од Назарет и направил пресвртница во збиднувањето на падот.

    Душите можат да отидат само таму каде што има слична вибрација, според космичкиот закон слично привлекува слично. Поради негатвиното дејствување на голем број луѓе и души (на пр. војни, убивање животни, загадување на природата и тн.) низ милениумите тоа се одразувало и врз вибрацијата на планетата Земја. Некогашните и сегашни негативни акции вродуваат со негативни реакции, меѓу другото и во форма на природни катастрофи. Тоа допринесува и кон тоа да одреден број души излетаат вон инкарнација. Значи тие не можат негативно да дејствуваат повеќе како луѓе. Многумина се обидуваат да се вратат - реинкарнираат. Постепено меѓутоа се прочистува и издига вибрацијата на Земјата па така еден ден во иднина, нивното враќање нема да биде возможно бидејќи нема да има слична вибрација да ги привлече. Ќе можат да се инкарнираат само духовно почисти души, души кои имаат повисоки етички и морални идеали и според иститие и живеат, души кои се за мир и единство со природните царства а не против нив.
     
    На theowndemon и m.i.g им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Благодарам, ќе земам и јас некој од насловите што ги препорача да не поставувам прашања, занимлива ми е темата.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Инстант карма :D

    karma-is-a-bitch0cat.gif
     
    На Tanjamm, feminka321, ssweety и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Monica*

    Monica* Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Верувам и тоа како у карма се што можам да кажам е Karma is sweet bitch се појавува од некаде и ти враќа за се. Јас бев таа срцекршачката која за ништо не се замараше уживаше у животот no depre, no showing emotions но, ете се појави он ко гром од ведро небо и ми наплати за се и то али ипак живот иде даље не губам време да тагувам да се затварам и да не искачам море се облакаш искачаш со друштво добро музиче , винце. Сакам да кажам дека се што правиш ти се враќа т.е ШТО ЌЕ ПОСЕЕШ ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ.
    Затоа пред да повредите некој помислете дека и вие имате срце и стајте се на негово место као би било коа некој тебе би те повредил од мене толку , фала чао пријатно :D
    Have a nice weekend folks :*
     
    На The.Marilyn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Верувам во посебна Карма, која ја создаваме ден за ден. Слушајќи го својот внатрешен глас.
    Не верувам во коанот "Прави добро, за да ти се врате со добро"...
    Сметам дека добро треба да правиш, без очекување за истото да се врати.

    А Karma is a bitch...офтика:yawn:. Тоа што сте лути на светот, нема врска со кармата.
    На крај краева, "добрата" и "лошата" карма не се купува и не се наследува ...туку се живее, барем така треба. Karma is a bitch only if you are.|(
    На нас е оставено да ја донесеме конечната одлука, дали ќе живееме во пријателски универзум или во непријателски.Дали ќе одиме контра природата или ќе се препуштиме...
    Јас сум за првото, а таа енергија е магична. Па нека тече природно, периодично од рака.:)


    @daylight велиш "бидејќи планетата постепено станува духовно почиста и посветла", дали сметаш дека постои еден вид на колективно будење во последно време ?
     
    Последна измена: 24 јануари 2016